Промовирани огласи »

Јана Бурческа е девојката која ќе не претставува во Киев оваа година на Евровизија 2017.

Насловот на песната е Dance alone.

Двете полуфинални вечери ќе се одржат на 9-ти и 11-ти мај, а големото финале на 13-ти мај.

Ваше е да дадете коментар дали ви се допаѓа и дали конечно ќе освоиме високо место.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Оваа година на пазарот треба да се појави јубилејниот смартфон на Apple. Очекувањата за уредот се големи, а гласините околу него стануваат се повеќе.

Тие вклучуваат извиткан OLED екран, двојна камера и безжично полнење.

Најнови информации за новиот iPhone дојдоа од јапонскиот сајт Macotakara. Според публикација во него уредот нема да го носи името iPhone 8, како што се мислеше, туку iPhone Edition.

Истото име беше користено за луксузната верзија на смарт часовникот на компанијата Apple Watch Edition, кој се продава по цена од над 10 000 долари и е изработена од 18-каратно злато.

Веројатно изборот на името не е случаен. Аналитичарите сметаат дека моделот по повод 10-годишнината од излегувањето на смартфоните на пазарот, ќе биде повеќе од обичен iPhone и поради тоа најверојатно ќе има повисока цена – околу 1.000 долари.

Други, пак, стравуваат дека тој ќе дебитира подоцна од септември, кога од Apple ќе се организираат традиционални настани, на кои се презентираат новите уреди.

Промовирани огласи »

Италијанскиот сенат усвои закон со кој на најсиромашните семејства ќе им се исплаќаат по 500 евра месечно.

За оваа намена ќе бидат потрошени 1.6 милијарди евра во 2017 година. Оваа сума ќе порасне на 1.8 милијарди евра во 2018 година.

Властите велат дека ова е начин да им се помогне на оние кои имаат потешкотии, а мерката ќе биде не само за болните и хендикепираните, туку и за другите загрозени граѓани.

Ваква помош ќе добијат 400.000 семејства или 1.8 милиони луѓе.

Во следните месеци ќе се прецизираат критериумите за тоа кој се ќе има право на оваа помош.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »