Промовирани огласи »

Кина го одобри лекот за третман на заболените од Ковид-19, соопшти денеска Кинеската агенција за лекови.

За разлика од превентивната вакцина, третманот со лекот е наменет за избегнување на компликациите кај инфицираните.

Кинеската агенција за лекови јави дека дава „итно одобрение“ за кинескиот третман против Ковид-19.

Лекот се заснова на моноклонални антитела кои се врзуваат за шилестиот протеин на коронавирусот, намалувајќи ја неговата способност да навлезе во клетките.

Клиничките испитувања покажуваат дека лекот го намалува ризикот од хоспитализација и смрт на пациенти кои може да развијат потешка форма на ковид-19.

Во Кина, која дозволува употреба само на домашни вакцини, вакцинирани се повеќе од 70 отсто од населението. 

Промовирани огласи »

Амбасадата на Германија во земјава од новиот список на регистрирани,по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за вадење виза за месец март 2022 година.

Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 година секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели). Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година, напиша Холштајн на Фејсбук.

Поопширни информации можат да се најдат на веб-страницата https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2493044.

Промовирани огласи »

Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата од 9 до 17 часот, а повеќе од половина од анкетираните велат дека се попродуктивни додека работат од дома, покажуваaт најнови истражувања.

Според нив „хибридната работа“, мешавина од работа од дома и канцеларија има и свои недостатоци, а повеќе од една четвртина од испитаниците веруваат дека работат постојано или работат до доцна во ноќта.

Со прашалникот биле опфатени 14.000 луѓе ширум Европа.

Според Евростат, во 2020 година, околу 12 отсто од вработените во Европската Унија работеле од дома, во споредба со 5 отсто од нив пред пандемијата.

Работодавците сега мора внимателно да размислат како ќе одговорат на предизвиците на модерниот хибриден живот“, вели потпретседателот на „Самсунг, Бенџамин Браун.

Две третини од Европејците изјавиле дека направиле или планираат да направат адаптации во домот за да го олеснат хибридниот живот и дека на пример, уредиле домашни канцеларии, додека 41 процент одлучиле да се преселат.

Исто така, 51 процент од испитаниците се изјасниле дека технологијата, односно алармите и разните апликации им олеснуваат да поставуваат граници меѓу работата и приватниот живот.

Технологијата веројатно ќе го следи нашето ментално здравје и среќа, како и физичкото здравје, а паметните уреди ќе станат наши асистенти, рече Меик Викинг, извршен директор на данскиот институт за истражување на среќата.

Промовирани огласи »

А1 Македонија е организатор на најголемиот е-спортски настан во Македонија во соработка со GG.MK, закажан за во петок и сабота, 10-ти и 11-ти декември, во новоотворениот трговски центар East Gate Mall.


Пријавените играчи ќе се натпреваруваат во повеќе видео игри: Counter Strike: Global Offensive како FPS, Dota 2 за МОВА, Fifa 2022 како спортска игра, Tekken 7 како игра со боречки вештини и добро познатиот Cosplay натпревар. Пријавите за учество се затворени, има вкупно 282 екипи за трите тимски игри и 64 Tekken 7 играчи.

Организаторите најавуваат голем број награди со вкупен број од 150 за победниците, како и награди (giveaway) за гледачите на стримот и присутните. Дел од наградите се: телевизор, мобилни телефони,е -скутер,таблет, гејмерски мауси и слушалки, Nintendo Switch, тастатури и А1 Game Fest маици.

Како специјални гости се најавени јутуберите, GP и Steffonator, кои ќе имаат свои стримови во живо од East Gate Mall.

Распоредот за настанот по денови изгледа вака:

ПЕТОК 10-ти декември 2021

  • 13:00 – 15:00 – FIFA22 
  • 14:00 – 17:00 – GP
  • 16:30 – 19:30 – Steffonator
  • 15:30 – 20:00 – Dota2

САБОТА, 11-ти декември 2021

  • 11:00 – 19:00 – TEKKEN 7 
  • 11:00 – 16:30 – CS:GO 
  • 14:00 – 17:00 – GP
  • 16:30 – 19:30 – Steffonator
  • 17:00 – 19:00 – Cosplay
  • 19:00 – TEKKEN 7 – финале
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »