Приправништвото настанало како институција на чиновничкото право односно управното право, како систем на работни односи. Целта на приправништвото е лицата кои се со одреден степен на стручна подготовка прв пат се вработуваат во текот на работењето да стекнат потребно искуство за да можат, потоа самостојно да ја извршуваат работата од својата струка.
Приправничкиот стаж трае најмалку една година, ако со закон поинако не е определено. Траењето на приправничкиот стаж на предлог на овластено лице може да се скрати најмногу до една третина од првобитното одредено трање.
Приправникот за извшената работа има право на плата во согласнот со критериумите за наградување утврдени со колективен договор, односно општ акт за наградување.
По завршување на приправничкиот стаж работниот однос му престанува, бидејки нема работа на која би можело да се распореди. Приправникот со кого е заснован работен однос на неопределено време, по истекот на приправничкиот стаж ( кој не може да трае подого од една година), и по положување на приправничкиот испит, се распоредува на работно место кое е во согласнот со неговата стручна подготовка и степен на образование.