Дизелот поскапува, a бензините остануваат со иста цена.
Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ расте за половина денар, а бензините ќе се продаваат по иста цена. Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Дизелот ќе се продава по цена од 61,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 50,5 денари за литар.
Еуросупер БС-95 и неделава ќе чини 68,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се покачува за 0,229 ден/кг во однос на претходно утврдената цена, и веќе од утре ќе чини 33,186 ден/кг.
Од Регулаторната комисија за енергетика соопштуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светскиот пазар имаат намалување кај бензинот во просек за околу 0,70 проценти, а кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,23 проценти и кај Екстра лесното масло за околу 0,76 проценти.