Промовирани огласи »

MTEL, Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија, мобилна, телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

Вчера MTEL почна со работа на македонскиот телекомуникациски пазар, со продажен салон во Скопје со понуда за сателитска телевизија. Амбициите на групацијата, како што најави раководството, е од следната година да нудат и телекомуникациски услуги и дигитални сервиси.

За чекор пред другите MTEL е прв избор на корисникот во светот на дигиталните услуги.

Доколку и ти сакаш да бидеш чекор пред другите и да станеш дел од успешниот тим на MTEL, те повикуваме да се пријавиш на некоја од следниве 10 различни работни позиции кои во моментот на нашиот сервис се застапени:

- АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА

- KOOРДИНАТОР ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА 

- АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ШТИП 

- KOOРДИНАТОР ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ШТИП 

- АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ТЕТОВО 

- KOOРДИНАТОР ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ТЕТОВО 

- АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ОХРИД

- KOOРДИНАТОР ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ОХРИД

- KOOРДИНАТОР ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - БИТОЛА

- АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - БИТОЛА

Имајте на ум дека токму меѓу овие огласи може да се наоѓа вашата нова работна позиција! 

Промовирани огласи »

Последната трка на Валентино Роси (42 години) во Мото ГП шампионатот во живо ја следеа неколку легендарни личности, како тенисерите Роже Федерер и Рафаел Надал, актерот Том Круз

Но, на последната трка во кариерата, возена во Валенсија, се појави и легендарниот бразилски фудбалер, Луис Назарио де Лима Роналдо, кој по завршувањето го прегрна својот идол.

Погледнете како изгледаше тоа:

Промовирани огласи »

Мерцедес потврдија дека ќе го искористат своето право за „преглед“, односно да протестираат за одлуката на стјуардите на ФИА да не го казнат Макс Верстапен на Бразилското ГП за моментот кога тој го „истурка“ Луис Хамилтон од патеката.

Доколку Верстапен добие, на пример казна од 5 секунди, ќе го загуби второто место од Валтери Ботас, и така разликата на Верстапен пред Хамилтон во генерален пласман ќе падне од 14 на 11 поени. Не е јасно кога ФИА ќе ја разгледа ситуацијата и не се знае дали ќе има одлука пред Катарското ГП овој викенд.

Инцидентот можете да го погледнете на видеото:

Промовирани огласи »

Имињата на 20-те возачи кои ќе се натпреваруваат следната сезона се веќе познати.

Седум од 10-те Формула 1 тимови не направиа никакви промени кај своите возачи. Единствените што направија се Вилијамс, Мерцедес и Алфа Ромео.
 

Еве како ке изгледат сите парови за новата сезона на Формула 1:

  • Ред Бул: Макс Верстапен, Серхио Перез
  • Мерцедес АМГ: Луис Хамилтон, Џорџ Расел
  • Мекларен: Ландо Норис, Даниел Рикиардо
  • Астон Мартин: Себастијан Ветел, Ленс Строл
  • Ферари: Шарл Леклер, Карлос Саинц
  • Алфа Таури: Пјер Гасли, Јуки Тсунода
  • Алпин: Естебан Окон, Фернандо Алонсо
  • Алфа Ромео: Валтери Ботас, Гуанју Жу
  • Вилијамс: Алекс Албон, Николас Латифи
  • Хаас: Никита Мазепин, Мик Шумахер

Ова би највеорјатно бил конечниот грид за новата сезона, но сепак има уште многу време. За сега не се најавени нови промени меѓу останатите возачи. Од тековната сезона остануваат уште три трки, а Верстапен има 14 бода повеќе од Хамилтон

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »