Англискиот сленг „ работа за викенд“ се користи да се искаже дека некој ја поминнува работната недела мислејќи на активностите за викендот. Тоа понекогаш го одовлекува вработениот да не ја завршува работата на време. Во други случаи сугерира дека некој е несреќен за време на работа. Поради ова биле направени голем број истражувања за да се дознае повеќе за ставовите за работата во и надвор од работното место. Без разлика дали луѓето работат за викенд или не, истражувањата покажуваат дека луѓето се посреќни за време на викендите дури и ако се задоволни со својата работа.
Вработените кои чуствуваат дека нивната работа им придонесува среќа, имаат подобри резултати за разлика од луѓето кои ја гледаат својата работа како средство за постигнување на целта. Личност со ваквото чуство може да се чуствува лошо или здодевно на работа.
Промената на работните услови може да ги разниша ставовите на работното место и да ги направи луѓето позаинтересирани и ангажирани, намалувајќи го чувството за работа за викенд. Промоциите, преместувањата во различни оддели и други промени на работното место, како што е воведувањето флексибилно работно време, може да придонесе вработените да се чувствуваат посреќни на работа и помалку фокусирани на викендот.
Дали и вие го имате чуството наречено „Работа за викенд? Дали сте задоволни со вашата работа? Како го поминувате вашиот викенд?