Промовирани огласи »

Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” на Град Скопје, е   современ образовен центар за едукација на кадри од машинска, електротехничка и сообраќајна струка.  Учениците своите знаења и вештини кои денес се барани на пазарот на труд ги стекнуваат восовремено  опремените училници, кабинети, работилници за практична настава  и реалните училишни компании.

Центарот   ја шири својата мрежа на социјални партнери  преку кои ја промовира  определба за стекнување  вештини на учениците во реални услови кај познати работодавачи.

Долгогодишната соработка со реномираната компанија Ван Хоол  Македонија резултираше со реализирање на идејата за нов начин на  образование на потребните кадри преку дуалното образование, кое во тој момент сеуште не беше актуелно во нашиот образовен систем. Конечно во учебната 2019/20 година  беа завршени сите претходни активности за запишување на ученици во новиот образовен профил од машинска струка - Монтер на мотори и моторни возила. На овој начин  компанијата  Ван Хоол Македонија и АСУЦ станаа промотери на дуалното образование во нашата земја.

Искуството на оваа компанија која повеќе од 65 години ужива висока репутација за дизајнирање и производство на високо-квалитетни и современи возила, несомнено значи подобрување на квалитетот на стручното образование. Со работна сила од преку 4.000 вработени во Македонија и Белгија „Ван Хоол” е еден од најголемите производители на автобуси во Европа која нуди комплетен опсег на автобуси за јавен превоз за меѓународниот пазар, воедно претставува место каде нашите ученици ќе бидат целосно инволвирани во процесот на производство односно ќе имаат можност практично да го применат знаењето стекнато во училиштето. Исто така, оваа соработка овозможи новите наставни програми да бидат изработени од наставниците од АСУЦ  и инженерите од Ван Хоол Македонија, се со цел да се подготват  учениците како  идна  квалификувана работна сила. Несебичното вложување од страна на Ван Хоол Македонија во овој проект, не само во делот на пракса туку и во опремувањето на работилница во рамките на центарот, прави видлива разлика во квалитетот на наставната програма што игра голема улога врз квалитетот на учениците кои завршуваат тука.

Сите се едуцираме, за да стигнеме до целта обезбедување  на сопствена финансиска независност, сигурна иднина. Овој проект го овозможува тоа.

Во прашањата кои само по себе се наметнуваат и одговори од одговорните кои се виновни за иднината на сите нови ученици запишани во стручното техничок училиште АСУЦ Боро Петрушевски ќе дознаете нешто повеќе за целиот проект.

1. Зошто учениците треба да изберат средно стручно училиште?

Стручното образование обезбедува специфични вештини за учениците кои се образуваат за потребите на пазарот на трудот, во насока на унапредување и јакнење на економијата. Економската специјализација по завршување на основното образование е добра пракса на високо развиените европски држави , чиј пример треба да се следи.

2. Колкав е интересот кај учениците за дуалното образование воопшто?

Мал е бројот на ученици и родители кои го знаат вистинското значење на дуалното образование  и  можностите кои ги нуди, поради што интересот не оној кој го очекувавме. Овој начин на образование промовира вредности кои можат да им обезбедат на учениците сигурна иднина, финансиска независност и професионален развој во својата земја. Се надеваме  иднината ќе покаже дека ова е вистинскиот начин на  образование на стручни кадри.

3. Што е тоа што треба да се направи за учениците да почнат повторно да ги избираат ваквите средни училишта?

Кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ која ја спроведува Министерството за образование и наука е вистинскиот начин да се приближи стручното  образование до учениците, родителите и компаниите. Во иднина го гледаме МОН како подршка на стручното образование за  опремување на стручните училишта со современи нагледни средства и  стручно  усовршување на наставниот кадар за работа со истите.  Да се најде решение со кое ќе се намали бројот на ученици во   паралелките, со што ќе се зголеми квалитетот на   наставата.

4. Зошто АСУЦ Боро Петрушевски?

АСУЦ „Боро Петрушевски“ е современо  опремен училишен центар во кој секој ученик има можност да стекне стручни  вештини  и да ги  усоврши истите во најпознатите  компании од  сродните области.  На учениците им се дава можност да учествуваат на  различни натпревари,   да остваруваат  стручна пракса во  европските земји. Долгогодишното учество во меѓународни проекти  претставува начин нашите ученици да се запознаат со други земји,  култури, да воспостават контакти со своите врсници  од многу европски училишта.

5. Што може да работат после завршувањето на средното училиште?

По завршување на  образованието во АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје учениците во зависност од образовниот профил може да работат  во сервиси за моторни возила, автомобилска  индустрија, салони за автомобили, служби за помош на патиштата, транспортни, сообраќајни, осигурителни, проектантски и шпедитерски организации, заводи за вештачење, логистички и  транспортни центри, складишта, брокерски друштва; агенции; карго и контејнерски терминали, а може да продолжат со водење на мал бизнис.

6. Вашата порака до родителите на учениците која оваа година го завршуваат основното образование?

Родителите имаат сериозна одговорност да ги насочат своите деца да ги следат  своите интереси во правец на градење на нивната посигурна иднина. Стручното обрзование нуди многу можности за тоа, треба само да ги откријат.

7. Како започна соработката со ВАН ХОЛ Македонија?

Пред започнување на  изградбата на фабриката Ван Хоол Македонија, во почетокот на 2012 година сопствениците на  компанијата од Белгија го посетија нашиот Центар со цел да се информираат за кадрите кои  ги образуваме и кои би можеле да одговараат на нивните потреби.  Тоа беше  почетокот. Потоа, како се развиваше  компанијата во Македонија, така растеше и нашата соработка, прво со групни посети на нашите ученици и наставници на  компанијата, а потоа и  во делот на обезбедување на ученици за реализирање на  практичната настава во погоните на Ван Хоол Македонија. Во меѓувреме  започнавме со реализација и на феријалната пракса за нашите ученици. Сите овие активности беа проследени и со соодветни вработувања на нашите завршени  ученици  во Ван Хоол Македонија. И како најзначајна придобивка на целата наша долгогодишна соработка беше формирањето на дуалната паралелка Монтерот на мотори и моторни возила.

Оваа соработка секако нема тука за застане, ние продолжуваме со нови идеи и нови предизвици .

Промовирани огласи »

Заврши јавниот повик за пријавување на сите категории и лиценцирани угостителски објекти за сместување и туристички агенции, кој траеше до 31 мај, се финализира и списокот на хотели и сместувачки капацитети во кои граѓаните со ниски приходи ќе можат да ги искористат ваучерите за летен одмор. Имаше голем интерес на хотелите, а сега на ред се да се пријават граѓаните за ваучер од 200 евра за летен одмор.

Главната цел е да им се овозможи годишен одмор на лицата со ниски приходи а истовремено да им се помогне на туристичките центри да го зголемат обемот на работа.

Годинава вредноста на ваучерот ќе изнесува 12.000 денари. Право на користење ќе имаат сите граѓани кои ќе се пријават, а чии месечни примања во семејството не надминуваат нето износ од 30.000 денари.

Заради поголема посетеност на домашните туристички центри, вредноста на ваучерот се дуплира особено по намалениот обем на работа во угостителската дејност, поради кризата со болеста.

Хотелиерите тријат раце затоа што туризмот конечно ќе се помести од точка на мирување. Традиционално, најпосакувани домашни летни дестинации се Охрид и Струга, потоа Дојран и Преспа, а секако да не ги изоставиме и хотелите во зимските туристички центри – Маврово, Попова Шапка, Берово и Пелистер.

Промовирани огласи »

Европската комисија предложи воведување дигитален идентитет што ќе им овозможи на граѓаните пристап до јавните и приватните услуги преку мобилен телефон. Дигиталните паричници ќе имаат високо ниво на безбедност и пристап до широк спектар на услуги.

Според предлогот на новата регулатива, земјите-членки на ЕУ ќе можат да им нудат дигитални паричници на граѓаните и компаниите, кои ќе можат да ги поврзуваат нивните национални дигитални идентитети и докази за други лични атрибути, како што се возачка дозвола, диплома, банкарска сметка, итн.

Дигиталните паричници ќе бидат достапни за сите граѓани на ЕУ, луѓето кои живеат во Унијата и европските компании. Граѓаните ќе можат да го докажат својот идентитет и да споделат електронски документи од нивните европски паричници за дигитален идентитет со еден клик на екранот на телефонот.

Со помош на национална дигитална идентификација, која ќе биде препознаена низ цела Европа, тие ќе можат да пристапуваат до услугите на Интернет, а големите платформи ќе мора да прифатат употреба на европски паричници за дигитален идентитет доколку корисникот го побара тоа, на пример, за да ја докажат својата возраст.

Корисникот секогаш ќе може да одлучи дали сака да користи европски паричник за дигитален идентитет.

Дигиталниот идентитет на Европа ќе ни овозможи да се однесуваме дома во секоја земја-членка, без дополнителни трошоци и со помалку бариери, без разлика дали станува збор за изнајмување стан или отворање банкарска сметка во друга земја. Покрај тоа, ќе можеме да го сториме тоа на безбеден и транспарентен начин. Ние самите ќе одлучиме колку лични податоци сакаме да споделиме, со кого и со каква цел, рече извршната потпретседателка на ЕК, Маргарет Вестагер.

Европските паричници за дигитален идентитет ќе им овозможат на сите Европејци пристап до мрежни услуги без употреба на приватни методи за идентификација или непотребно споделување лични податоци и ќе имаат целосна контрола врз нивните податоци.

На пример, ако една млада личност сака да се зачлени во клуб во кој можат да се зачленат само оние над 18 години, тие ќе можат да го покажат само датумот на раѓање без да откриваат други информации од дигиталниот паричник.

Со цел да се спроведе овој предлог што е можно побрзо, ЕК ги повикува земјите-членки да развијат заеднички пакет алатки до септември 2022 година и веднаш да ги започнат потребните подготовки.

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон рече дека дигиталните паричници ќе имаат високо ниво на безбедност и пристап до широк спектар на услуги. Преку нив, граѓаните ќе можат да комуницираат со националните администрации, на пример, да поднесат даночна пријава или да се запишат на универзитет.

Европските паричници за дигитален идентитет нудат нов начин за складирање и употреба на податоци за сите видови услуги, од пријавување до изнајмување автомобили. Станува збор за давање избор на потрошувачите, европски избор. Овој дигитален идентитет ќе донесе придобивки и за големите и за малите европски компании, бидејќи решенијата за безбедни и сигурни услуги за идентификација од овој предлог ќе им овозможат да понудат широк спектар на нови услуги, рече Бретон.

Промовирани огласи »

Како дел од кампањата на KARIERA.mk за жени претприемачи, разговараме со Катерина Селамовска, млад политиколог, основач и CEO на Lexion Group, фирма која се занимава со политички и маркетинг консалтинг.

За да созрее една бизнис идеја треба време, колку требаше за LeXion Group?

LeXion Group е компанија којашто е неодамна основана. Основањето на компанијата не беше долг и сложен процес.  Идејата беше присутна, но храброста беше пресудна.  Така за еден месец беше реализирана замислата за LeXion Group.

Како се одвиваше процесот од идеја до реализација?

Основање на LeXion Group произлезе од идејата на пазарот да се појави тим на млади ентузијасти, секој од нив подеднакво добар во својата бранша, коишто ќе дадат една подобра, современа и поинаква перспектива за подобрување на конкурентноста на брендовите и политичката стратегија.

Која е целта на LeXion Group?

Целта на LeXion Group произлегува од нашето мото е “Ништо освен најдоброто, не е доволно добро”. Оттука нашата цел е преку детално истражување на пазарот и стратешко планирање да им помогнеме на нашите клиенти да се развиваат и унапредуваат на деловен план, а со самото тоа да придонесеме за подобрување на деловната клима во Македонија. Исто така да послужиме како стимул и за другите млади да започнат свој бизнис, бидејќи на младите останува светот.

Каква нова вредност додава на пазарот LeXion Group?

Новата вредност на пазарот којашто ќе ја даде LeXion Group e тоашто конечно после долго време бизнис светот ќе биде “размрдан” од визијата на млади луѓе, кои ќе ги донесат новите трендови во нашето поднебје.

Што е потребно за да се создаде бренд?

За да се создаде бренд којшто ќе фигурира долг период на пазарот потребни се  истрајност и чесна работа.

Што им препорачувате на младите и амбициозни луѓе?

На сите млади и амбициозни луѓе кои се во потрага по успешна професионална кариера би им препорачала пред се да веруваат во себеси и да не се плашат да превземат ризик. Им препорачувам да се истрајни, упорни, да работат напорно за да ги реализираат своите цели и да учат од грешките. Само со овие квалитети успехот ќе биде загарантиран.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »