Промовирани огласи »

Министерството за здравство разговарало со претставници на апликацијата Common pass и Европската Унија со што за Македонија е одобрен код, па сите сертификати за примени дози кои биле аплицирани овде на македонски државјани ќе бидат препознанени секаде и електронски, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Апликацијата може да ја симне секој на својот мобилен телефон, а сертификатот кој треба да се преземе во неа за сите им*низирани е достапен на сајтот vak cinacija.mk.

Ние сме прва земја во регионот на која ЕУ и овозможува да има код за сертификатите за им*низација. Таа може да ја симне секој, а има код за земјата и се препознаваат сите сертификати. На сајтот Vak cinacija.mk има два вида сертификати, еден е национален, другиот е таков кој одговара за common pass. Кога тој ќе се преземе во common pass ќе стане препознатлив насекаде. Сите податоци ќе ги има електронски. За ова ЕУ даде одобрување и на 19 август треба да се официјализира, рече Филипче.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче денеска од Охрид, потврди дека и граѓаните кои прележале ковид, покрај тие што примиле најмалку една доза на вакцина, ќе може да влегуваат во затворени простории, односно да присуствуваат на настани на затворено.

Со потврда за прележан ковид до 45 дена ќе може да се влегува, што е новина и дополнување на мерката, изјави министерот Филипче.

 Од 16 август, односно од понеделник се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Промовирани огласи »

Цената на биткоинот продолжува да расте. Утрово достигна вредност од 47.542 долари, што е зголемување за 3,87 проценти во последните 24 часа.

И втората најпозната криптовалута Етер е со зелена боја. Утрово, вреди 3.304 долари, што е, според пишувањето на страницата coindesk, зголемување на вредноста од 3,68 проценти.

Ова не е највисоката цена на Биткоин, односно на почетокот на оваа година вредеше околу 64.000 долари, а потоа ја достигна максималната граница.

Патем и другите крипто -валути се зелени утрово. Ripple се купува по цена од 1,7 долари и забележа раст од 13,63 проценти во последните 24 часа. Кардано вреди 2,17 долари, односно неговата вредност е зголемена за 8,97 проценти во последните 24 часа.

Промовирани огласи »

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска  соопшти дека го поддржува и се приклучува на „граѓанскиот протест против дискриминација на невакцинираните" што ќе се одржи в недела во 19 часот.

Од ККС велат дека се загрижени за ситуацијата со здравствената состојба на работниците во државата, а особено, како што наведуваат, за новите мерки кои се усвоени од Владата со кои се прави дискриминација на вакцинирани и невакцинирани. Како синдикат, потенцираат, загрижени сме за сигурноста на работните места.

Истакнуваат дека домашните закони и Уставот не ги обврзуваат работниците на задолжителна вакцинација и порачуваат дека е противзаконска секаков вид на дискриминација по основ на тоа дали некој е вакциниран или не, а на истото упатуваат и меѓународните акти.

Ние како синдикат се плашиме дека со мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, а ги усвојува Владата се прави притисок за вакцинација на работниците. Работниците веќе го чувствуваат притисокот од работодавачите за вакцинација, велат од КСС.

Од синдикатот посочуваат дека правото на вакцинација е право на личен избор, а вработените на кои им се врши притисок за вакцинација се плашат за своето работно место, па мораат да се вакцинираат.

Напоменуваме дека правото на работа е уставно загарантирано право и секому под еднакви услови му е достапно секое работно место, а сигурноста на работните места не смее да зависи од тоа дали работникот е вакциниран или не. Затоа КСС јавно го поддржува и се приклучува на граѓанскиот протест против дискриминација на невакцинираните кој ќе се одржи во недела на 15-ти август во 19 часот, стои во соопштението од КСС.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »