Промовирани огласи »

Наместо акциза, од стартот на идната година ќе се плаќа данок на моторни возила. А тој данок ќе биде повисок за автомобилите кои повеќе загадуваат, односно имаат пониски еколошки стандарди. 

До крајот на годинава во Собранието треба да биде изгласан Законот за данок на моторни возила. 

Со овој закон се предвидува дека висината на данокот ќе зависи од годината на производство на возилото и неговата набавна цена, како и од тоа колкава емисија на јаглерд диоксид испушта во околината. Врз данокот влијание ќе има и видот на гориво што го користат автомобилите. 

Колкав данок кои возила ќе плаќаат треба да се разјасни откако Царината ќе го донесе  новиот правилник, кој е најавен за по донесувањето на законот во Собранието. 

„Данокот на моторните возила се пресметува врз основа на податокот за износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – СО2 изразен во грам по километар, податокот за износот на 1 грам јаглерод диоксид – СО2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото искажан во денари, податокот за продажната вредност на возилото без вкучен данок на додадена вредност или при увоз податокот за цариската вредност на возилото утврдена согласно царинскте прописи“, се вели во предложеното законско решение. 

Новиот правилник треба да стапи во сила од 1 јануари 2020 година. Во своето гостување во емисијата „Економски магазин“, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, изјави дека промената на цените на возилата не се очекува да се почувствува во првата година, туку процесот ќе се одвива постепено.

Според Танасоски, новиот закон се однесува на увозот на нови и на половни возила. Со него, покрај повисоки давачки за поголемите ослободувачи на јаглероден моноксид, ќе има бенефиции за возилата што емитуваат помали концентрации на СО2.

„Она што е добро, со овој закон се исправаа одредени неправди, да речам, во два аспекта. Во контекст на ослободувањето, каде што имаме ослободување на возилата кои се користат за прва помош, на оние кои се користат за превоз на починати лица, ја стимулираме набавката на нови возила за такси превоз, каде што се предвидува да се враќа данокот на моторни возила 25 отсто, додека за возилата со број на седишта 7+1 и 8+1 кои се користат за такси превоз и за превоз во претпријатијата ќе се враќа до 80 отсто од данокот. Електричните возила од сите категории се ослободени од данок“, изјави Танасоски.

Согласно новиот закон, хибридните возила се ослободуваат до 50 проценти од данокот.

А со овој закон главната цел на Владата е да се дестимулира увозот на половни возила со ниски еколошки стандарди, и со тоа да се води борба против аерозагадувањето. Во изминативе 10 години во земјава биле увезени над 300 илјади половни автомобили. 

Промовирани огласи »

Грант Торнтон има потреба од ПРАВЕН СОВЕТНИК - АДВОКАТ: https://kariera.mk/job/CtUb8PMadEadcmE5nQYsAA/praven-sovetnik-advokat

Нето плата 60.000 денари за работа како МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР во НЈСК Холдинг: https://kariera.mk/job/JwFMpYh2o0K2TRqC-gf6Mg/mashinski-inzhener

Artigum GmbH е компанија за вработување и регрутира медицински сестри од различни земји за клиенти во Германија. Има отворено работно место за ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ: https://kariera.mk/job/mzp7uFemj0GgDC2Dq4En2Q/finansiski-asistent

Термалифт, водечка компанија во Македонија за продажба, изнајмување и сервис на нови и репарирани вилушкари и подвижни платформи има потреба од ФАРБАР / АВТО ЛАКЕР: https://kariera.mk/job/T5wIXL5wi0-e6VEufB7RXQ/farbar-avto-laker

Компанијата Раде Кончар - Контактори и релеи има потреба од КОМЕРЦИЈАЛИСТ со средно образование за работно место - продажба на домашен пазар: https://kariera.mk/job/YJ60d8cn20qi9qAXjVLoag/vrabotuvanje-na-komercijalist

Промовирани огласи »

Копирање и недостаток на податоци на профилот ќе остави лош впечаток за Вас, кога ќе се обидете да градите конекции на LinkedIn. При што, бројот на профили на LinkedIN се приближува до милијарда, да се истакнете е од суштинско значење. Повелете пет трикови кои ќе ви дадат предност во овој преполн, но витален дигитален простор, пренесува KARIERA.mk.

1. ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА НАСЛОВ

Вашиот наслов е еден од најважните аспекти во профилот на LinkedIn. Зошто? Неговата улога е да привлече внимание и да ги натера посетителите да сакаат да знаат повеќе за Вас. Сепак, предизвик е што во овој елемент LinkedIn ви дава само 120 карактери за привлекување гледачи (ако користите десктоп верзија на LinkedIn за да креирате или ажурирате наслов). Но, кога користите мобилна апликација, добивате двојно повеќе простор за пишување на овие клучни зборови. Така е, наместо 120 карактери, добивате 240 на апликацијата, пренесува KARIERA.MK.

2. ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШЕТО РЕЗИМЕ

Во повеќето резимеа, луѓето започнуваат со: “Јас сум директор за маркетинг за...”. Прво, веќе сте воспоставиле важност со вашиот наслов - јасно треба да ја наведете вашата моментална улога и компанија. Не трошете простор повторувајќи го истото. Второ, не правете ништо за да натерате некој да сака да знае повеќе за вас ако вашето резиме се фокусира на насловот за работното место. Најновата верзија на LinkedIN, на посетителите им ги покажува само првите две или три реда од вашето резиме. Посетителот треба да кликне на „види повеќе“ за да ја добие целата приказна. Затоа, прескокнете ги ингеренциите и започнете го вашето “About Me” со нешто интересно, провокативно или интригантно, пренесува KARIERA.mk.

3. СТАВЕТЕ ПРИОРИТЕТ НА СЛИКИТЕ

Луѓето ги гледаат вашите мултимедијални постови повеќе од вашиот текст. Ако сакате да влијаете врз луѓето што Ве прегледуваат, воспоставете мултимедијална стратегија за Вашиот профил. Направете го тоа на овие два начина:

  • Додадете слики во “About Me”
  • Заменете ја здодевната сина стандардна позадина со слика што ја изразува вашата работа, пренесува KARIERA.mk

4. ПИШУВАЈТЕ СТАТИИ

Прво, тоа покажува дека имате нешто да кажете. Користете го за да го покажете она по што сакате да бидете познати. Второ, одлично се одликува на вашиот профил - тоа е четврто поле за содржина - пред Вашето искуство, пренесува KARIERA.mk. И насловот и сликата се видливи, дури и ако луѓето не кликнат на него, тоа го прави Вашиот профил да изгледа различен, додавајќи визуелна привлечност.

5. "ВОДЕТЕ" СО ВАШИТЕ НАЈВАЖНИ ВЕШТИНИ

Кога некој ќе го провери Вашиот профил, тие ги гледаат само првите три вештини за кои сте добиле најмногу одобренија. Треба да бидете сигурни дека во Вашите топ три вештини стојат тие што се одбрани според овие два критериуми: Вие ги поседувате тие вештини, тие Ви помагаат да Ве позиционираат за она што е следно. Тоа значи дека тие треба да бидат автентични, пренесува KARIERA.mk. Затоа, погледнете го Вашиот профил и поставете го ова прашање: Дали моите три одлични вештини се оние што ќе ми бидат најкорисни? Ако одговорот на тоа прашање e не, не грижете се. KARIERA.mk Ви пренесува трик. Кога сте во делот уредување во LinkedIn, можете да го промените редоследот на Вашите одобренија, така што најважните вештини ќе се појават одозгора. Само отидете во делот за уредување, кликнете на иконата со молив во делот за вештини, а потоа ќе видите три хоризонтални линии десно од секоја вештина. Преуредете ги, така да водите со оние што ќе Ви бидат најкорисни, пренесува KARIERA.mk.

Овие пет совети ќе имаат големо влијание врз моќноста на Вашиот профил - без да имате негативно влијание врз Вашето време и енергија.

Промовирани огласи »

На само 20 дена пред истекот на законската обврска на работодавачите да исплатат К15, работничките здруженија со се погласни реакции за манипулациите што ги прават некои газди за да се „спасат“ од обврската за регресот.

„Ова сега е експлоатација, неевидентирана и неплатена во најголем број од фирмите. Зголемен обем на работа е нешто најглупаво и манипулативно што може да се измисли и стави во закон. Кој одредува колку е зголемен обемот на работа, газдата? Нив се им е малку. И да се направи статистика , ако толку им е зголемен обемот на работа, да си вработат луѓе, а не еден да им работи за четворица“, напиша Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ на својот фејсбук профил. 

Таа за Фактор вели дека и во сегашниот Закон за работни односи и колективниот договор за приватниот сектор од областа на стопанството, стои и е определено во кои случаи работодавачот може да наложи прекувремена работа. 

„Обично во овој сектор каде работиме ние, работодавачите пријавуваат прекувремена работа поради зголемен обем на работа. Меѓутоа, често пати ниту пријавуваат, ниту ги евидентираат тие прекувремени часови, што значи не ги ни плаќаат. Инаку, не смеат да изнесуваат повеќе од 190 часа годишно. Значи тие имаат зголемен обем на работа, а на крајот на годината пријавуваат загуба за да не исплатат К15“, ја објаснува Ампева манипулацијата.

Според неа, ова се прашања кои лебдат во воздух и никој не се чувствува повикан да одговори. 

„Работниците и работничките се сведоци дека газдите живеат на висока нога, купуваат џипови пред крајот на годината, а исплаќаат К15 во износ од 2.000 или 3.000 денари“, нагласува Ампева.

Проблемот, според неа, произлегува што во колективниот договор стои дека фирмите кои имале економско финансиски потешкотии, можат да исплатат помала сума за регрес за годишен одмор. Но, која е помалата сума, не е прецизирано.

„Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор. Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците“, вели Ампева. 

Таа нагласува дека работничките здруженија и синдикати овој проблем го гледале со години, но на него не можеле да делуваат. 

„Е сега, Упрацата за јавни приходи треба да даде одговор како тоа фирмите пријавуваат загуба, а купуваат џипови“, вели Ампева од „Гласен текстилец“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »