Промовирани огласи »

Најновото истражување го потврди следново: состојбата на нашето внимание ја одредува состојбата на нашите животи. Па како тогаш да го свртиме целото наше внимание кон нешто продуктивно, да бидеме фокусирани повеќе а расеани помалку? Крис Бејли, автор на неодамнешната книга „Хиперфокус“, зборува за тоа како нашата способност да се фокусираме е клучот за продуктивноста, креативноста и живеењето на значаен живот.

Промовирани огласи »

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири верува дека сите 1.300 вработени, познати по тоа дека со години седат дома и земаат плата, ќе ги прифатат новите работни места кои ќе им се понудат откако ќе биде изгласан законот за нивно прераспределување што го утврди Владата на последната седница.

По стапувањето на сила на законот, министерството за политички систем и Министерството за информатичко општество и информатика ќе ги вкрстуваат податоците за да се увиди професионалната подготовка на сите кандидати, но ќе се земат во предвид и годишните планови за 2021 година, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање.

Освен соодветното образование и професија, ќе се гледа и на тоа и нивното место на живеење да се поклопува со локацијата на институцијата која ќе има потреба да превземе вработени според овој закон.

Шаќири се надева дека на крајот сите, односно најголемиот дел од 1.300-те вакви случаи ќе ја прифатат понудата. Тој уште еднаш предупреди дека ќе имаат втора шанса да прифатат редовно работно место преку трансфер-листата на МИОА, ако не бидат ангажирани уште во првата фаза, но доколку одбијат и тогаш, тоа ќе значи крај на нивниот работен однос.

Шаќири нема одговор на тоа колку долго ќе може тие да чекаат на трансфер-листата на МИОА без да прифатат активно вработување, но рече дека тоа ќе биде пропишано во законското решение.

Промовирани огласи »

Многу пати знаеме да ја споредиме потрошувачката кошничка од денеска и од пред неколку години. Се сеќаваме на времето кога парите имаат друга важност и кога илјадарката имаше друга вредност. 

-Порано со 1.000 денари кога ќе влезев во маркет, ќе испаразев речиси за половина месец. Излегуваш од марет со колица, а денеска со 1.000 денари можеме да купиме за основни намирници, како леб, млеко, јогурт, и да излеземе со полупрана ќеса, вели Нада од Аеродором. 

Постојаните информации дека нето платата на месечно ниво се зголемува, наидува на остри реакции од страна на граѓаните. Вечна тема помеѓу граѓаните е куповната моќ и стандардот. Институциите објавуваат дека има подобрување на состојбите, но граѓаните велат дека се уште не почуствувале промена во однос на подобрување на квалитетот на животот.

Сепак во однос на минималната синдикална потрошувачка кошничка пресметката вели дека доколку во семејството има само еден вработен ќе недостасуваат 8 илјади денари за набавка на основните животни потреби. Синдикатот пресметал дека за набавка на храна ,пијалоци, лекови, подмирување на режиските трошоци, за превоз, посета на културни манифестации , и купување на облека и лекови месечно се потребни нешто над 32 илјади денари.
 

Промовирани огласи »

Дури 64 отсто од од Окфордската и вакцината на АстраЗенека ќе бидат дистрибуирани во посирмошаните земји, односно земјите во развој, но според Алијансата People’s vaccine тоа не е доволно за да се стекне со потребната имунизација светската популација и реално да се заштити од Ковид-19. Алијансата истовремено предупредува дека богатите држави веќе имаат обезбедено, односно ги имаат купено речиси сите дози вакцини од компаниите Фајзер и Бионтек, како и од Модерна, заради што во сиромашните држави нема да има имунизација со вакцините кои обезбедуваат најголема заштита.

-Богатите земји со 14% од светското население имаат обезбедено 53% од севкупното количество на најразвиените вакцини против ковид-19. Само Канада има нарачано толку многу вакцини што пет пати ќе може да го вакцинира своето население. Ако нешто не се смени драстично, милијарди луѓе нема да добијат безбедна и ефективна вакцина против ковид-19, наведува People’s vaccine.

Инаку, во Велика Британија веќе од денеска започна имунизацијата со вакцината на Фајзер и Бионтек, а Алијансата напоменува дека, токму богатите западни земји откупиле дури 96 отсто од вкупното количество. Вакцината на Фајзер освен то е поскапа, исто како и на Модерна, бара посебни услови на чување, во медицински фрижидери на -70 степени. Токму поради ова, ваквите квалитетни вакцини се потешко достапни за сиромашните земји.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »