Промовирани огласи »

Со своите напуштени продавници и речиси напуштени улици, малиот град Валандово е како многу градови во Северна Македонија кои младите ги напуштаат во голем број со надеж дека ќе најдат подобар живот во странство, започнува репортажата на „Франс Прес“, пренесена во голем број на француски медиуми, како Ле Поан, Франс24, Бурсорама итн, посветена на масовната емиграција кон запад.

Како и другите земји на Балканот, Северна Македонија се бори со алармантен демографски пад, поттикнат од масовната емиграција и стареењето на нејзините жители.

Земјата изгуби 10 отсто од населението во изминатите дваесет години, а сега има 1,8 милиони жители, според прелиминарните резултати од септемврискиот попис, 200.000 помалку отколку во последниот попис во 2002 година.

Триесет години по независноста на државата, околу 600.000 Македонци живеат во странство, покажуваат податоците на Светска банка и Владата во Скопје.

Според АФП, меѓу главните причини за ова иселување се слабиот економскиот раст и недостатокот на инвестиции.

Ако околу четвртина од вашите 2,4 милиони жители си заминале, треба да бидете сериозно загрижени за тоа што се случува, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

Селата и малите градови, како што е Валандово лоцирано на 146 километри југоисточно од Скопје, нудат малку можности за работа, притискајќи ги амбициозните луѓе да бараат работа на друго место.

Духот на младите е систематски уништен, а нивниот ентузијазам да се борат и да останат дома исчезна, изјави за АФП Перо Костадинов (33 години), неодамна избраниот градоначалник на Валандово.

Пет мои соученици се веќе во странство со своите семејства, додава Бојан Николов (24 години), член на општинскиот младински совет во Валандово, град кој преживува главно од земјоделство.

За оние кои остануваат во земјава просечната месечна плата од 470 евра едвај ги задоволува основните потреби.

Подобро да си роб за 2.000 евра во странство отколку да си дома за 300 евра, слушаме често низ земјава.

Но, Северна Македонија не е сама во оваа ситуација на Балканот, потсетува АФП

Во Албанија, околу 1,7 милиони жители, или речиси 37 отсто од населението, ја напуштиле земјата во изминатите 30 години.

Во Србија, според проценките, стотици илјади луѓе го обновиле својот живот во странство, вклучително и 10.000 лекари, кои заминале во изминатите две децении.

А членството во Европската унија не гарантира враќање на овој демографски тренд, нагласува АФП и го дава примерот со Хрватска.

Од влезот во ЕУ во 2013 година, населението на Хрватска се намали за речиси 10 отсто и моментално едвај надминува четири милиони, според првите резултати од пописот во 2021 година.

Според процените на ОН, до крајот на векот Хрватска би можела да има едвај 2,5 милиони жители.

Промовирани огласи »

Градоначалничката Данела Арсовска ќе го продолжи проектот за изградба на нов забавен парк почнат од нејзиниот претходник Петре Шилегов. Во моментов се изработува проектната документација која треба да биде готова за 2 месеци по што ќе почне постапката за партерно уредување на просторот и набавката на новите 20 реквизити.

По Нова година ќе започне уредувањето на новиот луна парк, нема да чекаме уште 4 години. Ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени, а се вклопуваат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален. Дополнително ќе се набават 20 нови реквизити како што е предвидено со проектот, рече градоначалничката Данела Арсовска.

Скопје нема забавен парк веќе 6 години.  

Извор: СДК

Промовирани огласи »

Пред 20 години, луѓето во еврозоната за првпат држеа евро банкноти и монети во своите раце. Оттогаш, еврото стана дел од нашиот идентитет и култура. Тоа гради мостови меѓу Европејците, напиша денеска Европската централна банка (ЕЦБ) на својот портал.

Вкупно 12 земји од ЕУ го усвоија еврото како своја валута на 1 јануари 2002 година, а денес го користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 земји на ЕУ, објави ЕЦБ.

Еврото стана столб на стабилноста и еднаквоста ширум светот, благодарение на вас. Стотици милиони Европејци веруваа во него, му даваа сила, доверба и го користеа секој ден, рече во видео пораката по повод 20 годишнина од еврото директорката на Европската централна банка Кристин Лагард.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека еврото е конкретен симбол на европскиот успех, како една „сигурна, динамична и солидна валута“.

Покрај сегашните 19 земји кои го користат еврото, во наредните години треба да се приклучат и Бугарија, Хрватска и Романија. Еврото падна на второто место на најбезбедни валути по доларот. Сега претставува 20 отсто од светските девизни резерви наспроти 60 отсто за доларот.

Промовирани огласи »

Цената на парното греење што ќе важи од утре, 1 јануари ќе се зголеми за 14,05 отсто за сите корисници во Градот Скопје, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас која лани просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар, а годинава на БЕГ производство  му е понудена цена од 1480 долари.

-Доколку ја вкалкулиравме ваквата цена на природниот гас во крајната цена за парното ќе требаше да има зголемување од околу 190 отсто, но тоа не е опција. Затоа се одлучивме да побараме помош од Владата, Град Скопје и скопските општини да помогнат да се надмине разликата во цената, рече Бислимовски.

Посочи дека вообичаено БЕГ давал по два милиони евра во јануари за набавка на гас, а годинава ќе треба да де 13,8 милиони евра. Разликата во цена, како што кажа, ќе ја надополнат Владата и општините на Град Скопје.

Нагласи дека е набавен гас за ЕСМ Енергетика и за топланата Скопје Север, како и за првите 15 дена од работењето на БЕГ.

Како опција, која не ја препорачува од еколошки аспекти, сите топлани можат да се префрлат на работа на мазут за само неколку дена, а БЕГ како најголем снабдувач е должен да има резерви од мазут за 15-дневно работење. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »