Од 11 февруари наредната година, четирите броеви за прием на итни повици за полиција -192,противпожарна - 193, брза помош -194 и 195 за Центар за управување со кризи етапно ќе се заменат со единствениот број 112.
1035
Објавил:Михаил Милошевски
16 ноември 2021, 15:44
СподелиСподели
Со што граѓаните ќе имаат можност на едно место да побараат помош во итна ситуација.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вели дека граѓаните покрај на македонски ќе можат да добијат помош и на албански и англиски јазик.За потребите на центарот ќе бидат вработени 50 лица, а предност ќе добијат вработените во државната администрација.
-За граѓаните нема да има разлика и тие нема да знаат кога вртат 112 дали се јавиле во Скопје, Битола, Штип или во Тетово бидејќи самиот систем е совршен и ги пренасочува повиците. Доколку некој се јави и почне да зборува на албански со едно стискање на копче повикот оди кај колега Албанец кој ќе зборува со лицето на кое му е потребна помош, истакна директорот на ЦУК Стојанче Ангелов .
За почеток, на ниво на цела држава на располагање ќе бидат ставени 8 регионални центри кои ќе бидат во постојана координација со главниот центар во Скопје.
-Помошник на проектот за имплементација на бројот 112. Во прво време ќе бидат функционални сите броеви покрај бројот 112, значи се уште ќе бидат во употреба 192,193,194 додека како ќе се зголемува свеста кај населението за постоење на овој број така ќе се мигрира кон употреба на бројот 112.-- Тони Костов.
Бројот 112 е единствен број кој се користи на ниво на цела Европска Унија а Македонија како земја која аспирира да се приклучи кон европското семејство има должност да го имплементира бројот за сите македонски но и странски државјани.
Поради префрлањето на одговорноста на инситуциите, во минатото се случуваше конфузија, која некогаш чинеше и човечки живот – како во случајот со овчарот во кратовско..