Промовирани огласи »

Постои едно непишано правило, во кое сите момчиња додека се деца си играат со колички. Има некои кои возат колички на акумулатор, но ретки се децата кои на мали години возат картинг и тоа на само 7 години.

Такво момче е Христо Ковачи, второодделенецот од ООУ „Блаже Конески“. Приказната на оваа млада надеж и картингот започнува од едно рекреативно возење на картингот во „Борис Трајковски“. Таткото на Христо, Аргир вели дека следната посета траела скоро цел ден и неколкуте кругови постојано се повторувале.

Целиот текст читајте го на Хаштаг.мк овде.

Промовирани огласи »

Владата тргна во потрага по пари за изградбата на новиот Клинички центар, кој ќе чини околу 500 милиони евра. Банката за развој при Советот на Европа, како и Европската инвестициона банка се меѓународните финансиски институции од кои се планира да се земат заемите. 

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за финансирање на изградбата на Универзитетски клинички центар на гринфилд локација во Скопје со заеми од Банката за развој при Советот на Европа и Европската инвестициона банка и го задолжи Министерството за финансии да достави известување до Банката за развој при Советот на Европа и Европската инвестициона банка дека Владата е подготвена во соработка со двете банки и да ги преземе сите потребни активности за исполнување на нивните предуслови за Проектот за изградба на Универзитетски клинички центар во Скопје, се вели во соопштението од владината седница.

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека опциите за финансирање ги разгледуваат во Министерството за финансии и таму преговараат со потенцијалните финансиери. Додека, пак, од Министерството за здравство го димензионираат процесот во смисла на потребните капацитети, кревети, опрема, проток на пациенти. 

Иако звучи голема сумата, мислам дека тоа е една од најдобрите инвестиции што ќе се направи во нашиот здравствен систем , а тоа ќе ја покрене и економијата. Но само таков модерен објект е вистинска инвестиција за нашите пациенти. Треба да им служи за следните години, за следните децении. Таков стандард на услуги не можеме да постигнеме со доградување и реновирање. Се знае каков е стандардот и какви се болниците во светот, рече Филипче.

Тој тогаш нагласи дека фазата на евалуација е завршена, па останати се две компании германската Vamed и француската Bouygues construction. 

Во општината Ѓорче Петров треба да се стартува со локалните работи, пристапен пат, струја вода, локална инфраструктура.

Промовирани огласи »

Вкупно 8.000 фирми досега побарале субвенции од државата за да може да исплаќаат поголеми плати на 45 илјади вработени, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. 

Според неа, 1.300 работодавачи за 47.000 вработени се уште не го оствариле ова право од технички причини.

За октомври и ноември фирмите треба да добијат 58 милиони денари за да може да исплатат поголеми плати, а за декември ќе се знае до крајот на годината.

Владата донесе Закон за субвенционирање придонеси за покачување плати на вработените од 600 до 6.000 денари. Работодавачите што ќе им ја зголемат платата на вработените ќе добијат поддршка во форма на субвенционирање на здравствените и социјалните придонеси, за износот на покачувањето. Субвенционирањето е дел од мерките за економски развој и за задржување на вработените во земјата.

Промовирани огласи »

Аерозагадувањето убива во земјите од Западен Балкан. 

Секоја година околу 5.000 луѓе од регионот умираат прерано поради последиците по здравјето, предизвикани од  загадувањето на воздухот. 

На удар се жителите на 19 градови во регионот. 

На граѓаните поради аерозагадуваето животот им се скратува во просек по 1,3 година. 

Сараево, Белград и Скопје важат за најзагадени градови во светот. 

Тие уриваат рекорди со присуството на ПМ честички во воздухот. 

Вчера ВМРО-ДПМНЕ побара да се прогласи вонредна состојба. 

„Ова не е магла, ова не е само загаден воздух, ова е гасна комора“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Партијата побара Владата во координација со Град Скопје да прогласи вонредна состојба, и да се преземат вонредни мерки за заштита во училиштата, институциите и градилиштата.

Скопје и Македонија вчера беа покриени со магла, беа откажани летови, а АМСМ препорача внимателно возење. 

Белград и денеска е 8-от најзагаден град во светот. 

Во Македонија Битола моментално води со аерозагадувањето, а зад неа се Струмица и Тетово. 

Интересно е што деновиве и Охрид беше рангиран како најзагаден македонски град. 

Загадениот воздух е штетен за сите категории на граѓани, но посебно за хронично болните, трудниците, децата. 

foto ozonpres

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »