Петок 18 јуни е неработен ден за сите граѓани од православна вероисповед.
Станува збор за празникот Духовден кој верниците го слават во чест на починатите, а по него ни следува споен викенд дури на почетокот на месец август.
Ова се сите неработни денови кои преостанаа во 2021-ва година.
За сите граѓани на РМ
- 02 август (понеделник), Ден на Републиката,
- 8 септември (среда), Ден на независноста,
- 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
- 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
- 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед:
- 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
- 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
- 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
- 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
- 23 мај (недела), Национален ден на Власите,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.