Промовирани огласи »

Време е за нова роденденска дружба, шопинг забава, мноооогу награди проследени со супер атмосфера во Skopje City Mall за нашиот 8ми роденден!

Дојдете и уживајте, ние ќе ви понудиме пријатно шопинг искуство, проследено со попусти како и шопинг ваучери кои ќе трае од 01ви до 04ти октомври.

Славиме роденден, но од безбедносни причини овој пат ќе ги изоставиме големите настани, кои изминатите години претставуваа наше и ваше големо задоволство.

Петок и сабота ќе ве забавуваат неколку домашни бендови, кои со сигурност ќе направат супер забава. Џинот и пантомимата се составен дел од нашата роденденска атмосфера.

Дополнително во соработка со SIGMA доделуваме и 500,000 денари во ваучери кои ќе можат да се користат во нивната продавница во Скопје Сити Мол.

Заради безбедни причини, да се избегнат гужви овој пат шопинг ваучерите се распределени во четри дена. Тоа се четри дена по 300 000 денари. Вкупно 1 200 000 денари.

Во четврток започнува големата традиционална шопинг игра од 10:00 часот.

Секој ден ќе се доделуваат ваучери се додека не се потроши фондот за тој ден.

За најбрзите од вас, кои ќе направат шопинг обезбедивме шопинг ваучери во вредност од 1,200.000 денари.

  • Со фискална сметка издадена во периодот од 01.10.2020 до 04.10.2020 во износ од 5,000.00 ден. до 9,999.00 денари посетителот добива (2) два шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 1,000.00 денари
  • Со фискална сметка издадена во периодот од 01.10.2020 до 04.10.2020 од 10,000.00 до 19,999.00 денари посетителот добива (3) три шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 1,500.00 денари
  • Со фискална сметка издадена во периодот од 01.10.2020 до 04.10.2020 од 20,000.00 денари и поголема сума посетителот добива (4) четири шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 2,000 денари

Се што треба да направите е да дојдете на нашиот штанд и да ја прикажете сметката. Не заборавајте, само НАЈБРЗИТЕ од вас добиваат. Затоа во период 01.10.2020 до 04.10.2020 ве покануваме сите на шопинг… КОЈ РАНО РАНИ, ПОПУСТИ ГРАБИ!

Ваучерите се ИСКОРИСТУВААТ до 11.10.2020

Не заборавајте попустите ги објавуваме во средa !

Промовирани огласи »

 На неколку локации  во Скопје и во Велес се обезбедени паркинг места наменети за бремените жени и за семејствата со деца до тригодишна возраст, во рамки на проектот „Безбедни семејни паркинг зони“.

„Сметам дека со реализацијата на овој проект, насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот, навлеговме во сржта на наједноставните, но неизмерно важни потреби на одредени категории наши сограѓани. Во овој случај, тоа се бремените жени и семејствата со деца до тригодишна возраст за кои обезбедивме законски, но и реални услови за поставување соодветни паркинг-места наменети исклучиво за нив. Тие паркинг-места се утврдени на најповолните локации што им се потребни на овие граѓани и тоа пред здравствени установи, одредени центри за пазарење, како и пред јавни објекти кои првенствено се наменети за најмладите. Водевме грижа, овие паркинг-места да бидат поставени и на најсоодветните места, односно при влез-излез на самата паркинг зона, а и просторот за паркирање е поголем од вообичаениот и поудобен за потребното маневрирање на родителите или трудниците“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Засега, додаде тој, вакви „безбедни зони за паркирање“ за бремените жени и за родителите на деца до тригодишна возраст, се обезбедени во општините Центар, Чаир и Велес, во станиците за технички преглед на АМСМ, но и во речиси 12 зони за паркирање на јавното претпријатие „Градски паркинг“.

„Ќе издвојам неколку локации – во Клиничкиот центар, за Клиниката за гинекологија и акушерство каде што имаме обележани четири вакви паркинг-места. Пред болницата „8.Септември“ имаме уште три, а исто толку обезбедивме и пред Зоолошката градина. Или, во рамките на „Градски паркинг“ засега имаме вкупно 27 вакви паркинг-места. Лично се залагам оваа бројка во иднина значително да ја зголемиме. Воедно работиме и на зголемување на бројот на обележани паркинг-места и за лицата со посебни потреби. Засега, проектот е малку повеќе сконцентриран во Градот Скопје, со оглед на зголемениот сообраќај и недостигот од паркинг-места. Но, многу скоро истото ќе се реализира и во други општини, како Охрид, Велес, Битола, Тетово, Штип, Куманово, односно во поголемите градови каде што учесниците во сообраќајот се соочуваат со истиот недостиг од паркинг-места“, најави Шилегов.

Промовирани огласи »

Според најавите на премиерот Зоран Заев, во четвртиот пакет економски мерки, еднократна помош од државата не треба да очекуваат активните баратели на работа, кои добиле пари со третиот сет мерки, туку државни пари на картичка ќе добијат само пасивните баратели на работа.

Според податоците на Агенцијата за вработување, во август имало 144.759 невработени, кои се пријавуваат како активни баратели на работа и кои секој месец редовно се евидентираат. Како пасивни баратели на работа, или други лица што бараат работа, во август имало 84.059 невработени и тие имаат обврска за пријавување во Агенцијата еднаш на шест месеци.

Во изминатиов период, пак, како што пишуваше „Слободен печат“, многу невработени што досега не се пријавуваа во Агенцијата за вработување, поитаа да се пријават, и тоа како активни баратели на работа очекувајќи дека во овој пакет на мерки ќе има пари за нив. Дел од пасивните баратели на работа, пак, се префрлиле во активни баратели, затоа што минатиот пат пари имаше само за нив. Според нашите сознанија, за спроведување на оваа мерка во четвртиот пакет, ќе има некој датум што ќе биде граница до која ќе се земат предвид податоците за пасивни невработени што ќе добијат државна помош.

За разлика од претходно, кога невработените добија по 9.000 денари, сега сите платежни картички се по 6.000 денари.

– Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените што се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници. Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а за што навремено и со право реагираа претставниците на студентите. Плус поддршка за ученички и за студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Секако, ќе ги помагаме и оние граѓани што се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи. Со тоа, оваа мерка опфаќа 283.000 наши граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

Промовирани огласи »

Во врска со настанот „Бела ноќ“, министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека нивните информации се дека мерките се почитувале во рамките на организацијата, значи гостите седеле согласно препораките, столчињата биле на соодветна дистанца, но мерките не се почитувале надвор од организираниот простор.

– Во таа смисла најавивме претходните денови дека ќе преземеме и дополнителни рестриктивни мерки, а една од нив е целосна забрана за настани, ако видиме дека ова ќе продолжи. Многу земји во светот ги откажуваат настаните и концертите за практично цела 2021 година, стравувајќи од непочитување на мерките. Интензивно ќе следиме и ќе видиме што ќе преземеме, додаде Филипче.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »