Систем Инженер за серверска инфраструктура во Систем Интеграција

За компанијата: Формиран во далечната 1990 година како акционерско друштво со целосно македонски капитал, Неоком е една од водечките бизнис ИТ компании. Низ годините се оформи како пример и за останатите ИТ компании... повеќе за компанијата »

Согласно потребите за проширување на компанијата, Неоком како лидер на македонскиот пазар за напредни ИКТ решенија има отворени позиции за:

 

Работна позиција: Систем Инженер за серверска инфраструктура во Систем Интеграција

Работни обврски:

  • Имплементација на инфраструктурни решенија од производителите HPE, Dell technologies, Microsoft и VMware
  • Имплементацијана решенија базирани на HCI ( Hyper Converged Infrastructure) технологија
  • Изготвување на предлог решенија, presales активности со корисниците и поддршка на продажниот тим
  • Изготвување на технички документации за имплементираните решенија
  • Континуирана официјална едукација од производителите на опремата и решенијата
  • Давање на предлози за унапредување на тековната работа и портфолио на услуги и решенија

Потребни квалификации:

  • Стекнато високо образование од факултетите ФЕИТ, ФИНКИ или сродни
  • Активно познавање на Англиски јазик (говорен и пишан)
  • Активен возач со возачка дозвола “Б” категорија
  • Работа со Microsoft Office и Office 365 пакетите
  • Подготвеност за постојано професионално усовршување
  • Предност имаат кандидатите со искуство и активни сертификати според потребите за работната позиција

Нудиме:

  • Динамичка средина исполнета со континуирано професионално усовршување преку сертифицирани обуки од самите производители на опрема и решенија
  • Посета на светски меѓународни конференции за професионално усовршување и претставување на компанијата
  • Тимска работа и колегијалност
  • Здрава работна атмосфера и бенефиции

 

Доколку сметате дека се квалификувате за бараната работна позиција, испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои се квалификуваат за потесен избор ќе бидат контактирани. Огласот трае до 29.12.2020-та година. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »