Промовирани огласи »

Без разлика дали го именувате својот бизнис по прв пат или пак веќе го имате тоа направено неколку пати,принципите и правилата не се менуваат,но вие се менувате. Поради тоа треба да знаете што е важно за брендирање на нов бизнис и избор на името. Многу малку од основачите при креирање на бренд знаат колку всушност тесно се поврзани позиционирањето на брендот,познавањето на вашите клиенти,како и нормите за именување на вашата индустрија за да може да изберете одлично име за вашиот бренд.

Немој да се трудите да дадете совршено име на вашиот бренд,бидејќи сепак такво нешто не постои. Многу од основачите сакаат да направат апсолутно се да биде правилно,секако тоа е доста паметен инстинкт,но морате да имате реални очекувања. Именувањето на брендот претставува само една од многуте работи коишто треба да ги направите за вашиот бренд. Секако дека знаете во кој сектор спаѓа вашиот нов бизнис,но исто така добро би било доколку ги знаете имињата на вашата конкуренција. Направете си една листа на зборови и фрази кои се однесуваат на вашиот бренд и визија,оттаму може да изградите идеи и концепти кои ќе ви помогнат да го одберете името на вашиот бренд.

Промовирани огласи »

Huawei трета година едноподруго е рангиран на првото место меѓу 20. најдобри кинески MEC компании, откако ја освои наградата „Топ 20 компјутерски компании во Кина“ во 2021 година, која секоја годинасе доделува одкомпјутерската заедница. Ова покажува дека Huawei е високо признат за формулирање на MEC стандарди, лансирањена проекти со отворен код, обезбедување на сродни технички производи и решенија, како и за својот придонес во дигиталната трансформација на индустриите.

Растот на дигитализацијата низ целиот свет го поттикнува развојот на MEC. Со обезбедување на клучни можности, како што се пресметување, складирање и пренос, во непосредна близина на корисниците, MEC ја поттикнува економската трансформација и надградба. Неговиот брз раст го привлече вниманието на академскиот и индустрискиот сектор и го отвори патот за иновации кај компјутерите и ИТ системот и индустриската трансформација.

Рабната компјутерска заедница е континуирано посветена на ширење на знаењето и поттикнување на развојот на екосистемите во областа на MEC. Од 2019 година, заедницата објавува листа на „Топ 20 компјутерски компании во Кина“, со цел на повеќе луѓе да им го сподели тековниот развој, извонредните компании и иновативните производи во оваа област.

Како пионер во MEC, Huawei ги држи клучни позиции во повеќе индустриски организации, како што се 3GPP, ETSI, 5GDNA, ECC, AII и 5GAIA, и е еден од основачите, како и главните учесници во MEC ISG иницијативатаво рамките на ETSI. Се стреми да промовира стандардизација на MEC и изградба на зрела архитектура. Покрај лансирањето на првиот светски телекомуникациски MEC проект со отворен код EdgeGallery, ја основаше 5G Deterministic Networking Alliance (5GDNA) и му помогна на сојузот официјално да се приклучи на 3GPP MRP. Исто така, ја иницираше рамката на3GPP R18 5G паметната мрежа, дефинирајќи ја E2E стандардната архитектура на паметната мрежа заснована на5G.

Кинеската компанија го покажува патот кон индустриската дигитална трансформација. Со своите сеопфатни MEC производи и решенија, Huawei објави повеќе технички документи за MEC и 5G B2B со индустриски партнери, како што се 5GDN Industry White Paper, Edge Native Technical Architecture White Paper и 5GtoB Core Network Construction White White Paper. Покрај тоа, одржа повеќе 5G MEC натпревари за програмери,a исто така, освои и повеќе MEC награди во земјата и во странство, постигнувајќи висока репутација во индустријата.

Како водечки глобален 5G провајдер, Huawei сака да работи со операторите и индустриските партнери за да обезбеди квалитетни мрежи и неспоредливо искуство со услугите. Компанијата воведе повеќе од 3000 5G иновативни проекти што опфаќаат над 20 индустриски области, како што се ископување јаглен, производство на железо и челик, пристаништа и производство. Со првонаградените проекти доделени на Zhan Fang Cup натпреварот за 5G апликации  и „5G Случаите на употреба за вертикали во Кина“ признати од GSMA две години по ред, Huawei во голема мерка го промовираше развојот на MEC во Кина и ја покрена дигиталната трансформација заснована на 5G.

Развојот на MEC бара заеднички напори од сите партнери. Huawei е возбуден да работи со партнерите за да ја зголеми вредноста на MEC во индустриите и да изгради целосно поврзан и интелигентен свет.

Промовирани огласи »

Вработените во Google би можеле да се соочат со намалување на платата доколку изберат да работат од дома поради пандемијата на корона вирусот, пренесува Reuters.

Имено, британската агенција имаше увид во калкулаторот за плата на Google. Tоа е експеримент што се случува низ Силициумската долина, и кој често поставува трендови кај другите големи работодавци.

Компаниите Facebook и Twitterвеќе ги намалија платите на вработените кои работат од дома, и кои се преселија во области каде што трошоците за живот се пониски.

Сепак, алатката за плати на Google - која им овозможува на вработените да ги видат ефектите од преместувањето - сугерира дека вработените кои работат од дома, особено оние што патуваат на долги растојанија, може да се соочат со намалување на платите дури и ако не се преселат.

„Нашите пакети за компензација секогаш се одредуваа според локацијата и секогаш плаќаме најголеми суми на локалниот пазар врз основа на тоа од каде работи вработениот“, рече портпаролот на Google, додавајќи дека платите ќе варираат од град до град и од земја до земја.

Вработен во Google, кој побара да остане анонимен од страв од казна, обично патува во канцеларија во Сиетл од блиската област, и ако работи со полно работно време од дома, најверојатно ќе се соочи со намалување на платата од околу 10 проценти.

Вработениот размислуваше да работи од далечина, но сепак одлучи да продолжи да оди во канцеларија - и покрај двочасовното патување на работа.

„Висината на намалувањето на платата е еднаква на зголемувањето што го добив со последното унапредување. Не вложив толку многу напор залудно да напредувам, за на крајот да се соочам со намалување на платата“, рече тој.

Промовирани огласи »

12 август се одбележува како Меѓународен ден на младите. Голем број политички функционери денеска  упатија честитки порачувајќи дека младите во македонското општество се визијата, идејата, мотивот, силата.

За жал, младите не го делат ова мислење. Нивниот став е дека не го имаат местото кое го заслужуваат во општеството. Во прилог на тоа говори и најновата студија.

Две третини од младите (64,8%) во земјава се незадоволни од своето место во општеството, покажува студијата „Социо-политичко учество на младите: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“, изработена во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Студијата покажува дека 58% од младите би се иселиле, доколку им се укаже можност. Од нив, само 6,9% би се вратиле назад во земјата.

Речиси 8 од 10 млади (77,3%) луѓе сметаат дека властите делумно или воопшто не се грижат за нив и нивните потреби.

Пандемијата не ги одмина младите, речиси на 15% им се намалила платата во текот на кризата, додека 6% ја изгубиле работата. Во поглед на образованието, младите кои се во образовен процес даваат просечна оцена 3 за квалитет на наставата за време на пандемијата.

Дефинитивно младите луѓе во потрага за подобар живот се подготвени да се иселат. Социолозите наведуваат дека една од причините е што апатијата со години се таложела, а придонес има и сликата која ја гледаат младите во своите и семејствата од околината. Затоа, како што велат дел од стручните лица, младите наједноставниот излез го гледаат во иселување.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »