Промовирани огласи »

Сите членови на Британското кралско смејство се јавни личности. Поради тоа, тие се секогаш јавно присутни на настани, дипломатски пречеци или патувања во странство. И покрај нивната отвореност постојат многу мистерии и неодговорени прашања околу тоа како навистина функционира ова семејство. 

  • На членовите на Британското кралско семејство им е забрането да играат монопол.

Во 2008 година, принцот Ендру, војводата од Јорк, раскажа дека на Кралското семејство не им е дозволено да играат монопол. Сè поради тоа што сметаат дека играта те прави „ премногу злобен“.

  • Кралицата Елизабета Втора обожава светли бои.

11 Little-Known Facts About the British Royal Family

Конзервативна во облекувањето, кралицата Елизабета Втора претпочита да додаде малку повеќе боја во нејзиниот стил на облекување. Така, таа често може да се види во јавноста како носи облека во светли бои: циклама, лимон жолта, светло сина.

„Не можам да носам облека во крем боја, бидејќи никој не може да ме препознае така“, објасни таа еднаш на еден од нејзините вработени. Изборот на светли бои за облеката на Кралицата се одредува не само според нејзиниот вкус и стил, туку и од фактот дека е полесно да ја препознаете во толпа.

  • Кралицата слави 2 родендени

Кралицата слави 2 родендени. Таа има официјален роденден што се слави на низа датуми во различни земји на Комонвелтот на нациите. Вториот е нејзиниот вистински роденден: 21 април, денот кога е родена во 1926 година. Кралицата претпочита да го слави својот вистински роденден приватно во нејзиниот семеен круг, но официјалниот е национален ден одбележан со парада и масовни прослави.

  • Оние кои не потекнуваат од кралски фамилии не смеат да ги допрат членовите на Британското кралско семејство

11 Little-Known Facts About the British Royal Family

И покрај тоа што е добро познат факт, правилото често се крши. Обично тоа се случува за време на состаноци со познати личности.

  • Членовите на Кралското семејство мора да ги прифатат сите понудени подароци

Етиката ги обврзува со искрена учтивост да ги прифатат сите подароци што ги понудил некој. За судбината на подароците одлучува кралицата затоа што сите подароци припаѓаат на монархијата.

  • Кралицата го одредува текот на секој вид состанок

Ако сте доволно среќни да вечерате со кралицата, мора да знаете дека штом кралицата го заврши својот оброк, секој мора да ги спушти својот сребрен прибор и да престане да јаде. Ова правило важи и за сите членови на Кралското семејство.

  • На кралицата на ѝ е потребен пасош за да патува

11 Little-Known Facts About the British Royal Family

Бидејќи британски пасош се издава во име на нејзиното височество, непотребно е кралицата да поседува свој кога патува во странство. Би било доволно да се покаже паричка или банкнота со нејзина слика, но дури и тоа не е потребно во реалниот живот. Треба да се напомене дека овој исклучок не се однесува на другите членови: сите други членови на Кралското семејство имаат пасоши.

  • Кралското семејство има свои извори на приход

Кралското семејство не живее исклучиво на сметка на државата. Постојат неколку извори на приход:

Финансиите најмногу доаѓаат од војводството Ланкастер. Портфолиото на земјиштето опфаќа трговски, земјоделски и станбени имоти. Добивката од војводството Ланкастер оди во Министерството за финансии, кое потоа ѝ дава средства на кралицата за да ги покрие трошоците кои не ги покрива суверениот грант. Кралицата поседува и личен имот, вклучително и куќата на Сандрингем во Норфолк, замокот Балморал во Абердиншир и други помали куќи.

Главниот извор на јавниот приход на Кралицата доаѓа од Суверениот грант - фиксен процент од профитот остварен од Кралскиот имот што датира од 1760 година. Според законот, вишокот приход од земјиштето на кралството оди во Министерството за финансии, а 15% оди кај кралицата.

Другите лични добра вклучуваат колекција на кралски поштенски марки, уметност, накит, автомобили, коњи и наследството од мајката на Кралицата, што додава уште доста на нејзиното лично богатство.

  • Кралицата може да вози државна кола без регистарски таблички 

11 Little-Known Facts About the British Royal Family

Кралицата е единствената личност во Велика Британија која го има ова право. Дури и за време на Втората светска војна, кога таа служеше како механичар-возач на брза помош. Од тогаш вози без дозвола. Очевидци кои ја виделе кралицата како вози, забележале дека Елизабета Втора не практикува да става појас.

  • Членовите на семејството мора да добијат дозвола за брак од Кралицата

Според последната ревизија на Законот за наследување, првите 6 лица кои се нашле на тронот на возраст до 25 години треба да добијат дозвола за брак од кралицата. Ако таа се спротивстави, нема да има свадба.

Промовирани огласи »

Вредноста на криптовалутата Биткоин е поголема од двете најголеми мрежи за плаќање со картички во светот, Виза и Мастеркард чија вкупна пазарна капитализација е 871 милијарди долари.

Според најновите податоци од пазарот на криптовалути, биткоинот моментално капитализира нешто повеќе од 1,0 трилиони долари. Дигиталната паричка од нула достигна пазарна вредност од 1.000 милијарди долари, 3,6 пати побрзо од „Мајкрософт“.

Биткоинот беше исто така минатата недела достигна рекордна цена од 61.700 американски долари, отколку вкупно трите најголеми банки во светот. Во тоа време, неговата пазарна капитализација се приближува на нивото од околу 1,15 трилиони долари, додека вредноста на „JPMorgan“, Bank of America и Industrial and Commercial Bank of China заедно изнесува 1,08 трилиони долари.

Извори од Економетрикс за анализа на крипто-пазарот велат дека на 13 март, вредноста на биткоинот била иста како 45 проценти од средствата на инвеститорите инвестирани во злато и дека тоа одговара на удел од 10 проценти од физичкиот пазар на злато како целина.

За навистина да го надмине златото, биткоинот треба да се тргува по цена од 590.000 американски долари, додаваат изворите.

Промовирани огласи »

Се наоѓаме во екот на третиот бран, бројот на заболени се золемува, но засега нема потреба од заострување на мерките, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. На пресконференцијата соопти дека во моментов има 11.889 активни случаи што е зголемување од 5.000 случаи во последниот месец. 

Утрово имавме координација на која се зборуваше за последните бројки, правевме анализи. Во оние градови каде имаше зголемување како што се Валандово, Крушево и Прилеп, сега иманамалување, но секако бројот таму е голем, а сега има зголемување на случаите во Скопје, Гостивар и Велес. Ве информирам дека оваа сегашна мерка треба да остане иста и нема да се надополнува. Следната недела ќе се види дали ќе треба нови мерки. За евентуално дополнителни рестрикции ако има потреба, ќе разговараме на состанокот во понеделник, рече Филипче. 

Информираше дека во болниците има 1.100 пополнети болнички места и рече дека пристисокот посебно во Скопје бил навистина голем за здравствените власти правеле  систем на менаџирање со сите директори, со директори од останати болници. Сите интерни клиники се ковид центри – има слбодни места и во функција е едно одделение во хируршки клиники кое до сега не беше активирано. 

Промовирани огласи »

Секој ден кога се појавувате на работното место може да начекате општ хаос или сосем различна ситуација од вчерашната. Шефот ти го отпуштиле, или колешката ја зела заслугата за твојот проект, во тимот се нарушени меѓучовечките односи и што ли уште не. Многу несекојдневни настани ќе обележуваат твојата кариера, но најчестите би биле преоптеретеност со обврски, помало вреднување на завршените обврски, итн. 

Добрите вести? Овие настани не мора да ве носат директно во мизерија. Најчесто овие пречки во работата може да се наутрализираат само ако знаете како да им пристапите. Следува преглед на 5-те најчести пречки на работното место.

Пренатрупаност со работа

Bridging the Expectation-Reality Gap to Eradicate Overwhelm at Work

Доколку бројот на работни обврски драстично пораснал во последниот период и се чувствуваш како да мораш да избереш меѓу завршување на сите обврски или квалитетно извршување на истите, што дури и одењето во тоалет ти претставува стрес, навистина е време да разговараш со твојот претпоставен околу намалување на бројката на работни обврски. 

Што да направиш...

Одбери момент кога твојот претпоставен не е во брзање и побарај да се видите. Објасни му дека бројката на работни обврски станала невозможна за менаџирање и зошто, на пример, одреден профил бара дупло повеќе внимание од претходно или си презел обврски од вработен кој дал отказ, па никој не се потрудил да ти намали од работата до тој момент. 

Објаснувањето зошто е тоа така може да оди во прилог на решението, зашто менаџерот така полесно ќе навлезе во контекстот на твојата поента. Потоа, предложи неколку можности за решавање на случајот. На пример, доколку имаш 3 работни обврски, објасни дека доколку две од нив ги завршуваш третата ќе изгуби на квалитет, или дека можеш да му помагаш на тој на кој би му била доделена третата, но не и целосно да зависи од тебе. Доколку твојот менаџер не смисли решение на овој проблем, ќе мора самостојно да предложиш опции кои би ти помогнале да бидеш најпродуктивен. 

Твојот менаџер дал или добил отказ

Претпоставениот кој постојано ја ценеше твојата работа и ти помагаше за повеќе успешни проекти го напушта работното место, а ти си загрижен дали и наследникот би се однесувал исто кон твојот труд, или едноставно дека нема да биде истата работна енергија како претходно. 

Што да направиш…

Остани смирен. Новиот претпоставен може да биде ист како претходниот, а можеби и подобар. Или пак може да испадне дека не можеш да работиш со него, но тоа не значи дека ќе остане така и откако доволно ќе се запознаете. Сепак, нема ништо лошо во тоа да си го средиш резимето и да бидеш подготвен за сите можни сценарија и да видиш како ќе биде без да преземаш драстични чекори. 

Во меѓувреме, она што можеш да го направиш е да работиш на случајот твојот оддел да работи без прекин, што може да ти помогне за подобрување на репутацијата на работното место. Исто така, важно е да пробаш да бидеш постојано од помош на новиот менаџер, оставајќи му простор да ја види твојата способност. Всушност, малкумина од нас сакаат да бидат вреднувани само според првите недели на новото работно место. 

Твојот менаџер не го забележува твојот труд

5 things you can do to stop being overwhelmed at work - Monsterindia.com

Завршуваш еден тон обврски, постојано привлекуваш нови клиенти и во сите сфери од работата си скоро најдобар, а ништо од ова не е фатено на радарот на твојот менаџер. 

Што да направиш…

Потребата за признание дека сте завршиле добра работа е природна појава, но реалноста е дека малкумина од менаџерите ја следат работата во детали како што самите го правиме тоа, така што најчесто ќе очекуваат од тебе да им кажеш што е сработено во текот на денот. Не чекај некој да ја препознае твојата работа, биди сам свој гласник! Можеби ќе ти биде непријатно сам да се фалиш, но само така твојот менаџер ќе има претстава што е точно сработено. 

Истакни ги клучните победи додека зборуваш и не се срами некогаш и да претераш. Не се работи за фалење, ако зборуваш на овој начин: „Клиентот беше презадоволен од тоа што сме го испратиле минатата недела, а дизајните кои му ги покажав само го потврдија продолжувањето на договорот.“ На овој начин се пренесуваат информациите за тоа што е сработено и како клиентот реагирал на истото. 

Сепак, пренесувањето на информациите не значи дека постојано треба да ја кажуваш секоја ситна пофалба во однос на работата, задржи се на клучните елементи за да го оформиш позитивно генералното мислење за твојата работа. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »