Промовирани огласи »

Само од 14-ти до 18-ти декември во сите Нептун продавници има супер акција Happy Hours со огромни попусти и најдобри понуди! Ајде во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Покрај оваа акција Happy Hours со огромни попусти, во Нептун има уште многу други активни промоции со кои се опфатени голем број на производи од сите продуктни категории со попусти и до 24 рати без камата! Во промоциите секој ќе може да си најде нешто за себе и за своите најблиски како подарок за празниците што следат. Изберете супер подароци од активните промоции за смартфони, телевизори, ИТ опрема, апарати за домаќинство или пак апарати за лична нега и убавина и изненадете ги вашите најблиски.

Нептун Македонија периодов претстави нова маркетинг комуникација преку зборот „АЈДЕ“ и новиот слоган „ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН“. Зборот „АЈДЕ“ кој е карактеристичен за ова поднебје, е покана, поттик за купувачите да влезат во НЕПТУН светот и преку нивните работни процеси да им овозможи на потрошувачите подобар живот. „АЈДЕ“ значи „АЈДЕ во Нептун“, „АЈДЕ дојди кај нас“, „Ајде истражи“, „АЈДЕ купи на рати без камата“ и многу повеќе. Значи, за подобар квалитет на живот, кој подразбира комфорт, удобност, избор, заштеда на време, пари, АЈДЕ, посети го Нептун! АЈДЕ! – ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН.

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Промовирани огласи »

Во новата 2021 година граѓаните повторно ќе можат да ги плаќаат сметките во пошта. 

Од први март плаќањата ќе се реализираат со пониски провизии, а договорот со Халкбанк се очекува да биде потпишан до крајот на годината. Директорот на Пошта, Јани Макрадули изјави дека враќањето на репутацијата која порано ја имаше Пошта е приоритет. 

Владата ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје во согласност со двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за Пошта на Македонија со 29 отсто за Халкбанк АД Скопје.

Во август пропадна Еуростандард банка, по што граѓаните не можеа да ги плаќаат сметките во пошта. 

Промовирани огласи »

Главниот мозок кој стои зад SpaceX, Tesla и The Boring Company е познат по тоа дека е напорен работник. Маск има немирна потрага по знаење и талент и постојано сака да стекнува  знаење од низа различни дисциплини.

Маск го нуди својот клуч за учење и задржување на нови информации.

„Важно е да се гледа на знаењето како вид на семантичко дрво - проверете дали ги разбирате основните принципи, односно стеблото и големите гранки пред да почнете од лисјата / деталите затоа што ако го прескокнете стеблото и гранките, лисјата нема да има каде да висат. "

Изјавата на Маск е спротивна на многу традиционални совети кои што тврдат дека за да станете успешни, мора да се специјализирате и да станете вешти во едно поле. „Познавачот на сите занаети не е господар на ништо“ вели една стара поговорка. А сепак, Маск многу пати докажал дека не само што е можно, туку е и профитабилно да се има пошироко познавање.

„Стручен генералист“ по дефиниција е некој со капацитет да има многу добро познавање од различни дисциплини, индустрии, вештини и теми. Полиматите низ историјата, како што се Леонардо Да Винчи, Томас Едисон и Никола Тесла, користеа иновативно широко знаење од различни области.

Концептот на „Семантичко Дрво“ на Маск

Концептот „семантичко дрво“ се однесува на темелно разбирање на основните принципи за да можете да го изградите своето учење врз солидна основа. Маск широко читал уште од адолесценцијата за да ја задоволи својата жед за знаење, а воспоставувањето разновидна и методична навика за читање е корисна техника на учење за секој оној кој сака да стекне пошироко знаење.

Еве едноставен процес во 4 чекори кои ќе ве приближат до ова учење:

  1. Идентификувајте го предмет кој ве интересира. Пронајдете неколку воведни лекции или извор на неколку основни текстови како што се додипломски учебници или реномирани написи за списанија за да добиете солидно знаење на основите.
  2. Пишувајте белешки. Сумирајте ги клучните факти и идеи со свои зборови за да бидете сигурни дека сте разбрале што сте прочитале. Препрочитајте ги белешките сè додека не ви прават смисла.
  3. Проширете го вашиот опсег. Откако ќе ги добиете основите од еден текст, побарајте дополнителни ресурси преку препораките и наводите на вашиот оригинален извор за учење.
  4. Тестирај се. Ако информациите што сте ги научиле се практични, испробајте ги во реалниот живот. Ако е теоретски, обидете се да му објасните со едноставни зборови на пријател или колега за да го проверите вашето разбирање.

Проширувањето на вашето разбирање за различни области може да биде корисно и за личен и за професионален план. Можеби ќе откриете дека, всушност, уживате да бидете познавач на различни теми.

Промовирани огласи »

Иако електричните возила испуштаат до 9 проценти помалку ПМ10 честички, кај ПМ 2,5, кои се поопасни за здравјето, ситуацијата се менува.

Употребата на електрични автомобили ги намалува емисиите на СО2 и азотни оксиди, поради што многумина ги сметаат за спасители на нашата планета.

Можеби се навистина корисни за планетата, но според објавената студија на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), тие предизвикуваат уште еден проблем - тие се поопасни за здравјето на луѓето.

Електричните автомобили со поголема автономија испуштаат ситни суспендирани честички кои се формираат како резултат на абење на гумите и сопирачките или ерозија на материјалот од кој се направени сопирачките.

Оваа ситна прашина (PM2.5) е опасна за респираторниот систем кај луѓето.

Зошто е тоа така? Масата на електрични автомобили е многу поголема од оние со дизел или бензински мотори.

На пример, Volkswagen Golf 8 тежи околу 1.300 kg во основната верзија, а електричниот Volkswagen ID.3 (слична големина) дури 1.600 kg.

Иако електричните автомобили го користат самиот електромотор за да забават, таа маса треба да се запре, така што има повеќе триење помеѓу гумите и патот, поради што растат емисиите на мали честички, може да се најде во регионалните медиуми.

Од една страна, електричните возила испуштаат до 9 проценти помалку ПМ10 честички, но со ПМ2,5, што е поопасно за здравјето, ситуацијата се менува.

Електричните возила со автономија при возење до 160 км (што е релативно мало) испуштаат до 13 проценти помалку честички од бензинот и дизелот, но возилата со автономија од околу 480 км испуштаат осум проценти повеќе бидејќи нивната тежина, како резултат на поголемите батерии, значително се зголемува.

Сето ова е придружено со зголемено абење на гумите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »