Промовирани огласи »

Младите лица до 23 години од денес можат да аплицираат за младински додаток, во центрите на вработување. Законот за младински додаток е објавен во „Службен весник“ и веднаш влегува во сила.

Со младинскиот додаток ги поттикнуваме младите лица да се вклучат на пазарот на труд. Мерката се однесува на млади до 23 години коишто имаат завршено најмалку средно образование и работат во производствена дејност или се индивидуални земјоделци. Ги повикувам сите млади да ја искористат можноста да го дополнат личниот буџет со 3.000 денари, секој месец. Младинскиот додаток се исплатува на лична сметка на корисникот, вели дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Младинскиот додаток е дизајниран не само да ја зголеми младинската вработеност туку и да овозможи подобро платени работни места за младите луѓе.

За исплата на месечниот додаток од 3.000 денари за 2020 година предвидени се 160 милиони денари и се очекува да го примаат околу 4.000 лица, соопштија од кабинетот на дополнителната заменичка министерка за труд и социјала, Шкријељ. 

Промовирани огласи »

Врз основа на цената на нафтата на светскиот пазар, регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали цените на горивата .

Тоа значи дека почнувајќи од полноќ бензините и дизелот ќе регистрираат пад во цената за половина денар и денар, додека 1,5 ќе поевтини екстра лесното масло за домаќинство.

Ако возите кола бензинец тогаш за Еуросупер БС-95 ќе плаќате 65,50 денари за кг, а Еуросупер БС-98 ќе ве чини 67,50 денари за килограм.

Од друга страна, и дизелашите ќе полнат резервоари поевтино и тоа 57,50 денари за литар дизел.

46 денари за литар ќе чини екстра лесното масло за домаќинство.

Промовирани огласи »

Минималните плати во Европа се движат од 213 евра во Албанија до дури 2.142 евра во богатиот Луксембург, покажаа податоците на Евростат во јануари годинава.

Минималната плата е законски пропишана во повеќето земји-членки на Европската унија и некои други европски земји, меѓу кои и нашата. Во земји каде минималната плата не е законски пропишана, пресметката се прави според вообичаениот број работни часови месечно.

Најновите бројки покажуваат дека разликите во минималната плата во европските земји се многу големи.

Според Евростат, во осум европски земји минималната плата надминува илјада евра.

Луксембург со „минимум“ од 2.142 евра е следен од Ирска со минимална плата од 1.656 евра, Холандија 1.636, Велика Британија 1.599, Белгија 1.594, Германија 1.584, Франција 1.539 и Шпанија 1.050 евра.

Потоа, има 10 држави каде минималната плата е помеѓу 500 и 1.000 евра.

Имено, минималната плата во Словенија е 941 евра, во Малта 777, Грција 758, Португалија 741, Полска 611, Литванија 607, Естонија 584, Словачка 580, Чешка 575 и во Хрватска 546 евра.

На дното, со минимална плата помала од 500 евра се наоѓаат вкупно осум европски земји: Унгарија со 487 евра, Романија 466, Латвија 430, Србија 343, Црна Гора 331, Бугарија 312, С. Македонија 235 и Албанија со 213 евра.

Според Евростат, минималната плата во Луксембург, која е далеку највисока во Европа, е десет пати поголема отколку во Албанија.

Од земјите-членки на ЕУ, жителите на Бугарија, Романија и Латвија добиваат најниска минимална плата.

Од друга страна, Луксембург со години е на врвот на листата на европски земји со минимална плата. Во оваа мала земја со население од околу 602.000, минималната плата во 2015 година била 1.923 евра, а секоја година растела редовно, се додека минатата година за прв пат ја надмина магичната бројка од две илјади, поточно, достигнала 2.089 евра.

Интересен е и фактот дека минималната плата во Луксембург е зголемена за 219 евра во последните пет години, што е повисоко од сегашната минимална плата во Албанија од 213 евра.

Промовирани огласи »

Според информациите од ACEA (Европското здружение на производителите на автомобили) барањата за електричните возила пораснале за 81% во последните три месеци од 2019 година односно продадени се 156.805 автомобили.

Хибридните возила и понатаму го сочинуваат мнозинството на алтертивни возила во Европската унија и тоа е пораст за 69,2% во однос на идентичното тримесечие во 2018 година што исто така е големо поместување.

Уште пред новите стандардни за емисиите на штетни гасови, електричните автомобили стануваа сè попопуларни и попопуларни што доволно зборува за тоа што народот сака да вози, а како главна причина за дотогашната слаба продажба се наведува недостатокот на избор од страна на произведувачите. Покрај сите овие бројки се наведува дека се продадени 3,7% помалку дизел возила во Европската унија, но и дека се регистрирани 29,5% помалку дизел автомобили.

Франција, Германија, Романија, Шведска, Унгарија, Белгија и Словенија имале нешто позначаен број на купени дизел автомобили, но и понатаму судејќи според пазарот во Европската унија најзастапени се бензин верзиите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »