Промовирани огласи »

Дали имате проблеми со концентрацијата? Таа ситуација не е воопшто корисна, посебно кога Ве чекаат бројни работни обврски. Но, постои трик кој за 40 секунди ќе Ви ја врати концентрацијата, по кој одлично ќе функционирате на работното место.

Сè што треба да направите е да отидете до најблискиот прозорец, да пронајдете дрво, парк или ливада и да гледате во нив некое време. Имено, едно истражување на универзитетот во Мелбурн тврди дека гледањето во зеленило може да ја подобри концентрацијата. Друга позитивна работа е тоа што не мора да правите голема пауза од работењето – и 40 секунди гледање во зеленило се доволни.

Научниците, со ова истражување уште еднаш ја потврдија важноста од правењето на кратки паузи на работа, посебно во ситуации кога сме под стрес и кога чувствуваме ментална презаситеност.


Луѓето бараат природа кога се под стрес. Тоа функционира на ист начин и кога сме презаситени со работата, бидејќи гледањето во природата може да помогне успешно да го одработиме денот кој нѝ претстои – вели др. Kate Lee, која е одговорна за истражувањето.

Ако во близина на Вашето работно место нема зеленило, во ова ќе Ви помогне и гледањето во собна билка, па дури и гледање низ прозорец, без обѕир на погледот кој го имате. Самата изложеност на природно светло може да ја подобри фокусираноста и општо – квалитетот на животот.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за празници на Република Македонија ова се неработните денови за 2017 година кои ни останаа:

За сите граѓани на РМ
17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
1 Мај (понеделник), Ден на Трудот
24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам
2 Август (среда), Ден на Републиката
8 Септември (петок), Ден на независноста
11 Октомври (среда), Ден на народното востание
23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба
8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”
***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
 
За граѓаните од православна вероисповед
 
6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
19 Јануари (четврток), Богојавление (Водици)
14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
1 јуни (четврток), Духовден, петок пред Духовден
28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)


За граѓаните од католичка вероисповед
 
17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
1 Ноември (среда), Празникот на сите светци
25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик


За граѓаните од муслиманска  вероисповед
 
2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
 
22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
 
27 Јануари (петок), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
 
8 Април (сабота), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
 
23 Мај (вторник), Национален ден на Власите


За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
 
30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
 
28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
 
21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Јана Бурческа е девојката која ќе не претставува во Киев оваа година на Евровизија 2017.

Насловот на песната е Dance alone.

Двете полуфинални вечери ќе се одржат на 9-ти и 11-ти мај, а големото финале на 13-ти мај.

Ваше е да дадете коментар дали ви се допаѓа и дали конечно ќе освоиме високо место.

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »