Промовирани огласи »

Десетина дена откако Motorola Moto G5 беше претставен на MWC 2017 во Барселона стартува и европскиот пласман на допадливиот и пристапен смартфон кој ќе чини 199 евра, барем таа е цената за онлајн нарачка во земји како Холандија и Германија.

Moto G5 располага со 5 инчен Full HD 1080p дисплеј, 13 MP главна камера, 5 MP селфи камера, работи со Snapdragon 430 процесор, 2 GB RAM, 16 GB основна меморија со слот за microSD, има батерија со капацитет од 2800 mAh со најнов софтвер со Android 7.0 Nougat системот. Moto G5 наскоро ќе биде лансиран и во остатокот од стариот континент.

Промовирани огласи »

Последната недела во март започнува летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење.

Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври.

Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.

Промовирани огласи »

Mark Zuckerberg на Фејсбук објави дека го очекува своето второ дете со својата сакана жена Присила.

Парот своето прво дете, Макс, го доби во 2015-та година после 3 спонтани абортуси.

Ова е неговата објава на FB:

Присила и јас сме среќни да споделиме дека очекуваме уште едно бебе!

После тешките искуства кои ги имавме додека ја добиеме Макс, не бевме сигурни дали да очекуваме дека ќе добиеме второ дете. Кога Присила и јас откривме дека таа е повторно бремена, прво се надевавме дека детето ќе биде здраво. Следно, се надевавме дека ќе биде девојче. Не може да ми текне да поголем подарок од тоа Макс да има сестра и среќен сум што Макс и новото дете ќе се имаат себеси една за друга.

Пораснав со три сестри и тие ме научија да учам од паметни, силни жени. Не ми беа само сестри, туку и најдобри пријателки. Напишаа книги, одлични се во своите настапи, музика, спорт, готвење и нивните кариери. Ми покажаа како да се натпреваруваме и сè уште да се смееме после тоа.

Присила порасна со две сестри и тие ја научија на важноста на семејството, грижењето за другите и напорната работа. Се подржуваа една со друга како студентки и во нивните напредувања со кариерата во медицина и бизнис. Имаат многу заеднички шеги - такви какви што само сестри може да ги разберат.

Сите ние сме посилни заради силните жени во нашите животи - сестрите, мајките и пријателките. Едвај чекаме да му кажеме добредојде на малечкото и да направме што е можно повеќе за да израснеме силна жена.

Промовирани огласи »

Дополнителните 30 милиони евра помош за санирање на последиците од бегалската криза во Западен Балкан, што ги одобри вчера Европската унија, треба да се користат за потребите за управување на границите и бранот мигранти, за обезбедување сместување и услуги за мигрантите и бегалците, како и за поддршка на локалните заедници.

Од Европската комисија наведоа дека овие средства се одобрени покрај 59-те милиони евра кои веќе се доделени на Македонија и на Србија од почетокот на мигрантската криза во 2015 година.

– Одобрениот пакет ќе помогне во понатамошно подобрување со управувачките капацитети кога се во прашање границите и миграцијата во регионот. Ќе овозможат продолжување на поддршката на пограничната полиција со цел контролата на границите да се спроведува со согласност со европските стандарди и со цел запирање на криумчарењето на луѓе. Средствата ќе обезбедат понатамошна поддршка за тие кои се одговорни за обезбедување на основните потреби на мигрантите и бегалците, како што е сместувањето, здравствените услуги, но и заштита, посебно на ранливите групи, се наведува во соопштението на ЕК.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »