Промовирани огласи »

ЗЕГИН го проширува својот тим со:

КРЕДИСИМО го продолжува нивниот брз развој и бара АГЕНТ ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ да се приклучи на нивниот млад и талентиран тим: https://kariera.mk/job/Scq1qkesCU6awxzUiMC0Nw/agent-za-naplata-na-dolgovi

Минимална плата 16.000 денари со можност за остварување бонуси во зависност од работна успешност до нето износ од 30.000 денари за работа како ПРОДАВАЧ во PANDORA: https://kariera.mk/job/HfSiYbqXz0qmJNBTjhLK-g/prodavach

ДИЈАМАНТ93 во моментов имаат 2 отворени работни позиции за ДИСТРИБУТЕР СО Б КАТЕГОРИЈА и МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК: https://kariera.mk/job/OOsWf8WZvkifxG7oRXOyoA/distributer-i-magacinski-rabotnik

ГЕОПРОМ има потреба од МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК: https://kariera.mk/job/hnw4PU0ExkOv_pMXMdYQIA/medicinski-pretstavnik

Промовирани огласи »

Владата ја усвои Информацијата за склучување Договори за доделување финансиска поддршка на 170 компании, вклучувајќи и компании од трговско-индустриските зони и една од дијаспората, преку програмите на Планот за економски раст.

За оваа финансиска поддршка евалуирани се реализираните инвестиции за 2018 година, а се однесува за инвестициски вложувања за набавка на нови машини и опрема и за инвестиции во објекти и земјиште.

Финансиската поддршка од оваа програма преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, се доделува за реализирани почетни или дополнителни инвестиции неопходни за дејноста, до 10% од реализираната инвестиција, и не повеќе од 1.000.000 евра. Средствата за оваа намена се предвидени во Буџетот за 2019 година.

Вкупната вредност на инвестициите во овие 170 компании изнесува 230 милиони евра, со што се отвораат 4.577 нови работни места, од кои во 2018 година се веќе вработени 2.117 лица.

Промовирани огласи »

Challenger е првата македонска мобилна апликација која сака да направи регионален импакт преку наградување на луѓето затоа што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици.  Секој поминат километар пешки или на велосипед - се брои и вреднува. Колку повеќе зелени километри, толку повеќе Challenger поени кои подоцна носат попусти и награди во локалните бизниси. Дополнително Challenger поставува предизвици и со нивно успешно исполнување, корисниците ќе можат да добијат директни награди.

Позади апликацијата стои млад тим на ентузијасти: Теодора, Стефан, Олга и Митко, кои воедно се основачи и на компанијата GreenIT.

Живееме во најзагадениот град во Европа, а полека се движиме кон сезоната кога започнува најголемото загадување. Бидејќи сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аеро загадувањето, решивме ние на свој начин да придонесеме кон решавање на проблемот. Така и ја создадовме Challenger., велат тие.

Во иднина Challenger треба да прерарасне во алатка која ќе допринесува на формирање про-активни заедници низ целиот Балкан па и пошироко.

Ние ја гледаме Challenger како алатка која може да позитивно да ги промени навиките на луѓето во нашиот град. На почетокот сакаме да влијаеме на навиките за одбирање на транспортно средство на луѓето. Односно, сакаме тие почесто да се откажуваат од својот автомобил и повеќе да посегнуваат кон своите велосипеди, пешачење или пак да користат јавен превоз, со цел да допринесеме за намалување на аерозагадувањето, велат креаторите на апликацијата.

Една од промените која треба да ги донесе апликацијата е намалување на сообраќајниот метеж.

Скопје е мал град, и веруваме дека навистина не е потребно баш секаде да се оди со автомобил. Со една реченица сакаме Challenger да биде апликација која ќе ги предизвикува луѓето да бидат носители на промените во своето опкружување, додаваат од GreenIT.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ја соопшти својата одлука во врска со цените на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Имено цените на горивата остануваат исти, освен цената на ЕУРОСУПЕР-95 која се намали за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин чини 67,5 денари за литар.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата останаа исти. Еден литар 98-октански бензин чини 70.00 денари, додека еден литар дизел чини 62.00 денари.

За еден денар е намалено екстра лесното масло, кое сега се продава 50,5 денари по литар.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »