Промовирани огласи »

За вработените во вашата компанија да бидат навистина професионалци,потребно е секако и вашата фирма да биде доста привлечна. Секоја интеракција која вашата фирма ќе ја има со потрошувач или пак кандидат за работа е многу важна.

Секогаш бидете добредојдени за различни кандидати,бидејќи културната разновидност е една од најсилните карактеристики што може да ги има една компнија. Од голема важност е како ќе ги претставите вашите огласи за работа,бидејќи треба да бидат навистина креативни и ќе ја претстават вашата компанија како добредојдена за сите. Кандидатите за работа секогаш ќе ги земат во предвид само оние компании кои имаат одлична работна средина. За поновата генерација на работени секогаш е важно да имаат флексбилност во работењето и слобода за иновации,бидејќи ова се двете најважни вредности што тие ќе ги бараат од работодавачите. Доколку имате добар опис за работното место и јасно наведен предлог за вредноста на вработените,имате многу големи шанси да го откриете вистински талентот кој ќе ви треба за вашето работно место. На тој начин ќе успеете да го задржите вниманието на новите потенцијални вработени.

Промовирани огласи »

Академските дипломи,работното искуство,вештините и успехот се информации според кои ќе се квалификува кандидатот за работа. Но,на интервјуата за работа често не се истражуваат емоционалната интелегенција и емоционалната способност на кандидатот. Постојат неколку прашања кои може да му ги поставите на кандидатот за работа и да ја откриете неговата емоционална интелегенција. Одговорите на кандидатите можат да откријат многу повеќе отколку што мислат менаџерите.

Како се справувате кога на работа се ќе ви тргне наопаку?  Дали би побарале помош од вашите колеги? Како се справувате со стрес и притисок на работното место? Кандидатите со висока емоционална интелегенција ќе ги изнајдат најдобрите решенија за нивните проблеми и ќе се потрудат да останат позитивни. Исто така,они ќе се чувствуваат слободни да побараат помош од своите колеги и ќе можат одлично да се справат со стресот и притисокот на работа. Кандидатите со висока емоционална интелегенција е многу поверојатно да поставуваат прашања за време на интервјуто и да побараат дополнително време за да формулираат одговор на некое прашање. Додека од друга страна пак,оние кандидати со пониска емоционална интелегенција ќе биде помалку веројатно дека ќе постават прашање за време на интервјуто.

Промовирани огласи »

На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата, кој го водеше премиерот Зоран Заев, оценето е дека се создадени услови почетокот на новата учебна година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во одлука што ќе биде донесена на наредната владина седница.

Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на ГККШ, е големиот број вакцинирани наставници и училиштен кадар. Во моментов 60 проценти се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80 отсто вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата, информира владината прес-служба.

Во оваа насока се и протоколите изработени од епидемиолози, кои веќе се донесени за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата.

На состанокот беше заклучено дека и кај вработените во градинките и останатиот персонал продолжува вакцинацијата, а сега се вакцинирани 60 проценти, додава владината прес-служба. 

Промовирани огласи »

Еден од предлозите на Комисијата за заразни болести, за кој ќе се разговара и на утрешната владина седница е воведување задолжителни ПЦР-тестови за влез во Македонија, односно сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19. 

Ова е една од мерките за која јавноста беше најгласна уште од почетокот на пандемијата, со оглед на тоа што досега никогаш, на ниту еден граничен премин, Македонија не побара ниту од странци, ниту од повратници од дијаспората, да приложат негативен резултат од ПЦР-тест, ниту пак каков и да е друг документ дека во државата влегуваат здрави. 

Според многумина, оваа мерка доцни барем три месеци, а други велат дека доцни и цела година. 

Дополнителна мерка за која утре ќе се расправа на Владата, а тоа е за влез и за излез во нашата земја на сите граѓани без разлика дали се наши државјани или странци и за влез и за излез да биде барана потврда за вакцина или негативен ПЦР тест или доказ дека ја прележале болеста - рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот изјави и дека е предложен 14-дневен карантин за оние кои се враќаат од Авганистан. 


Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »