Во денешно време сите знаеме дека културата на компанијата игра важна улога во компаниите кои одат кон дигитална трансформација.
Ова е посебно важно за маркетинг департментот, кој се менува со толкава брзина што успехот во делот на маркетингот во голема мера зависи
од успехот на HR да препознае и пронајде нови вештини. Од друга страна и успехот во HR се должи на помошта од маркетингот.
1.Натпреварувајте се за талентите како што компаниите се натпреваруваат за клиенти.
Кога потенцијален вешт апликант за работа проверува компанија, првото место се социјалните мрежи како Facebook и LinkedIn.
2.Обратете доста внимание на корисничкиот интерфејс.
Како апликант за работа би сакал да пополнам формулар и потоа да имам пристап до некој во живо преку чат или веб видео.
Ова е честа пракса при корисничка подршка.
3.Бидете човечни. На крајот во ова дигитално време најчовечните компании ќе победат.
Имаме фантастични прилики преку технологии да ги симнеме бариерите меѓу луѓето.
4.Изградете бренд начини кои ќе ја презентираат вашата порака.
Во реалноста, тоа не се случува често. Социјалните мрежи изгледаат добро, но во реалноста, успехот не е загарантиран.
Кој сака да ја објави компанија за сточна храна на Твитер или Фејсбук?
5.Обидете се со контекстуални реклами.
Денес било каков вид на маркетинг обично има платена промотивна компонента.
Ако ние се обидуваме да привлечеме вработени наместо клиенти, зошто да не го правиме истото?
Постојат луѓе кои зборуваат за нивните онлајн работни искуства цело време.
6.Размислувајте стратегиски за околностите.
Одлуката на купувачот во големо зависи од одредени услови и околности.
Тие може да гледаат реклами, да пребаруваат информации на интернет, или да разговараат со пријателите.
Пазарот треба да се обиде да има некој вид на содржината на чекање за клиентите на секој чекор од нивното патување.
7.Користете маркетинг влијание.
Ние брзо се движиме кон свет во кој рекламите се блокираат или игнорираат, но луѓето се уште сакаат да добијат информации од интернет личностите на кои им веруваат.