Промовирани огласи »

 
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на Фејсбук објави инфографик преку кој јасно се гледа зголемувањето на инвестициите во противпожарната бригада за време на неговиот градоначалнички мандат.
 
Шилегов за време на својот мандат во противпожарната бригада за само 3,5 години (2018-2021) инвестирал 151,5 милиони денари, што е за 50% повеќе од сумата која ја инвестирал неговиот претходник Коце Трајановски во 8 години (2009-2017) која изнесува 101 милион денари.
 
Доколку ги пресметаме просечните годишни инвестиции, разликата е уште поголема. Имено Шилегов во противпожарната бригада има инвестирано во просек 38 милиони денари годишно, додека просечните годишни инвестиции во двата мандати на Трајановски изнесуваат само 11,2 милиони денари, што е речиси 3 и пол пати помалку во однос на инвестициите на Шилегов.
 
Основната нето плата на пожарникар во време на мандатот на Шилегов е зголемена за 20% и денес изнесува 22.540 денари,  додека во 2017 година, во време на мандатот на Трајановски изнесувала 18.705 денари.
 
Во периодот од 2018 до 2021 година во противпожарната бригада вработени се точно 41 нов пожарникар, а во тек е јавен оглас за вработување на 20 нови пожарникари, појаснува Шилегов.
 
Освен подобрувањето на нивните работни услови, инвестиравме и во набавка на нови возила и нова опрема, со која веруваме ќе можат да ги извршуваат своите обврски уште подобро со цел да се обезбеди целосна заштита на сите граѓани, додава Шилегов.

Промовирани огласи »

Според Агенцијата за заштита на лични податоци, визуелната проверка на сертификатите за имунизација, кои од 16 август ќе бидат потребни за влез на настан или во угостителски објект, е дозволена, бидејќи како што велат од таму, во овој случај нема обработка на податоците.

Доколку се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2 (по принципот „приложил или не приложил потврда“), таквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци и следствено не би претставувала злоупотреба на личните податоци, сметаат од таму.

Според агенцијата, обработка на лични податоци се смета секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

„Ако се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација од вирусот Sars-Cov-2 (без оглед дали е во хартиена форма или се чува на дигитален уред) и притоа не се задржуваат лични податоци при ваквата проверка, тоа не претставува „обработка на личните податоци“ и следствено, ваквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци“, додаваат од институцијата.

Промовирани огласи »

Пари Сен Жермен донесе уште една светска мегаѕвезда во својот тим после доаѓањето на Лионел Меси, кој во Париз потпиша двегодишен договор вреден 70 милиони евра, па парискиот гигант со тоа стана клуб кој има – ненормално најголем буџет за плати во светскиот спорт.

Меси ќе има плата од 35 милиони евра годишно, толку заработува и Нејмар, Мбапе е на 20 милиони, Рамос, Донарума се по 12, тука се Ди Марија, Верати, Хакими... Сега со Меси, буџетот само за првиот тим на клубот надмина 300 милиони евра или поточно 302,7 милиони евра.

Со ова ПСЖ стана прв клуб кој надминува четврт милијарда за плати, зашто досега број еден беше Реал Мадрид со 250 милиони, а зад нив Манчестер јунајтед со 237,7 милиони, па Барселона со 230,6 милиони. Во топ десет во светскиот спорт од фудбалските клубови се и Јувентус со 220, Баерн со 196,3, Челси со 192,75...

ЛА Доџерс е петти на светската листа со 228,2 милиони, Далас Кубојс девети со 186,83, а десет Кливленд Кавалирс со 185,65 милиони.

Промовирани огласи »

Во некои фирми може да постојат одредени правила за деловно облекување. Но,исто така, изборот на облекување може да биде индивидуален без било какви сугестии или наредби. Летните температури може да ве натераат да размислувате што да облечете и сепак да изгледате професионално и деловно,а истовремено да може да ги издржите високите температури. Една од добрите работи е што летните парчиња облека се изработени од лесен материјал,кој што ќе направи да се чуствувате удобно и пријатно додека работите. Пред се,одбирајте парчиња кои што имаат светла и неутрална боја,бидејќи потемните парчиња облека може полесно да ја привлечат сончевата светлина. Кога станува збор за изборот на чевли,одберете внимателно обувки кои што ќе ви бидат удобни доколку ги носите на боса нога. Во продолжение ви предлагаме неколку комбинации во кои што ќе се чувствувате пријатно,а истовремено и елегантно на вашето работно место.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »