Промовирани огласи »

Инстаграм се искачи на 2 милијарди месечни активни корисници. Оваа вест ја објавиа анонимен вработен за CNBC. Компанијата во сопственост на Мета не - и веројатно нема - официјално да ги открие овие бројки, бидејќи е на удар на критики поради наводното лошо влијание врз децата и тинејџерите.

Последен пат кога Instagram јавно ја објави големината на својата корисничка база беше во 2018 година, кога платформата откри дека има 1 милијарда корисници. Беа потребни три години за Инстаграм да ја достигне границата од 2 милијарди.

Вработените кои ја известиле CNBC велат дека дознале за бројот за време на внатрешни разговори - еден од вработените, наводно, изјавил за CNBC дека Instagram го надминал прагот околу една недела пред одлуката на Facebook да го промени своето име во Meta.

Инстаграм очајнички се обидува да остане пред TikTok, брзорастечката видео-апликација за кратки видеа која штотуку надмина 1 милијарда корисници во септември - само три години откако апликацијата се спои со Musical.ly и стана широко достапна. Иако Инстаграм сè уште ја надминува платформата, засега не е јасно колку долго ќе трае тоа. Инстаграм нуди функција по функција што изгледа како пропаѓање на TikTok, а неговиот новообјавен Reels Visual Reply е само најновиот пример.
 

Промовирани огласи »

Град Скопје информира дека Инсекторатот за животна средина излегол на терен и на дивата депонија изрекол прекршочни казни во висина од 88 илјади евра за неколку лица кои фрлале отпад. Во соопштението од градот не се наведува за кои лица се работи и за каков отпад станува збор.

Според извештајот на инспекторатот на Град Скопје затекнатите лица нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад, се вели во соопштението на Град Скопје.

Од градската управа нагласуваат дека мора да постојат системски решенија и дека секој мора да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно.

Град Скопје нема да толерира ниту едно физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа влијае на загадување на воздухот, почвата и водите, и свесно го загрозува здравјето и животот на скопјани, а секое прекршување ќе биде соодветно санкционирано, се вели во соопштението.

Промовирани огласи »

Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) не планира да прави корекција на постојните цени за паркирање на паркинзите со коишто стопанисуваат во центарот на Скопје.

Имајќи во предвид дека сите јавни институции и приватни компании се лоцирани во центарот на градот, доколку ги намалиме цените за паркирање ќе ги поттикнеме граѓаните да ги користат своите автомобили повеќе и ќе предизвикаме поголем сообраќаен хаос и узурпација на паркинзите за резиденти кои се обидуваме да им ги обезбедиме на жителите од општината –  велат за Мета.мк од ЈП ПОЦ.

Од ПОЦ велат дека намалувањето на цените за паркирање од ЈП „Градски паркинг“ ќе го зголеми притисокот врз паркиралиштата со кои тие стопанисуваат, но тие се надеваат оти ќе се намали притисокот за паркирање врз резидентните паркиралишта на ЈП ПОЦ.

ЈП ПОЦ ќе продолжи да работи во насока намалување на комерцијални паркиралишта (паркиралишта со смс наплата) и зголемување на резидентни паркиралишта со цел да се обезбедат повеќе паркинг места за жителите и да им се овозможи полесен и побезбеден пристап до нивните домови – информираат од претпријатието.

Во зависност од тоа која зона станува збор (Зона 2, Зона 1, Зона 01, и Зона Ултра), цената за паркирање на паркинзите на ЈП ПОЦ во моментов изнесува од 50 до 100 денари за час, додека паркирањето кај паркингот на „Домот на градежници“ чини 250 денари за час. На овој начин, ЈП ПОЦ се стреми најголем дел од овие паркинг места да ги резервира за жителите на околните згради.

Повеќе на Мета.мк.

Промовирани огласи »

Бројни работници ширум светот, особено оние кои работат во ИКТ и други „дигитализирани“ сектори, ја прифатија работата од дома во изминатата година и половина. Претходно, оваа опција беше добредојдена погодност, но со појавата на пандемијата таа стана неопходност, барем кога станува збор за перцепцијата на вработените кои ги анкетираше Microsoft во Британија.

Со овој тренд се согласуваат и експертите за човечки ресурси, кои наведуваат дека можноста за работа од дома и на работното место, позната и како хибридна работа, има позитивни ефекти врз менталното здравје на вработените.

Истата анкета, спроведена во соработка со YouGov, покажа дека 51% од вработените, кои моментално имаат можност да изберат кога да работат од дома и кога во канцеларија, се подготвени да ја сменат работата доколку оваа поволност биде прекината.

Ако се земе предвид фактот дека во Британија, но и во остатокот од светот, моментално има многу значаен бран на отпуштања и промени на работните места (тренд наречен „Great Resignation“ или „Big Quit“), можеме да дојдеме до некои заклучоци зошто милиони луѓе решиле да поднесат оставки токму сега.

Истражувањето на Microsoft дава некои одговори. Анкетираните вработени во Обединетото Кралство бараат нови работни места пред се за да добијат поголема флексибилност. Од друга страна, експертите за човечки ресурси посочуваат дека немањето хибридна опција за работа е ризично за работодавачот, бидејќи може да доведе до ситуација да не може да го задржи талентот, нивните вработени да бидат помалку продуктивни, но и да доведе до „прегорување“ на работа.

„Пандемијата покажа дека организациите можат да им веруваат на своите луѓе да бидат продуктивни, каде и да работат. Сега, според тоа, имаат можност да ја преобликуваат работата околу индивидуалните работни места, преференциите и личниот живот“, е еден од наодите на оваа студија.

Во Обединетото Кралство, речиси милион луѓе смениле работа во периодот од јули до септември оваа година, што е најголем број во последните две децении, според Националното биро за статистика. Во Германија, 6% од вработените ги сменија работните места за време на пандемијата, а слични, иако малку помалку развиени, трендови беа забележани во остатокот од Европа, вклучително и Кина. Соединетите Американски Држави се во првите редови на сè, со над 4 милиони доброволни отпуштања месечно.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »