Промовирани огласи »

Малите и средни претпријатија до 50 вработени, семејните компании и претприемачите се најпогодени од новите состојби предизвикани од Ковид-19. Субјектите со претежна дејност угостителство, ставија клуч на врата по донесената уредба од Владата за затворање како резултат на опасноста од ширење на вирусната инфекција. Здравјето на граѓаните е најважно, но не смее да се дозволи да пропадне оваа дејност и луѓето вработени во овој сектор сред здравствена криза да останат без никаков приход за да се прехранат, е пораката од денешната прес конференција на Туристичко угостителската комора која изнесе предлог мерки за ублажување на последиците од оваа состојба.

Мартин Ангеловски од Групацијата за Угостителство вели дека сите здруженија на угостители низ градовите во земјава се во иста позиција, покрај заканата од Ковид 19,  под дирекна закана се и во  борбата за зачувување на работните места и овие мали претпријатија да не пропаднат. 

„Здравјето е најважно, но без помош, секој изминат ден е трошок кој веќе не можеме да си го дозволиме од сопствени извори на финансирање. Овие субјекти се микро и мали, а поради уредбата имаме нула приходи во дејноста и поради тоа не можеме да ги покриеме трошоците. Повеќето од нас користат кредити од комерцијалните банки,  за кои се уште нема одлука за мораториум како во другите држави. 

Сите се трудиме да бидеме дел од решението на проблемот, но со секој изминат ден реалноста ни укажува всушност колку сме финансиски немоќни да го издржиме овој временски период до евентуално искоренување на Ковид 19. Би биле презадоволни доколку за нашата дејност може да се изнајде начин да се донесат конкретни мерки кои ќе нѐ одржат во живот. За таа цел се консултиравме меѓусебно повеќе од 1000 угостителски објекти во целата земја во сектор кој вработува повеќе од 29.000 луѓе, доколку го вклучиме и бројот на нивните семејства претставува сериозна бројка, која не сме во можност да ја издржиме, без адекватни мерки на Владата и Банките. Се надеваме дека оваа пандемична криза нема економски да ја загрози егзистенцијата на граѓаните кои живеат од овој сектор“, рече Ангеловски и додаде дека целта на мерките за потребата од помош од државата, не е за спас на изгубени добивки, туку да се успее да се преживее оваа агонија на неизвесност и на штети настанати од оваа светска пандемија, која секој ден се повеќе врши притисок да се затворат овие деловни субјекти и да останеме без работа.

Предлог мерките на угостителите се следни:

- Субвенционирање на минимална бруто плата за вработените, во периодот додека траат превентивните мерки, 

- Oдложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните 6 месеци, 

- Замрзнување и репрограм на обврски по кредити и камати како и други доспеани обврски према банките до завршување на кризата. 

-Да профункционира итно и без одложување отварањето на кредитните линии со субвенционирана камата. 

Исто така, предлог е и да не се применува Законот за финансиска дисциплина во наредните 3-5 месеци, да има одложено плаќање на сите режиски трошоци до завршување на пандемијата, да не се исклучува поради неплаќање вода, струја и други основни услуги, да не се наплаќа персонален данок и ДДВ за кириите. 

Од Туристичко угосителската комора велат дека последиците не се само здравствени и економски, туку дека се носи и огромен психолошки товар на одговорност кон сите лица кои се вработени и не треба да ги изгубат своите работни места и да останат без приход во време на криза. 

„Моментално предложените мерки не ги решаваат проблемите и не само што нема да ни помогнат да ги надминеме финансиските проблеми, туку дополнително ќе не задолжат.  Дополнително веќе 10 дена се најавува но нема ништо конкретно, ни каде да се јавиме ни како да поднесуваме апликации за да се помогне. Предложениот пакет на мерки ќе стапи на сила од април, а ние веќе повеќе од половина месец сме без  никакви приходи. Ова немаше да е проблем да се преброди кризата ако заврши утре или ако знаеме што ќе се случува и во кој рок. Ние моментално имаме проблем со платата за мар,  бидејќи нема никакви приходи, ни останаа залихи, задолжени сме со кредити, а не знаеме како мислат надлежните да се најдат средства да се платат придонесите за април и за мај. Имаме големо разбирање за моменталната состојба и сме подготвени да помогнеме во рамки на нашите можности, како на пример  со залихи со храна и обезбедување оброци за лицата што се во изолација, за полициските пунктови кои ќе бидат неопходни за спроведување на полицискиот час и секаде каде ќе има потреба. Се што е во наша можност, ставаме на располагање за доброто на сите. Доколку нема предвидена помош со која ќе можеме да се одржиме, потребно е веднаш да ни биде соопштена таа одлука, за да може вработените кои ќе  бидат одјавени и ќе останат без работа заклучно со 31.03, да аплицираат навремено за други мерки за помош за да не останат без никаков приход. За оние што ќе опстојат кога ќе помине кризата, кога ќе се отворат услови за рестартирање солидарно сите повторно ќе бидат пријавени на работа“ додаде Ангеловски.

Промовирани огласи »

Развојната банка на РСМ го објави јавниот повик за бескаматно кредитирање на малите и средни претпријатијата за туризам, угостителство и јавен транспорт. Интересот на фирмите треба допрва да се утврди, аплицирањето започнува на полноќ во 00.00 часот, а директорот на банката, Кире Наумов, очекува тој да биде огромен.

Каматната стапка ќе биде 0 проценти, до 24 месеци рок на отпата со грејс период шест месеци. За претпријатија до 10 вработенио може да се подигнат до 5.000 евра, до 50 вработени до 15.000 евра и до 250 вработени до 30.000 евра. Минималниот износ е 3.000 евра.

Целиот процес е електронски на адресата [email protected] и на веб-сајтот на банката на кој се критериумите за неопходните документи за аплицирање како што се потврда за платени даноци, тековна состојба на централен регистар, годишна завршна сметка за 2019, итн.

- Сторивме се што е потребно за да се олесни апликацијата. Развојната банка ќе го следи развојот на настаните одблизу и ќе настојува и натаму да дава поддршка на малите и средни претпријатија. Ова е иницијална прва мерка и воедно најбрзата. Во овој момент е опфатен само првиот удар, како откажувањето на туристичките аранжмани, настана прекин на товарниот транспорт и беше превземена мерка да се затворат рестораните и кафулињата. Од тој аспект утврдивме дека тоа се најпогодените сектори, рече Наумов на денешната прес-конференција.

Финансирањето е без хипотека, односно само со меница,  а понатаму ќе се утврдуваат следните погодени сектори.

Промовирани огласи »

Трговците да ги почитуваат мерките што се однесуваат на корона вирусот во делот на замрзнување на цените, апелираа надлежните. Инспекциите се на терен, а казните изнесуваат осум илјади евра за правно лице и 2.400 евра за одговорното лице. Покрај замрзнување на цените на основни продукти, се замрзнуваат и цените на јужното овошје.

„Би сакал да ги повикам сите компании посебно големите и малите трговци, но истовремено и производителите на прехранбени производи да ги почитуваат одлуките од Владата за цените, бидејќи одлуките се конкретни, концизни и прецизни. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) работи и ги прави соодветните контроли, но апелирам граѓаните да пријавуваат неправилности на бесплатниот телефонски број 191“, истакна вчера министерот за економија Крешник Бектеши, потсетувајќи дека е донесена одлука за замрзнување на цените на јужното овошје.

Тој истакна дека Министерството за економија првично презеде мерки што се однесуваат на замрзнување на цените на одредени производи, посебно на основните прехранбени производи и соодветно на своите надлежности, забрани и извоз на брашно и пченица за други држави. Ги повика компаниите да не ја користат можноста за правење профит, бидејќи, како што рече, сега не е време за тоа.

Инспекциските служби во периодот од 19 до 22 овој месец спровеле вкупно 11.358 надзори на терен во насока на спроведување на владините мерки за справување на ширење на корона вирусот, информираше претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Државниот пазарен инспекторат од 19 до 22 март спровел 869 надзори за контрола на замрзнатите цени, при што кај одредени трговци од малопродажба е констатирана промена на цените на неколку производи, но субјектите, како што беше соопштено вчера, се веднаш задолжени да постапат по одлуката и да ги вратат старите цени од 11 март годинава.

„Нашите инспектори и таму постапуваат. Онаму каде што нема да извршат намалување, односно корегирање на цената со 11 март од страна на инспекторите, казните се големи. Согласно Законот за трговија изнесуваат осум илјади евра за правно лице и 2.400 евра за одговорното лице. Затоа апел да ги почитуваат одлуките и да ги вратат цените на нивото на 11 март годинава“, изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

Дел од компаниите што увезувале јужно овошје намерно имале шпекулативен однос кон пазарот и тие артикли не ги појавувале со цел цената да се зголеми.

Нагласи дека контролите што ги вршат, особено кај големите трговци со јужно овошје, малку ќе потраат за најпрво да се видат залихите што ги имале, а што набавувале после 11 март, со цел да се утврди најголемата маржа што може да ја користат.

„Верувам дека лимоните ќе бидат поскапи, но нема да бидат овие цени како денеска, каде има и до 50 проценти разлика. Ако имале разлика во цена од 1 јануари до 11 март – 20 до 25 проценти, нивото на маржа ќе мора да го вратат на тоа ниво“, истакна Пауновски.

Владата донесе одлука да се замрзнат и цените за потрошен медицински материјал и медицинска опрема и апарати согласно цената која била утврдена на 11 март кога СЗО прогласи пандемија на корона вирусот. Цените ќе се применуваат до 30 април годинава.

Целта на оваа мерка е да се вратат цените на маските, ракавиците и друг медицински материјал и опрема кои, како што кажа, во изминатите неколку дена пораснале за неколку пати поради зголемената побарувачка од граѓаните како средства за основна заштита од Ковид 19.

Се најавуваат и дополнителни мерки во делот на намалување на царините на барање на компаниите од месната и прехранбената индустрија со цел намалување на цените и овозможување непречено работење на оваа индустрија и увоз на репроматеријалите кои им се потребни.

Промовирани огласи »

Целиот свет е под влијание на новата глобална пандемија на коронавирус. Наједноставниот совет за тоа како да останете безбедни е да останете дома. Но, што ако треба да одите некаде со автомобил?

Главното правило е да се минимизира контактот со други лица. Но, доколку морате да патувате, заштитете се. „Идеално би било доколку не одете никаде, но доколку треба да одите некаде, патувајте сами со вашиот автомобил и не превезувајте никого беспотребно. Доколку треба да одите со некого, проверете дали лицето нема акутни симптоми на респираторни заболувања. Користете респиратор или барем заштитна маска. Бидете сигурни дека ги имате деталите за контакт од сите други патници за да можете да ги пронајдете доколку се открие дека сте заразени“, вели Јана Пармова, главен лекар во ŠKODA, во која ги опишува основните правила што треба да ги следат сите.

Важно е да се има предвид дека иако автомобилот е еден вид мобилна изолациска единица што ви овозможува да го минимизирате контактот со другите на неопходните патувања, како при шопинг за храна, лекови или други најважни работи, патувањето со автомобил не е целосно без ризик.

Дезинфицирајте!

Доколку не можете да избегнете контакт со други лица и потребно е да одите некаде со автомобил, обрнете големо внимание на превентивните мерки за хигиена. „Дезинфицирајте ги сите површини што ги допирате пред и по патувањето, особено доколку го делите автомобилот со некого или доколку сте превезле некого“, вели доктор Пармова.

Сфатете го ова чистење сериозно: дезинфицирајте го воланот, рачката од менувачот, рачната сопирачка, рачките на вратите, радио и контролите за инфозабава, но не заборавајте ги индикаторите за трепкачите и бришачите на шофершајбната, како и контролата на темпоматот, потпирачите на раце (на вратата и на централната конзола), контрола на положбата на седиштата, рамките на вратите и надворешните рачки на вратите или рачката на багажниот простор. Овие принципи се уште поважни за таксистите и другите возачи кои превезуваат патници.

Што треба да користите за дезинфекција на автомобилот? На пример, Светската здравствена организација советува да користите некои производи за чистење што веќе ги имате дома. Најмалку седумдесет проценти алкохолен раствор е ефикасен против коронавирус, а изопропил алкохол нема да направи никаква штета на површините на автомобилот. Всушност, тоа е она што производителите на автомобили ги користат за дезинфекција на делови. За да ја зголемите вашата безбедност, извештаите велат дека можете да користите алкохол за да ги избришете тапацирот на седиштата и другите меки површини во автомобилот.

Алкохолот не треба да оштетува ниту кожа, ниту имитација на кожа, но прекумерно интензивно чистење со алкохол може да го обезбои материјалот: затоа, немојте да ги чистите седиштата и другите кожни површини премногу интензивно. Сепак, по чистењето, кожните површини во автомобилот треба да се третираат со производи за заштита од кожа.

Никогаш не користете водород пероксид затоа што најверојатно ќе ги оштети површините на автомобилот. Не користете производи за чистење кои содржат амониум на екраните на допир во автомобилот, се советува во Извештаи за потрошувачи. Микрофибер крпи се идеални за чистење на сите површини и за сите начини на чистење.

Заштитните маски ги заштитуваат останатите, FFP3 маските со респиратор ве заштитуваат вас

Особено ако патувате со патници, а еден од нив е во опасност да стапи во контакт со заразено лице, користете заштитни средства, што значи заштитни маски и маски со респиратор. Класична заштитна маска нема да го заштити носителот од вирусот, но може значително да го намали ризикот од носителот да заразат други. Оттаму, дури и обичната заштитна маска е знак на грижа за другите во автомобилот и може да го намали ризикот од инфекција. За вистинска заштита, ви требаат респиратори на FFP3 класата.

Патем, возачите може да не го сфатат тоа, но многу од нив ќе имаат маска за лице за лице во комплетот за прва помош на нивниот автомобил. Во некои европски земји, тие се задолжителна опрема. Затоа, погледнете го вашиот комплет за прва помош - можеби имате маска за лице.

Доктор Пармова, исто така, советува секогаш темелно да го проветрувате автомобилот откако ќе го исчистите. И проветрувањето е поврзано со друг совет: исчистете ја единицата за климатизација. Тоа не значи да се вози автомобилот во сервисен центар - ова навистина не е добро време за тоа. Но, можете да купите (преку Интернет, да речеме, или на бензински пумпи) специјализирани спрејови за чистење на системот за климатизација и вентилација на автомобилот. Иако овие не се толку ефикасни како професионалното чистење, тие можат повторно да помогнат во намалувањето на ризикот: спрејот за дезинфекција може да не го избрише коронавирусот, но да се има почист систем за греење и климатизација значи помал ризик од вирусот.

Безбедно полнење гориво

Ако апсолутно треба да одите некаде со автомобил, голема е веројатноста дека ќе треба да наточите гориво порано или подоцна. Не заборавајте да бидете внимателни во однос на хигиената на бензинските пумпи. Минимизирајте го контакт со персоналот. Откако ќе го наполните резервоарот, веднаш измијте ги рацете или барем дезинфицирајте ги со раствор за дезинфекција или гел - треба да имате доволно количество од нив во вашиот автомобил.

Идеално би било доколку користете еден од современите методи за плаќање на горивото: на пример исплата преку бесконтактна кредитна картичка. Некои бензински пумпи ви овозможуваат да користите бесконтактни начини на плаќање веднаш на пумпата, така што нема потреба да одите во продавницата. Друг начин за намалување на ризикот е да се осигурете дека резервоарот е полн, така што ќе нема потреба да се вратите на бензинската пумпа наскоро.

Иако некои мерки спречување на ширењето на коронавирус може да изгледаат драстични и прекумерни, грижата и претпазливоста се од најголема важност. Колку повеќе ги почитуваме овие мерки, толку повеќе го намалуваме ризикот од ширење на инфекцијата и толку побрзо можеме да ги вратиме животите во нормала. Затоа, бидете внимателни, колку што е можно повеќе минимизирајте го контакт со другите и патувања со автомобил, не заборавајте да ги миете рацете темелно и користете средства за дезинфекција.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »