Промовирани огласи »

Поради бранот патници заразени со коронавирусот, Финска ја стопира авиолинијата Скопје – Турку. 

Финската влада сериозно размислува да ги укине летовите од Скопје за Турку, градот во Финска каде што изминатиот период на вкупно три авионски лета повеќе од 40 патници имале позитивен тест на коронавирус. 

Mинистерот за транспорт и врски Тимо Карака до владата ќе достави предлог да се суспендираат сите летови од Скопје.

„Разгледуваме колку е флексибилна легислативата во вакви околности. Овој предлог ќе го доставам до владата и на седница ќе донесеме одлука. Се подготвуваме привремено да ја укинеме линијата меѓу Турку и Скопје. Сигурен сум дека можеме да изнајдеме некој транзициски период во кој Финците ќе се вратат дома“, изјавил Карака за хелсиншкиот весник „Саномат“.

Македонија е една од земјите која беше рангирана како „земја извозник“ на заразени со коронавирусот. Ваква листа составија Германците, а во друштво заедно со Македонија беа и другите земји од Западен Балкан. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на заразени. 

Промовирани огласи »

Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020! 

Ова на фејсбук го соопшти Министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра.

Исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерството за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020:

„Поврат: 5,44 милиони евра
Граѓани кои скенирале сметки заклучно јуни: 304.637 граѓани или
25.000 граѓани повеќе во однос на претходното тримесечје
Скенирани сметки: 41,7 милиони сметки
Направен промет: 21,4 милијарди денари“, напиша Ангеловска. 
Таа вели дека се одлични резултати на МОЈДДВ за јули‼️

Скенирани 21,5 милиони сметки или за 80 отсто повеќе во однос на просекот од сите останати месеци.

„Со МОЈДДВ граѓаните добиваат трикратна корист: Помагаат во сузбивањето на сивата економија, добиваат поврат на ДДВ и Добиваат можност за бројни парични награди преку #МојаНаграда“, напиша Ангеловска. 

  

Промовирани огласи »

Доларот ја губи својата вредност, и тој е на најниско ниво за период од две години. 

Американскиот долар паѓа во однос на најголемите светски валути веќе петти ден по ред. 

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на најголемите ривалски валути, ослабел, според најновите податоци, за 0,3 проценти, на 92,55 поени, а во еден момент падна на 92,46 поени, најниско ниво од јуни 2018 година, објави Ројтерс.

Доларот падна дополнителни 0,2 проценти во однос на еврото, на 1,19 американски долари и падна за 0,5 проценти во однос на јапонскиот јен, на 105,40 јени, што е најниско ниво за десет дена.

Тој потона половина процент во однос на британската фунта, на 1,3180 американски долари. Ова е најслабо ниво во последниве две недели.

Промовирани огласи »

Дали владината мерка за зголемување на платите во приватниот сектор има ефект? Работниците чекаат повисоки плати, работодавачите прават пресметки. Корона кризата си го зема данокот. Едно е јасно, најмногу трпат работниците. 

Надлежните велат минималната плата ја добиваат сите и законот ги дава очекуваните резултати, а дел од работниците веќе почнаа да се жалат на злоупотреби.

Државата со цел да обезбеди загарантирана исплата на минималната плата од 14.500 денари, обезбеди средства за субвенционирање на компаниите, а преку Управата за јавни приходи воведе нов систем што не овозможува исплата на плати под оваа сума.

И покрај ова, интересот на компаниите за добивање субвенции од државата е релативно мал. Објаснувањата се движат од тоа дека компаниите имаат средства за да ја исплатат платата, дека не исполнуваат услови, до тоа дека се плашат од инспекциски надзор.

Од друга страна, од МТСП посочуваат дека и покрај релативно малиот интерес на компаниите, Законот за минимална плата го дал својот ефект и оти над 88 илјади работници добиле минимална плата.

Дел од работниците се принудени на газдите да им вратат на рака дел од парите, и најчесто не се охрабруваат да говорат за тоа и да ги пријават злоупотребите. Ова особено е присутно во текстилните, кожарските и чевларските компании, каде е и најголем бројот на работници кои добиваат минимална плата.

Барањето на газдите, работниците на рака да им вратат дел од минималната плата е кривично дело, посочуваат надлежните и граѓанските организации за заштита на правата на работниците и барааат тие да ги пријават злоупотребите и да сведочат. Во спротивно велат, никој не може да им помогне.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »