Промовирани огласи »

Неработен ден за сите граѓани на РМ е 11 октомври (понеделник), ова е Ден на народното востание што всушност е и продолжен викенд.

Празникот 23 октомври , Ден на Македонската Револуционерна Борба го “губиме” бидејќи се паѓа во сабота, а на 8 декември (среда) е “Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од католичка вероисповед – 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука.

Промовирани огласи »

На секого понекогаш му се случува да измисли изговор за да избегне појавување на работа. Но, до каде оди човековата креативност прочитајте во топ 10-те најсмешни изговори за недоаѓање на работа кои ги издвоивме за вас.

Ново научно истражување покажа дека дури 30 проценти од вработените, барем еднаш годишно, подлажуваат дека се болни или наоѓаат изговор за да не дојдат на работа.

Сепак, има и такви кои сакаат да ги комплицираат работите, па затоа менаџерите често ги фаќаат како лажат, наместо едноставно да кажат дека се болни, тие измислуваат едноставно невозможни причини.

Еден од нив му рекол на својот работодавец дека не може да дојде на работа затоа што прстот му бил заглавен во славината, додека на една жена и се слошило од премногу читање.

Иако мислиме дека сме виделе се, секогаш сме изненадени од нешто ново, поради што истражувачите издвоија 10 најсмешни изговори од луѓе кои се обиделе да не дојдат на работа:

– Не дојде на работа затоа што и се слоши од премногу читање – Алкотестот не му дозволи да го запали автомобилот – Има скршено срце – Заборавил дека го вработиле – Го повредил малиот прст – Кучето имаше нервен слом – Вработениот се вознемирил од тв серија – Ја каснала птица – Нејзината коса е портокалова откако се исфарбала сама.

Кој од овие изговори е најсмешен за вас? Дали и вие сте имале слични искуства?

Промовирани огласи »

Купуваме најскапа храна од 70-тите години, па наваму. Ова е удар за многу држави Влади. 

Светските цени на храните се околу 33 отсто повисоки во август, во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на Организацијата на ООН за исхрана и земјоделство.

Владите можат да интервенираат и да поттикнат пониски цени за одреден период. 

„Но, тие не можат да го прават тоа бескрајно“, вели Kyлeн Xeндpиĸc, експерт во Реtеrѕоn Іnѕtіtutе fоr Іntеrnаtіоnаl Есоnоmісѕ.

Само неколку дена откако ја ослободи владата и ја блокираше работата на парламентот, претседателот на Тунис Каис Саид им нареди на производителите и трговците да ги намалат цените на одредени производи. Црвеното месо е поевтино за околу 10 отсто, а овошјето – за 20 отсто.

Во Романија, владата на премиерот Флорин Кацу подготвуваше планови за намалување на зависноста од увоз од странство, со цел намалување на трошоците и трговскиот дефицит. Но, политичката криза во земјата, ја стави оваа идеја во втор план.

Во Македонија ќе поскапува лебот и маслото за јадење. 

foto unsplash.com

Промовирани огласи »

Животниот стандард во изминатите неколку години е двојно подобрен, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. 

Како пример го наведе растот на минималната плата во однос на потрошувачката кошничка.

Во 2013 година биле потребни 3,2 минимални плати за покривање на потрошувачката кошница, за која што синдикатите зборуваат. Во 2017 година, со зголемувањето на минималната плата, беше потребна речиси една минимална плата помалку, за во 2021 година, без разлика што минималната плата се зголеми само за околу 200 денари, во овој момент се потребни 2,2 минимални плати за покривање на потрошувачката кошница за едно четиричлено семејство, изјави Битиќи за Сител.

Синдикалната кошница за август годинава изнесува 34.342 денари, а зголемена е за 214 денари во однос на претходниот за месец јули. 

Но, доколку во семејството има еден ученик, синдикалната кошница за месец август 2021 година изнесува најмалку 42.342 денари, пресметале од Сојузиот на синдикатите на Македонија.

Најмногу пари треба да се одвојат за храна и пијалоци, 14.633 денари, за домување 10.818 денари. За лична хигиена 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари. За култура 1.068 денари и за здравје 736 денари. 

Анализите на ССМ покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите  стагнираат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »