Промовирани огласи »

Поразителна е статистиката која вечерва ја објави еминентниот економски магазин „Економист“, според која нашата земја се наоѓа на третото место во светот според стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години.

Само Јужна Африка со стапка на невработеност кај младите од 52,9 отсто и Босна и Херцеговина со 46,7 отсто се пред Македонија во поразителната статистика која ја објавува „Економист“. Македонија е трета во светот со стапка на невработеност од енормни 44,7 проценти.

До десетото место следат Намибија, Свазиленд, Газа, Либија, Грција, Јордан и Боцвана, кои котираат подобро од Македонија на листата на „Економист“.

Од земјите од регионот, Србија е позиционирана далеку подобро од Македонија, односно е 16 места подобра, на 19-тото место со стапка на невработеност кај младите од 32,1 отсто. Албанија е 21-ва со 31 отсто, Црна Гора 26-та со 29,1 отсто, Хрватска 34-та со 25,5 отсто.

Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.

Промовирани огласи »

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека со 600 илјади садници багрем се пошумени косините на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип со цел да се обезбеди стабилизација и заштита од ерозија, односно лизгање на земјиште.

Станува збор за површина од 30 хектари долж автопатот од 47 километри, кој беше пуштен во употреба во јуни годинава. Багремите требаше да се садат минатата недела, но невремето го одложи настанот. За пошумувањето, што стартуваше есенва, се реализира со 13 милиони денари.

На останатите, мал број површини со косини, кои е невозможно да се пошумат, односно пошумувањето нема да го даде посакуваниот ефект на стабилизација и заштита од ерозија, со посебен проект ќе се предвидат дополнителни инженерски мерки, како хидрозатревнување, ублажување косини и формирање берми, санација на свлекувања, поставување геонет, жичени мрежи и слично, кои ќе продолжиме да ги спроведуваме во следната година, велат за МИА од ЈПДП.

Промовирани огласи »

Град Скопје преку својата официјална Фејсбук страна ги повика жителите в сабота на Винтерленд, на Плоштад Македонија да дојдат во што поголем број за да го срушат најголемиот Гинисов рекорд на новогодишна елка создадена од луѓе!

- Споделете и дојдете на Винтерленд во сабота (21.12) во 13 часот да го сместиме Скопје на светската Guinness мапа, апелираат од градкста управа.

(Фото - Скопјеинфо)

Промовирани огласи »

Барањето може да го поднесете лично со што постапката би била подолга, сложена и веројатноста да бидете одбиени е поголема или пак да дозволите Compansair да ја води постапката што би значело дека можноста да успее истата е многу поголема. 

Република Македонија го има усогласено своето национално законодавство со правото на Европската унија кое се однесува на заштита на патничките права во воздушниот сообраќај односно со Регулативата на Советот и Европскиот Парламент (ЕЗ) 261/2004 за заштита на правата на патниците односно утврдување на заеднички правила за обесштетување и помош на патниците во случај на забранет влез на патниците во воздухоплов, откажување на лет или големо доцнење на нивните летови.

Оваа регулатива е преземена со Мултилатералната спогодба за формирање Европска заедничка воздухопловна област (ЕЗВО/ЕСАА) која е објавена во Службен весник на Република Македонија 27/2007 и 98/09 и е транспонирана во Законот за облигациони и стварно правни односи во воздушниот сообраќај (Службен весник на РМ 85/08; 148/2011; 10/2015; 150/2015; 173/2015).

Согласно преземената европска Регулатива (ЕЗ) 261/2004 авиопревозниците имаат законска обврска да ве информираат за вашите права во случај на забранет влез во воздухоплов, откажување на лет или големо доцнење на летот.

Патниците кои веруваат дека имаат валидна жалба против авиокомпанија во однос на забранет влез во воздухоплов, откажување на лет, големо доцнење на даден лет или сместување во пониска класа, прво треба таквата жалба да ја поднесат до авиокомпанијата што оперирала со тој лет. Поднесувањето на жалбата може да биде лично или да дозволите Compansair да ја води постапката за вас. 

Во согласност со Регулативата на ЕУ 261/2004, еден патник има право на 250-600 евра обештетување во случај на:

• Одложување на летот повеќе од 3 часа

• Откажување на летот

• Одбиено влегување во авионот поради пребукираност

• Пропуштенa конекција како резултат на задоцнување на првиот лет (пристигнавте на вашата дестинација повеќе од 3 часа подоцна од планираното)

Начини за поднесување барање за отштета

Постојат два начина да го поднесете вашето барање до авиокомпанија:  можете самостојно да се вклучите во постапката на побарување или да дозволите Compansair да ја води постапката за вас со пополнување на едноставниот формулар. 

Ако одлучите да продолжите сами, ќе ви треба следново:

Подготовка на барање со придружни докази и потребни документи;

Поднесување на барање за начинот на кој бара авиокомпанијата (онлајн форма, факс, е-пошта, итн.);

Чекање одговор (може да потрае неколку месеци);

Правен одговор доколку компанијата го одбива или ингорира вашето барање.

Во случај на неоправдано одбивање или незнаење, ќе треба да аплицирате до надлежните органи за заштита на правата на потрошувачите од земјата на поаѓање.

Доколку дозволите Compansair да ја води постапката за вас, таа би траела подолго, ризикот за одбивање е помал и вие тековно сте информирани за фазата во која се наоѓа вашата постапка.

За повеќе инормации околу можност Compansair да ја води постапката за вас може да погледнете на следниот линк.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »