Промовирани огласи »

На светските берзи, цените на акциите драстично паднаа минатата недела, бидејќи склоноста на инвеститорите за поризични инвестиции опадна откако беше идентификувана нова варијанта на коронавирусот во Јужна Африка за која се стравува дека може да биде позаразна.

На Волстрит, Dow Jones минатата недела падна за 2 отсто, на 34.899 поени, додека S&P 500 потона за 2,2 отсто на 4.594 поени, а индексот Nasdaq 3,5 отсто на 15.491 поени.

До петок на берзите се тргуваше мирно, а потоа пазарите ги потресе веста дека во Јужна Африка е идентификувана нова варијанта на коронавирусот со голем број мутации.

Се стравува дека таа може да биде отпорна на вакцини и позаразна од претходните варијанти на вирусот.

Како резултат на тоа, многу земји, вклучително и ЕУ, Обединетото Кралство, САД и Бразил, најавија построги гранични контроли на патувањата од шест јужноафрикански земји.

Ова ги вознемири инвеститорите кои веќе беа загрижени за брзото ширење на коронавирусот во Европа и повторното заклучување во некои земји, како Австрија.

Во Германија, бројот на смртни случаи од вирусот надмина 100.000 минатата недела, Словачка објави двонеделно „заклучување“, а чешката влада порано ги затвори границите.

Сето ова може да го забави економското закрепнување на регионот од кризата со корона.

Промовирани огласи »

Кои се симптомите на новиот вид корона наречен омикрон...Иако првично беше заклучено дека е позаразна поради големиот број мутации на спајк протеинот, шилец, сега научниците откриваат охрабрувачки вести...

Омикрон, новиот вид на корона вирусот кој беше откриен во јужна Африка, пристигна и во Европа, а според последните информации, Велика Британија е третата земја во која е регистриран, покрај Германија и Чешка. Светската здравствена организација итно заседаваше поради новиот вид корона, а бројот на неговите мутации е поголем од кој било претходен вид, што предизвикува страв во научниот свет.

СЗО објави дека омикрон има 32 мутации во шилецот, што го прави многу заразен и поопасен. Сепак, според најновите информации кои доаѓаат од епицентарот на инфекцијата со овој нов вид, постои можност омикронот да е всушност „побеопасен“ од другите мутации.

Анџелика Кеце, претседател на Здружението на лекари на Јужноафриканската Република, за британски Телеграф изјави дека омикрон предизвикува лесна слика без најчестите симптоми поврзани со оваа инфекција.

Тоа е лесна болест со симптоми како што се болки во мускулите или замор, кои траат ден или два додека болниот не се чувствува добро. Досега откривме дека заразените не го изгубиле мирисот и вкусот. Можно е да имаат блага кашлица Од заразените, дел моментално се лекуваат дома, рече Кеце.

Добрата вест е што омикрон не е пронајден кај вакцинирани луѓе и дека болниците не се преоптоварени со пациенти заразени со оваа варијанта на корона. И дали омикрон е поопасен за невакцинираните, вели Кеце:

Ќе го знаеме тоа за две недели. Омикрон е пренослив, но засега, како лекари, не знаеме зошто имаше толкава врева околу него, бидејќи сè уште го проучуваме. Ќе знаеме повеќе за две , три недели, бидејќи имаме неколку пациенти во болница, а тоа се млади луѓе, помлади од 40 години, објасни докторката.

Промовирани огласи »

Програмата на новата коалициска влада во Германија предвидува промена на Законот за државјанства, со што двојното државјанство ќе биде дозволено за државјани кои не се членки на ЕУ – објави iamexpat.de

Со оваа измена на граѓаните кои доаѓаат од земји што не се членки на Европската Унија за прв пат ќе им биде дозволено да се одлучат за двојно државјанство.

Ова е одлична вест за голем број македонски гастарбајтери, кои во моментите кога ќе стекнат услови за германско државјанство мораа да се откажат од македонското.

Покрај Македонците, измената на Законот ќе биде од корист и за припадниците на турската заедница, која брои неколку милиони во Германија.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да ги загрозуваат работните места на граѓаните. Во вторник, на владина седница, ќе биде предложена нова мерка, а тоа е стимулација на матичните лекари.

Свесен сум дека ова беа едни од најтешките предложени мерки бидејќи допираа во работните односи и затоа сега ќе разгледуваме слични мерки кои нема да загрозуваат нечие работно место, а ќе бидат стимулација за вакцинација и затоа интензивно истражувавме во изминативе 2-3 дена, рече Филипче.

Тој вели дека ќе биде предложена нова мерка, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари.

Предлогот е матичните лекари да бидат финансики стимулирани, односно кога ќе надминат 70 посто вакцинација на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент, од вкупниот број пациенти запишани кај нив. Тоа е предлогот со кој ќе излеземе пред Владата во вторник, рече Филипче.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »