Промовирани огласи »

Потребата постојано да сме поврзани и навремено да ги добиваме сите информации за кои сме заинтересирани го покачија прагот за потребата на мобилен интернет за сите корисници. Возраста или професијата веќе не прават голема разлика бидејќи секојдневието се одвива онлајн. Оттука и актуелните понуди на телекомуникацискиот пазар кои вклучуваат се повеќе мобилен интернет. Но што со гигабајтите кои остануваат неискористени?

А1 Македонија ја надгради функционалноста на A1Net Sef со воведување уште еден новитет, единствен на европскиот пазар, со кој корисниците на мобилни услуги добиваат можност не само да го зачуваат интернетот и да го одложат неговото користење туку неискористените GB да ги заменат за друга услуга како интернет во странство или меѓународни разговори.. 

Со оваа најнова опција за размена, корисниците кои патуваат во странство или имаат потреба од меѓународни повици можат едноставно преку мобилната апликација Мојот А1 да активираат дополнителен пакет по свој избор.

Имено, во рамки на одредени тарифни модели од A1 Neo/Neo SIM портфолиото (M+/L/XL) како и A1 Neon+/Neon+ SIM корисниците кои имаат сочувано доволно мобилен интернет во А1 Net Sef ќе можат доколку сакаат да ги заменат сочуваните GB за дополнителни бенефити: интернет во странство или меѓународни разговори. .

Пакети (бенефити) достапни преку Опцијата за размена:

Се што треба да направи корисникот е едноставно да пристапи преку апликацијата  Мојот А1 каде се прикажани сите пакети кои се достапни за активација и да ги активира во зависност од својот сочуван мобилен интернет во А1 Net Sef, преку достапното копче “Размени”. Може да бидат разменети повеќе пакети во еден месец (во зависност од сочуваните GB).

Промовирани огласи »

Министерството за економија започна со исплата на ваучерите на туристичките капацитети кои од јули започнаа со сместување на граѓаните-добитници на оваа економска мерка за справување со економските последици предизвикани од пандемијата.

Првите средства се исплаќаат во последните петнаесетина дена, а засега според она што може да се види од извршените трансакции, туристите кои добија ваучери, на почетокот најмногу летувале во Инекс Дрим, хотелот во Струга, на кого му се исплатени 50.000 евра до 10 септември.

Следуваат хотелот Манастир во Берово со 450.000 денари, Полин во Стар Дојран до сега добил 438.000,  на ХСХ ГРУП ДОО Скопје кој стопанисува до Хотел La Terrazza во Дојран му се префрлени 408.000, Хотел Уникат Охрид првично наплатил  372.000, а Фибула за Изгрев Струга добил 342.000 денари засега. 

До Министерството за економија до сега пристигнале околу 7.000 фактури, но од таму велат дека исплатата доцнела поради предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули.

„Исплатата на Фактурата за искористени ваучери оди согласно планираната динамика и истите веке се исплатени за месец Јули. Досега се искористени нешто над 30.000 ваучери за поддршка на домашниот туризам.

Фактурите кои не се комплетни или немаат целосна документација останале неисплатени до моментот на комплетирање од страна на странките, за што истите се известени.

Досега во Министерство за економија се пристигнати близу 7.000 фактури од кои повеке од 70% се процесирани со Решение за исплата,  30% се во фаза на проверка и истите тековно се работа од страна на Комисијата и Секторот.

Што се однесува на прашањето за доцнење на исплатата , тоа беше во текот на јули месец кога имавеме формирање на Влада и именување на Министри и истото траеше до Моментот на добивање на Овластување од страна на Министерот, во моментот од страна на Министерството за економија исплатата на Фактурите се одвива согласно динамиката“, гласи објаснувањето од Министерството за економија.

Не само хотелите, туку и сите што поседуваат вили, апартмани, како и станоиздавачите може да работат со ваучерите за туризам. Но, услов за тоа беше овие сместувачки капацитети да се регистрираат и да се категоризираат на Платформата на Министерството за економија, доколку сакаат корисниците кај нив да ги трошат туристичките ваучери. 

Сите хотелиери, но и газдите на другите сметстувачки капацитетите, како што се вилите, апартманите и станоиздавачите, оваа процедура требаше да ја завршат до 30 јуни годинава.

Теоретски вкупно треба да бидат издадени 117.122 ваучери за домашен туризам, кои треба да бидат искористени до 15 декември.  Во игра беа вкупно 4.286 угостителски објекти за сместување. Тука спаѓаат 256 хотели, потоа 130 вили , апартмани, хостели, студентски преноќишта и одморалишта, како и близу 4.000 физички лица, односно станоиздавачи кои нудат приватно сместување. 

Инаку, согласно оваа владина мерка, над 117 илјади граѓани, кои ги исполнуваат критериумите што ги предвиде Владата и ги стави на листата, добиваат ваучер од шест илјади денари за домашен туризам.

Извор - Фактор.мк

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија, во однос на враќањето на дел од хронично болните лица на работа изјави дека мерките се добро проценети и анализирани пред да се имплементираат.

„Не се враќаат сите на работа, туку лекар специјалист проценува кој ќе оди на работа, а кој не. Не само на кого му е влошена болеста, туку и пациент кој е во фаза на болеста и има тип на хронична дијагноза, со таква шифра, а треба да биде заштитен во следните шест месеци. За тоа ние го сменивме правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување. Тоа значи дека ги одделуваме хроничните болни коишто се во рамките на една категорија и имаат иста шифра на болеста. На пример дијагноза миокарден инфаркт на срце. Пациент имал инфаркт на срце пред пет години, човекот е рехабилитиран и сосема нормално ги извршува животните активности. Тој ја носи истата шифра како пациент кој имал инфаркт пред еден месец и треба да биде на боледување и дополнително заштитен. Таа проценка ја прават специјалистите. Значи не е точно дека сите пациенти со хронични болести се враќаат на работа. Се враќаат тие коишто можат да работат согласно проценката на лекарот специјалист“, потенцираше Филипче.

За потсетување, до 23 септември пациентите треба да посетат специјалист за што се пуштени дополнителни термини во Мој Термин и е-амбуланта, а по потреба рокот ќе биде пролонгиран.

Промовирани огласи »

Министрите Jaгода Шахпаска и Венко Филипче се сретнаа со дел од родителите  кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство. 

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче вечерва во Владата имаа средба со дел од родителите, кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство, а кои реагираа на Одлуката на Владата на 23 септември 2020 година сите родители од 0 до 6 години да се вратат на своите работни места, поради тоа што градинките стартуваа со работа на 9 септември. 
Двајцата министри им пренесоа дека Одлуката е донесена врз основа на сериозна анализа за безбедноста на децата во градинките,  во консултација со Комисијата за заразни болести, како и врз основа на информациите дека во јавните установи за згрижување и воспитување на децата целосно се почитува Протоколот за активности во установите кој на минимум го сведува ризикот од ширење на КОВИД-19. Оттука логично е после отворањето на градинките, родителите да се вратат на работниот процес.


Претставничките на дел од родителите информираа дека стравуваат за здравјето на нивните деца и затоа сакаат да го одложат тргнувањето на нивните деца во градинка до почетокот на идната година, но и дека им треба подолг период на адаптација. 
Министерот за здравство Филипче нагласи дека сите предвидени Протоколи, вклучително и тој за работа на градинките,  се дефинирани според  строги епидемиолошки правила и се целосно медицински издржани.

„Имаме целосно разбирање за вашата грижа. Затоа внимателно пристапуваме кон секоја одлука и од тие причини шест месеци го продолжувавме породилното отсуство. Но, како и во сите држави во светот, мора полека да се враќаме во нормала и затоа внимателно, преземајќи ги сите превентивни мерки, градинките ги отворивме и создадовме услови родителите да се вратат на работниот процес“, рече министерот Филипче. 


Шахпаска информираше дека во градинките, според информациите од терен има доволно простор за приоритетните групи, односно за децата на самохраните мајки и за семејствата во кои двајцата родители работат. 


„Градинките имаат капацитет за безбедна и целосна грижа на сите деца.  Според Протоколот предвидовме приоритет за оние семејства на самохрани родители и двајца вработени, на кои тоа навистина им е неопходно. Градинките имаат  капацитет од  19.000 места, а како приоритетни пријавени се 14.555 деца. Тоа значи дека бројката од самиот почеток не беше целосно исполнета, а  имавме и случаи кога децата не престојуваа во градинка, а беа пријавени како приоритетни“, нагласи Шахпаска. 
Таа дополнително информираше дека  по Одлуката на Комисијата за заразни болести да се зголеми капацитетот на групите од 0 до 2 години од шест на 12 деца, дополнително е зголемен капацитетот за прием на деца.
Во однос на забелешката на претставничките на мајките дека враќањето во работниот процес ќе биде проблем и за родителите на децата од 6 до 10 години, министерот Филипче нагласи дека мерката за нив е укината уште од 7 јули 2020 година и оттогаш тие се на работа. 
Шахпаска и Филипче им најавија на претставниците на дел од родителите дека нивните забелешки ќе бидат пренесени на Владата. 
На крајот тие нагласија дека Владата внимателно ја следи состојбата на терен  и во зависност од развојот на ситуацијата одлуките ги носи единствено  во интерес на граѓаните и на нивното здравје. 

На протест пред Владата попладнево излегоа мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство. 

Тие се револтирани од одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на работа. 

Тие бараат да се поништи одлуката на Владата со која што на 23-ти септември тие ќе треба да се вратат на работа. 

Бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината, затоа што во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »