Промовирани огласи »

Стопанската комора на Северна Македонија бара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. 

Според бизнисот, само така ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси.

Потпретседателката на Комората, Анета Трајковска, денеска информираше дека ова барање во вид на иницијатива, е веќе доставено до Владата.

Ја поддржуваме задолжителната вакцијација во јавниот сектор, посебно во здравството, но сметаме дека вакцинацијата треба да биде задолжителна и во приватниот сектор, како што прават повеќето европски земји, повикувајќи се на правото на работникот за заштита при работа. Мора заеднички да работиме на подигнување на степенот на имунизација, што е неопходно да се постигне во пократок временски период за да се спречат мутациите на вирусот. Затоа предлагаме мерката да стапи на сила што поитно, но да се даде период за можност невакцинираните лица кои се во работен однос да се вакцинираат, рече Трајковска на прес-конференцијата.

Како што нагласи Трајковска, во иницијативата се бара вработените да бидат вакцинирани против КОВИД, да имаат потврда дека го прележале вирусот или да се тестираат и за тоа, кога ќе доаѓаат на работа, да приложуваат соодветен сертификат. Притоа, работодавачот мора да води соодветна евиденција.

Вработените треба да поседуваат и да приложат на увид сертификат/потврда за извршена имунизација против КОВИД (за примени најмалку две дози вакцина), како и сертификат/потврда за прележан КОВИД во последните шест месеци, сметајќи од денот на оздравувањето. За вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот да се предвиди воведување задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови со само-тестирање или во државни или приватни дијагностички центри, како ќе одлучи работодавачот. Доколку работодавачот се одлучи за само-тестирање, тоа да се изведува во работните простории, а работодавачот да го одреди местото и времето на само-тестирање. Работодавачот треба да води евиденција на евидентен лист кој мора да го содржи датумот на тестот, резултатот од тестот (позитивен, негативен) и потпис на работникот, објасни Трајковска.

Според неа, доколку работодавачот се одлучи за правење антигентски тест во дијагностичките центри, работникот ќе треба да приложи резултат издаден од лабораторијата каде што тој е направен, а трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови да биде на товар на работникот. 

За да нема дилеми во примената, се предлага Одлуката да се дополни и со тоа дека непочитувањето на пропишаната мерка за задолжително тестирање во случај кога вработеното лице не е вакцинирано или нема прележан ковид во последните шест месеци, претставува повреда на прописите за безбедност и заштита при работа, за што работодавачот применува мерки во согласност со прописите што ги регулираат работните односи (ЗРО и колективните договори), по примерот на Словенија, вели Трајковска.

Од комората имаат уште еден предлог, со цел да не се предизвикаат зголемени финансиски трошоци за работниците, особено поради ризикот да се зголемат цените на антигентските тестови во услови на зголемена побарувачка.

Всушност, од комората предлагаат Владата, согласно Законот за трговија, да донесе одлука со која ќе ја определи највисоката цена, односно набавна или увозна цена со оглед дека нема домашно производство, зголемена за разумна маржа, за овој вид на тестови. 

  

Промовирани огласи »

По состанокот на Комисијата за заразни болести утрово донесени се нови препораки кои ги соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

На состанокот се донесени овие препораки кои ќе ги доставиме до Владата. Донесена е препорака сите вработени во јавните установи, локалните самоуправи, за одење на работно место да имаат примено најмалку една примена вакцина или да достават ПЦР негативен тест кој ќе важи 72 часа, а ќе е на сопствен трошок, или потврда за прележан ковид во последните 45 денови, информираше Филипче.

Министерот рече дека очекува и приватните компании да се приклучат кон оваа препорака, со оглед дека, како што рече, пристигнато до нив е писмо од Сојузот на стопански комори кои бараат задолжителна вакцинација со цел да се заштитат производствените процеси и целиот економски процес.

Филипче ја соопшти и другата одлука, а тоа е задолжителна вакцинација за сите здравствени работници.

Десет дена откако ќе се усвојат овие препораки на владина седница, ќе им дадеме на оние 20-30% здравствени работници кои не се вакцинирани да го сторат тоа, рече Филипче.

Тој потенцираше дека овие мерки се во насока на подготовка на зимска сезона на грипови и настинки, и како што рече, треба да ги имаме предвид и другите болести.

Вакцини има доволно, вели министерот кој информираше дека утре стигнува донацијата со вакцини од Полска.

Промовирани огласи »

MTEL, Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија, мобилна, телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

Вчера MTEL почна со работа на македонскиот телекомуникациски пазар, со продажен салон во Скопје со понуда за сателитска телевизија. Амбициите на групацијата, како што најави раководството, е од следната година да нудат и телекомуникациски услуги и дигитални сервиси.

За чекор пред другите MTEL е прв избор на корисникот во светот на дигиталните услуги.

Доколку и ти сакаш да бидеш чекор пред другите и да станеш дел од успешниот тим на MTEL, те повикуваме да се пријавиш на некоја од следниве 10 различни работни позиции кои во моментот на нашиот сервис се застапени:

- АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА

- KOOРДИНАТОР ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА 

- АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ШТИП 

- KOOРДИНАТОР ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ШТИП 

- АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ТЕТОВО 

- KOOРДИНАТОР ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ТЕТОВО 

- АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ОХРИД

- KOOРДИНАТОР ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - ОХРИД

- KOOРДИНАТОР ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - БИТОЛА

- АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА - БИТОЛА

Имајте на ум дека токму меѓу овие огласи може да се наоѓа вашата нова работна позиција! 

Промовирани огласи »

Последната трка на Валентино Роси (42 години) во Мото ГП шампионатот во живо ја следеа неколку легендарни личности, како тенисерите Роже Федерер и Рафаел Надал, актерот Том Круз

Но, на последната трка во кариерата, возена во Валенсија, се појави и легендарниот бразилски фудбалер, Луис Назарио де Лима Роналдо, кој по завршувањето го прегрна својот идол.

Погледнете како изгледаше тоа:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »