Промовирани огласи »

Со закон таткото да мора да оди 3 месеци на породилно отсуство. Невладиниот сектор повеќе од 10 години бара да биде поделено правото на родителите да отсуствуваат од работа кога ќе им се роди дете. Сметате ли дека и мажите треба да се врзат со домот и семејството на овој начин?

Во Македонија иако полека, расте бројот на татковци што наместо мајките ја користат можноста за платено отсуство од работа кога ќе се роди бебе, популарно познато како породилно боледување.

Таткото може да оди на боледувањето наместо мајката само доколку во моментот на породувањето ги исполнувал условите, односно да има шест месеци непрекинат работен стаж. Според правила, таткото може да земе платено боледување само по 45-тиот ден од раѓањето на бебето. Имено, во Законот за работни односи е определено дека работничка што користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство може да се врати на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред 45 дена од денот на раѓање на детето.

Промовирани огласи »

Том Таилор го проширува својот тим со АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА ВО СИТИ МОЛ И КАПИТОЛ МОЛ: https://kariera.mk/job/MQFxcECJO0epb0VIgmLdzA/asistent-vo-prodazhba-vo-siti-mol-i-kapitol-mol

Елнос Груп е меѓународна компанија во областа на електроенергетиката и има потреба од ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР / ЕЛЕКТРИЧАР: https://kariera.mk/job/dCKOQ-rz5Eq46CXgJVEqHA/elektrotehnichar-elektrichar

Vox Teneo со 3 отворени работни места за:

Knauf има потреба од ИНСТРУКТОР - ДЕМОНСТРАТОР ЗА СУВА ГРАДБА: https://kariera.mk/job/4lY3V8Zh7UynwvDyb0jUqw/instruktor-demonstrator-za-suva-gradba

Modern Inn Boutique Hotel има потреба од РЕЦЕПЦИОНЕР/КА: https://kariera.mk/job/RNKT4_IwMkCJwDeVGgR8xg/recepcioner-ka

Промовирани огласи »

Младите лица до 23 години од денес можат да аплицираат за младински додаток, во центрите на вработување. Законот за младински додаток е објавен во „Службен весник“ и веднаш влегува во сила.

Со младинскиот додаток ги поттикнуваме младите лица да се вклучат на пазарот на труд. Мерката се однесува на млади до 23 години коишто имаат завршено најмалку средно образование и работат во производствена дејност или се индивидуални земјоделци. Ги повикувам сите млади да ја искористат можноста да го дополнат личниот буџет со 3.000 денари, секој месец. Младинскиот додаток се исплатува на лична сметка на корисникот, вели дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Младинскиот додаток е дизајниран не само да ја зголеми младинската вработеност туку и да овозможи подобро платени работни места за младите луѓе.

За исплата на месечниот додаток од 3.000 денари за 2020 година предвидени се 160 милиони денари и се очекува да го примаат околу 4.000 лица, соопштија од кабинетот на дополнителната заменичка министерка за труд и социјала, Шкријељ. 

Промовирани огласи »

Врз основа на цената на нафтата на светскиот пазар, регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали цените на горивата .

Тоа значи дека почнувајќи од полноќ бензините и дизелот ќе регистрираат пад во цената за половина денар и денар, додека 1,5 ќе поевтини екстра лесното масло за домаќинство.

Ако возите кола бензинец тогаш за Еуросупер БС-95 ќе плаќате 65,50 денари за кг, а Еуросупер БС-98 ќе ве чини 67,50 денари за килограм.

Од друга страна, и дизелашите ќе полнат резервоари поевтино и тоа 57,50 денари за литар дизел.

46 денари за литар ќе чини екстра лесното масло за домаќинство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »