Промовирани огласи »

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, преку емисијата „Утрински брифинг“се обрати до вработените на јавниот сектор и им порача дека неговиот предлог за кратење на платите на ниво на миниманата се прави во време на криза за да може да функционираат болниците и аптеките.

Популистите и ориентирнаи кон политички поени калкуираат со гласовите, но некој треба да води грижа за државата. Ние се бориме на пазарот на гласови, но кога доаѓа тешко време треба да се соопштат непопуларни мерки. Главниот пакет мерки беше како да се помогне економијата. Ние направивме алокација на 200 милиони евра. Приватниот сектор ги плаќа давачките и го полни буџетот. Ова кратење е само одговорниот втор чекор што државата мора да го направи, а првиот е непродуктивните трошоци. Ако ваквите солидарни мерки се прифатат, поспремно ќе се справиме со кризата. Треба да знаат граѓаните дека приходите на граѓаните паднаа драстично. Почетокот на април ќе бидат помали за 30 до 40 отсто. Нема даноци и давачки кои се плаќаат во државата. Транспортот е преполовен,. а голем број капацитети се или затворени или хибернираат. Тоа треба да го признаеме, а не да бидеме популисти. И малите деца го знаат тоа.

Во моментов се бара кредити од 1,2 милијарди евра, а до сега од тоа одобрено е само половина - 600 милиони евра. Сите на плеќи рамноправно да го понесеме товарот и толку побргу ќе излеземе од кризата. Не дај боже да треба да кратиме од здравствените фондови - па да нема пари за болниците и аптеките. Полиција и војска мора да биде обезбедено. Да се водиме од државниот интерес“, рече Заев во своето јавување во емисијата.

Тој порача дека неговите предлози не значи дека Владата мора да ги прифати целосно како мерки, туку дека се уште се разгледуваат како можност.

Не мора да бидат прифатени мерките на СДСМ. Јас сум претседател на најголемата партија во Владата, затоа морав да излезам со предлози. Владата веќе неколку дена дискутира и таа ќе ја донесе одлуката за мерките. Не мора да значи дека се мора да биде прифатени. Таа го има последниот збор откако ќе ги направи сите математики“, смета лидерот на владеачката партија.

Заев додаде дека солидарноста се состои во тоа што сите ќе добиваат иста плата и дека најмногу ќе изгубат тие што им била најголема. Ги поздрави Комерцијална банка, Халк Банк и Алкалоид и сите други кои ги плаќаат даноците авансно.

- Побогатите ќе бидат тие кои ќе помогнат најмногу да се враќаат кредитите подоцна кога ќе излеземе од кризата, додаде тој.

Промовирани огласи »

Владата денеска донесе уредба со законска сила за запирање на извршните дејствија на извршителите до 30 јуни.

Извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен:

  • Во предметите за побарувања врз основа на законска издршка;
  • Со распределба на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови;
  • Со дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба.

Уредбата утврдува дека работодавците на должниците, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите до 30 јуни.

Основните судови се должни да донесат одлуки по поднесените приговори за незаконитости при извршувањето, а Апелационите судови по поднесените жалби против решението на судот по приговор, со цел да се создадат услови за непречена распределба на средствата пристигнати на посебните сметки на извршителите.

Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 1 до 29 февруари годинава се продолжува до 31 март годинава.

„Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период од 01.02.2020 до 29.02.2020 од 25.03.2020 се продолжува за 7 (седум) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 31.03.2020 година.“- соопшти УЈП.

Промовирани огласи »

Новите обрасци за пасоши пристигнаа во земјава, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Телма.

Новите обрасци за пасоши пристигнаа. Сега во оваа ситуација се разбира нема голем интерес, бидејќи и границите се затворени. Сепак, има некои граѓани кои и сега аплицираат, во најголем дел тоа се луѓе кои сакаат да аплицираат за виза, па имаат потреба од број на важечки пасош, рече Чулев.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »