Global HR самитот, најголемиот настан за човечки ресурси во регионот што ќе се оддржи на 29ти септември 2017 година во Скопје, вклучува презентации од страна на некои од светските најиновативни експерти за човечки ресурси.
Меѓу нив е Rob Veeresma, раководител на центарот за обука на Gazprom во Холандија.
Роб е одговорен за спроведување на програми за обука на Gazprom EP International, во согласност со системот за управување со компетентност и приспособени на локалните потреби. Претходно, тој работел за Shell International како менаџер на академијата за обука, и бил одговорен за сите аспекти на градење на способни кадри, со што се овозможува понатамошно склучување на зделки од светска класа. Во текот на својата долга кариера, тој се фокусира на глобалнато вклучување на нови кадри во тимот, виртуелна работа, развој на лидерство и менаџмент на cv-ија.
Ние неодамна разговаравме со него и го замоливме да ги сподели своите ставови за денешните промени во сферата на човечките ресурси, како и очекувањата од Global HR Самитот во Скопје.
Кажете ни нешто повеќе за себе и вашиот професионален пат, како се одлучивте дека човечките ресурси ќе бидат ваша професија?
Учев образовни науки на Универзитетот во Гронинген и се повеќе и повеќе се интересирав за нешто ново во тоа време, како индустриска обука или развој на човечки ресурси. По дипломирањето, мојата прва работа беше на одделот за развој на човечки ресурси, и оттогаш сум професионалец кој е секогаш спремен да учи нешто ново на различни работни места, од различни агли и пристапи.
Како изгледа еден типичен работен ден за Вас во канцелариите на Gazprom International во Амстердам?
Пристигнувам во канцеларија, се поздравувам со моите колеги, веднаш го отварам мојот е-мејл, одговарам на итни прашања, започнувам со креирање на приоритетите за тој ден, работам со рокови, никогаш не заборавам да ручам, имам средби и разговори, и конечно, по напуштањето на функцијата се збогувам со сите колеги и заминувам кон мојот дом.
Како страсен поборник за учење и развој, која би била вашата најдобра стратегија да се задржат перформансите на високо ниво?
Секогаш бидете усогласени со бизнисот во кој сте вклучени. Сопственикот на идејата за учењето и развојот не е експертот за човечките ресурси или пак одделот за учење, тоа е бизнисот. Но HR експертот треба да се зборува бизнис јазик, а не јазикот на човечките ресурси.
Како експерт за виртуелна работа, која е најдобрата стратегија од вашите сопствени искуства, за да се надмине оддалеченоста преку технологијата?
Сепак тоа не е само технологија. Тука се познати трите Б како што ги нарекуваат експертите - Three B's: Bricks, Bytes, Behavior. Најмногу сите се фокусираат на технологијата (Bricks) но исто така и на заштедата на канцеларискиот простор (Bytes) но сепак на крајот најголем предизвик е однесувањето (Behavior).
Вие сте во моментов со седиште во Холандија, како ќе се спореди работната средина таму со остатокот од светот?
Во Холандија ние сме среќни што имаме многу добра инфраструктура. Аеродроми, патишта, технологија. Но, за време на моите интензивни патувања, забележав дека постојат повеќе делови на светот кои се одлични, па дури и постојат региони со уште подобра инфраструктура.
На светскиот самит за човечки ресурси во Скопје, ќе ни ги презентирате новите начини за работа, па ќе можете да ни дадеде повеќе информации за тоа што можеме да очекуваме од Вашата сесија?
Во принцип, работејќи во Shell, сфатив дека виртуениот вид на работа е многу потежок од нормалниот.Повеќето луѓе сметаат дека помалку или повеќе е сличен со секојдневната работа со луѓе,но не е. За тоа е потребно повеќе труд и време и фокусирање на новите предизвици,инаку тимската работа нема да биде успешна. На крајот, ќе се обидам да ги воочам предизвиците и решенијата, базирано на моето сопствено искуство,за време на сесијата.
Кои се вашите очекувања од овој настан?
Иако сум патувал во речиси сите делови на светот, ова ќе биде мојот прв состанок со Македонија. Навистина сум заинтересиран и возбуден.
За да го запознаете Роб и уште други 10 меѓународни HR експерти од Facebook, Novo Nordisk, ING и Emirates NBD Bank можете да ја добиете вашата намалена влезница за Global HR самитот во Скопје, денес, на следниов линк: http://www.thepworld.com/event/global -hr