Промовирани огласи »

Љупчо Маневски, генерален менаџер на „Фешн груп Македонија“ за порталот Факултети го презентираше нивниот предлог за функционирање на продавниците за облека по нивното отворање.

Дел од работната верзија на оваа групација за заштита од коронавирусот на персоналот и посетителите се:

Продавниците ќе работат со скратено работно време од 10:00 до 18:00, а во недела и за празници ќе бидат затворени. Задолжително носење заштитни маски и ракавици на вработените и користење хидроалкохолни гелови. Одржување физичко растојание меѓу купувачите, и меѓу купувачите и продавачите од 1,5 метар до 2. Одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата ќе го организира редот и бројот на купувачи. Бројот на купувачи ќе се регулира според квадратурата на продавницата, на 10m² – 15m² продажен простор по еден купувач. На касите за плаќање ќе се обезбеди и регулира растојание од 1,5 – метар помеѓу касиерот и купувачите.
На видливи места ќе бидат поставени едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас, на секои 30 минути информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки. Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот. Ад хок протокол во случај на инфекција со Ковид-19 (потврдено или потенцијално) во трговските продажни салони.

Ќe претпочитаме да не се пробува облеката во гардероба, туку дома. Но, ќе бидеме пофлексибилни и ќе овозможиме толерантен однос околу замената – објаснува Маневски.

Тој додава дека вратената стока ќе биде подложена на дезинфекција со вапо-уред и ќе остане во 48-часовен карантин во магацинските простории пред повторно да се пушти во продажба и овие нивни мерки секако ќе се усогласат со мерките што ќе ги наложи Владата по препораките на Комисијата за заразни болести.

Промовирани огласи »

ТАВ ќе инвестира во следниот период во бездопирни технологии и на таков начин ќе се обезбедува сигурноста и заштитата од ширење на вируси. Од компанијата за Фактор велат дека кога станува збор за Ковид-19 во иднина, кога ќе се отворат аеродромите, зависно од кризата, некои земји може да бараат сертификати за тест за КОВИД-19, за да ги примат патниците во нивните земји. Сепак нема потврда кога ќе се отворат двата аеродроми во земјава, а за тоа вчера прецизен одговор не даде ни министерот за здравство Венко Филипче.

„Сè уште е рано да се зборува за драматични промени кои ќе бидат имплементирани веднаш. Во првата фаза сите аеродроми ќе применуваат засилени санитарни мерки. Главната цел е да се спречи евентуалното ширење на вирусот од влезот на терминалната зграда сè до авионот, со примена на овие санитарни мерки, и да направиме луѓето да се чувствуваат безбедни. Како и да е, сигурно е дека одредени процедури ќе се сменат во иднина. На пример, аеродромите ќе инвестираат во бездопирни технологии. (touchlesstechnology). Зависи од развојот на кризата со Ковид-19, некои земји можат да бараат сертификати за тест за КОВИД-19, за да ги примат патниците во нивните земји, велат од ТАВ за Фактор.

Повеќе прочитајте на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Според одлуката на српските здравствени власти, за влез во земјата отсега ќе треба да се приложи негативен тест за коронавирус, кој не е постар од три дена.

Оние што немаат тест на коронавирус, кој е стар најмногу 72 часа, ќе мора да поминат 14-дневна изолација.

Ова за „Курир“ го потврдил и докоторот Бранимир Несторовиќ.

Промовирани огласи »

Државите од регионот размислуваат на која начин да ги контролираат туристите кои ќе допатуваат кај нив на одмор. 

Во Грција, Хрватска и Турција нема да може да се замине лесно на одмор. 

Во игра се три опции, воведување на т.н здравствен пасош со кој ќе докажат дека не се заболени од корона, брз тест на самата граница, или пак најнепопуларната мерка, задолжителен карантин. 

Во Турција ќе биде задолжителен негативен корона тест, сепак засега нема одлука кога ќе се отворат туристичките капацитети.

Странски туристи ќе можат да влегуваат во Грција од први јули но оти прво ќе се утврдува протоколот за патување. Тоа подразбира строга контрола на сите што ќе дојдат но на кој начин се уште не е одредено.

Во Хрватска ќе се примаат туристи од први јуни, а засега се знае дека строгите мерки ќе важат дури и за хрватската дијаспора која доаѓа во својата земја. 

Се очекува дека сите кои ќе сакаат да влезат ќе мора да имаат задолжителен корона тест, при тоа тој да не е постар од неколку дена.

Грчките експерти велат дека песокот и морето не се опасни за заразување од коронавирусот. 

Поради сонцето и високите температури, вирусот дури и да се наоѓа на песокот не може да преживее.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »