Сите евидентирани невработени лица до 18. август месецов може да аплицираат за платени обуки за некои од понудените побарувани занимања на пазарот на труд.
Од Агенцијата за вработување информираат дека обуките се разликуваат од град до град, зависно од потребите.
Огласот се однесува на обуки за козметичарки и маникир-педикир козметичарки, негователи на стари лица, негователи на лица со попреченост, агенти за продажба преку телефон, помошници за ученици во основно образование, дигитални маркетери, монтери и инсталатери...
Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а заинтересираните да се пријават во работните клубови на центрите за вработување во градот во кој живеат.
Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000 денари, со вклучено осигурување. Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука, пропишан од Министерство за образование и наука кој ќе им служи и во иднина.
Повеќе детали околу огласот на следниов ЛИНК.