Промовирани огласи »

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција. Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија на република Северна Македонија.Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, кои работат во над 130 филијали во четири европски земји -Бугарија, Романија, Македонија и Шпанија.

Имаат отворено 5 нови работни позиции:

AГЕНТ ЗА НАПЛАТА ВО ТЕРЕН

ОФИС МЕНАЏЕР - ФИЛИЈАЛА ДЕБАР

ОФИС МЕНАЏЕР-ФИЛИЈАЛА ТЕТОВО

ОФИС МЕНАЏЕР- ФИЛИЈАЛА СКОПЈЕ

ТИМ ЛИДЕР-ФИЛИЈАЛА СКОПЈЕ

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Имаат отворено 5 работни позиции:

ЛЕПАЧ НА ДЕКЛАРАЦИИ

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - ШТИП И СТРУМИЦА

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници.

Имаат отворено 2 работни позиции:

SOHO SME ACCOUNT MANAGER

CUSTOMER SERVICE INTERN

Винарската визба Тиквеш е предводник на винската индустрија во регионот и е препознатлив бренд во светот, бренд со кој се гордееме сите. Успешната приказна за нивната компанија ја градат со децении, континуирано вложувајќи во технологија, развој и унапредување на човечките ресурси. Како дел од нивниот внимателно дефиниран план за раст и развој на организацијата, во потрага се по успешни, енергични и посветени кандидати кои би им се придружиле.

Имаат отворено 3 работни позиции:

СОРАБОТНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО - КАВАДАРЦИ

СОРАБОТНИК ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ - КАВАДАРЦИ

СОРАБОТНИК ЗА ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА

KARIERA.mk е сервис за поврзување на компаниите со кандидатите за вработување и им помага на кандидатите да ја најдат вистинската работа со тоа што може да аплицираат на активните огласи со само 1 клик.

Промовирани огласи »

Вработениот Германец во просек  работи по 41 час неделно. 

Постојаните вработени во Германија сè уште работат, во просек, 41 час неделно. Тоа е само околу 25 минути помалку отколку веднаш по обединувањето на двете Германии во 1991 година, објави Федералното биро за статистика на оваа земја, пренесе „Шпигел“. Процентот на вработени лица кои поминуваат повеќе од 48 часа неделно на работа е сè уште сличен, 9,7 проценти. Пред скоро три децении, според тврдењата на Федералното биро за статистика на Германија, бројот на оние што „горат на работа“ бил нешто поголем – 10,3 проценти. Во оваа група најчесто се менаџери и самовработени.Оние кои се ангажирани со скратено работно време, работат по 19,5 часа неделно. Со вкупен удел на флексибилно работно време од 49 проценти, Германија, како што наведува Шпигел, е значително подобра во споредба со просекот на ЕУ од 39 проценти.

Промовирани огласи »

Eвропската економија е во рецесија. Ова го покажуваат податоците на Евростат. Бруто домашниот производ во еврозоната се намали за 0,6 проценти во првото тромесечје од 2021 година. 

По големиот  пад во четвртиот квартал од 2020 година, сега имаме нов пад, и тоа покажува дека економијата на 19-те членки е во рецесија. Два последователни квартали на негативен економски раст се дефинираат како техничка рецесија.  Еден од факторите за забавување на економијата е бавното воведување на вакцини и долготрајната блокада. Вториот фактор е помалата државна помош за економијата.

Во меѓувреме, Западен Балкан излегува од рецесија, според Светска банка. 

Државите кои се соочија со силна рецесија поради пандемијата, до крајот на годинава можат да очекуваат постепено закрепнување и економски раст од над 4 отсто.

Промовирани огласи »

Дигитални здравствени пропусници во ЕУ ќе почнат да функционираат од јуни. 

Пропусницата, издадена од лекар или здравствена установа, ќе содржи QR-код со информации дека патникот е вакциниран против коронавирусот или е негативен на тестот. Испечатен на хартија или зачуван во апликација на смарт телефон, кодот ќе биде доказ дека сте имуни.

Апликацијата ја изработуваат членките на ЕУ. Франција веќе тестира апликации за летовите. Тимот на „IBM“ во Германија развива апликација за корисниците и втора „контролна“ апликација што ќе ја користат, на пример, стјуардесите или полицајците на границите. Зелената боја ќе значи дека пропусницата е автентична, а црвената не.

Европската комисија планира да распише тендер за централен систем што ќе овозможи поврзување на различни национални апликации и на тој начин да се обезбеди патување меѓу членовите. Треба да се утврди како ќе се третираат патниците надвор од ЕУ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »