Промовирани огласи »

Од овој викенд, службите на Инспекторатот на град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во Скопје Зоо. Санкционирани ќе бидат и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките.

Под мотото „Подарете љубов, а не храна“ Скопје Зоо ја  започнува кампањата за заштита и благосостојба на животните во Зоолошка градина Скопје. Низ годините многу несовесни посетители фрлаат храна која е несоодветна и штетна за нив и покрај таблите со кодекс на однесување кои се поставени на влезот и низ градината, каде јасно е истакнато се она што е  забрането.

За потсетување, во Скопје Зоо, строго забрането е хранење и допирање на животните, било какво вознемирување на животните и фрлање предмети и отпадоци во нивните живеалишта, тропање по оградите и стаклата, прекачување преку огради и влез во забранети зони. Нашите животни имаат свои таблички за исхрана и секоја храна надвор од тоа е штетна за нив. На пример, имаме животни дијабетичари кои не смеат да јадат банана, портокал и јаболко, или пак голем дел животни за кои зелката е најштетна, велат од скопската зоолошка.

Доколку посетителите сакаат интеракција и хранење на животни, за тоа постои делот Бејби Зоо, каде под надзор на вработени секој посетител добива пакетче храна за животните и може да ги погали и одблизу да се запознае со процесот на чување на миленик.

Секако ги потсетуваме сите кои сакаат да хранат животни, дека на улиците има многу бездомни кучиња и мачиња, како и птици кои се гладни, па доколку ги нахранат со соодветна храна ќе направат хумано дело, додаваат тие.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина.

Станува збор за 100.000 дози и преку претставници од Руската амбасада, ќе се обидеме да добиеме информации кога поточно би пристигнале во нашата земја. Јас се надевам дека следните денови ќе ги имаме конкретните датуми, но засега сме во интензивни преговори, изјави Филипче.

Промовирани огласи »

Европските лидери денеска ќе одржат состанок на кој ќе се договорат за сертификат за граѓаните на Европската унија кои биле вакцинирани против Ковид-19, но извесно е дека членките на ЕУ не се согласуваат по ова прашање.

Сега кога вакцинацијата се зголеми низ цела Европа, некои европски влади, како што се Грција и Шпанија, бараат брзо усвојување на ЕУ-сертификат за оние кои веќе се вакцинирале, за да можат слободно да патуваат, јави Гардијан.

Сепак, како што се наведува, некои земји, како Франција и Германија, не се за таа идеја, бидејќи одлуката за сертификатот ќе ја направи вакцинацијата задолжителна и би значела дискриминација на луѓе на кои од одредени причини не им е дозволено или не сакаат се вакцинираат.

Франција, каде има силно движење против вакцинација, вети дека нема да ги принудува своите граѓани да се вакцинираат и смета дека идејата за пасоши за вакцинација е прерана.

Промовирани огласи »

И додека компјутерските програмери дефинитивно се на врвот на листата по износот на плати, на другата страна од оваа листа, на дното се вработените во заштитните и истражните дејности.

Во тој сектор платите во Македонија во декември 2020 биле најмали и изнесуваат во просек 15.933 денари .

Во листата со најниски примања се редат вработени во производство на кожа и слични производи од кожа каде просечната плата е 16.777 денари.

Следуваат туристичките агенции и туроператори и вработени во таа дејност со плати во просек од 17.189 денари.

Помали од просечните плати земаат и вработени во секторот подготовка на оброци и служење на храна, Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата , работници во производство на облека, мебел како и рибарство и аквакултура.

На оваа листа место си најдоа и работниците од производство на мебел и други.

28.294 денари е просечната исплатена плата во декември 2020.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »