Промовирани огласи »

Доколку сте во потрага по нова работа, во продолжение Ви ги претставуваме дел од компаниите кои имаат отворени работни позиции на KARIERA.mk. Не ја пропуштајте можноста, аплицирајте и станете дел од тимот на овие реномирани компании.

Зегин ДОО најголемата и најуспешната веледрогерија кај нас поради проширување на својот тим има потреба од:
ФАРМАЦЕВТ И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР СКОПЈЕ
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР БЕРОВО

СИСТЕМ ОПЕРАТОР
ХИГИЕНИЧАР - ЗА ДИРЕКЦИЈА

ХИГИЕНИЧАР - СКОПЈЕ

Eуроимпекс ДОО екслузивниот застапник за брендовите PEUGEOT и OPEL на териториите на С.Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија е во потрага по:
ФИНАНСОВ ДИРЕКТОР
РЕФЕРЕНТ ЗА ЛОГИСТИКА
ПРОДАЖЕН СОВЕТНИК
ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

Semos - водечкиот провајдер за IT решенија во нашата државa има отворена работна позиција за .NET WEB DEVELOPER да изгради софтвер со употреба на јазици и технологии на .NET рамката и .NET Core.

Согласно потребите за проширување на компанијата, Неоком како лидер на македонскиот пазар за напредни ИКТ решенија има отворени работни позиции за: 
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИКТ ПРОДАЖБА ВО ПРОДАЖБА
СИСТЕМ ИНЖЕНЕР ЗА СЕРВЕРСКА ИНФРАСТРУКТУРА ВО СИСТЕМ ИНТЕГРАЦИЈА
СИСТЕМ ИНЖЕНЕР ЗА МРЕЖИ И БЕЗБЕДНОСТ ВО СИСТЕМ ИНТЕГРАЦИЈА

Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, има потреба од нови вработувања за извршување на работни задачи на работното место:
ИНЖЕНЕР ЗА ДИЗАЈН И КОНСТРУКЦИЈА

Алма-М долгогодишен лидер на пазарот кој се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка поради проширување на својот тим има потреба од: АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА

Промовирани огласи »

Приватната болница „Аџибадем Систина“ е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од ковид-19, соопшти болницата.

Вчера на Фејсбук страницата на болницата осамна објава во која се вели дека медицинскиот персонал е подготвен да им помогне на дечињата кои имаат ковид-19 со бесплатно лекување на третманот.

Болницата бесплатно ќе ги лекува сите деца до 18 години на кои им е потребна хоспитализација поради ковид-19 велат од „Аџибадем Систина“.

Досега само болницата Козле, од средина на месец јуни, функционираше како Центар во кој се лекуваат деца и пациенти со ковид-19.

Промовирани огласи »

Kако дел од претходно објавените планови за преструктуирање кои беа забрзани од пандемијата на коронавирусот, Кока Кола ќе отпушти 2.200 вработени од својата глобална работна сила.

Портпаролот на компанијата изјави дека намалувањето на работните места ќе се случи преку комбинација на доброволно откупување и присилно отпуштање.

Овој потег ќе ја чини оваа компанија меѓу 350 и 550 милиони долари.

Портпаролот не прецизирал колку вработени би биле погодени во одделни оперативни единици и не открил за бројот на вработени кои ја прифатиле програмата за доброволно раздвојување на компанијата.
Овој потег следи откако Кока Кола во октомври донесе одлука да го преполови бројот на своите брендови. Оваа година исфрли повеќе брендови со послаба продажба, вклучувајќи ги Tab, Zico coconut water, Diet Coke Fiesty Cherry и Odwalla.

Компанијата соопшти дека ќе ги искористи заштедите за да инвестира во растечки брендови како сокови Minute Maid и Simply и да финансира лансирање на нови производи како Топо Чико Хард Селцер, Кока-Кола Енерџи и газирана вода Аха. Кока Кола, исто така, ги намалува деловните сегменти од 17 на девет.

 Вкупниот глобален биланс на компанијата до крајот на 2019 година беше 86.200.

Промовирани огласи »

Според податоците на Еуростат, Македонија е трета најсиромашна земја во Европа. Посиромашни од нас се само Албанија и БИХ се најсиромашните земја во Европа со БДП што е околу 31% од просекот на ЕУ.

Ова значи дека на овие земји ќе им требаат децении за да ги достигне економските стандарди на остатокот од ЕУ и имаат слаб економски потенцијал.

Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93% над просекот на ЕУ. Другите врвни резултати се на Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија.

Во однос на земјите-членки на ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47% од просекот на ЕУ.

Земјите од Западен Балкан според Еуростат котираат слабо со тоа што Босна и Херцеговина тесно ја надминува Албанија, а Македонија има трет најнизок БДП. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »