Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник - Внатрешен ревизор, Одделение за внатрешна ревизија

Советник инспектор - Градежен инспектор, Одделение за инспекциски надзор - Инспекторат

Помлад соработник за администрирање и утврдување на даноци, Одделение за финансиски прашања

Помлад даночен извршител за централизирани активности за наплата на долгови, Оддел за планирање и мониторинг и централизирани активности за наплата на долгови, Сектор за наплата и управување со долгови, Директорат за управување со даночни функции и развој на даночни програми, Генерална дирекција

Виш соработник за спроведување на постапките за јавни набавки, Одделение за спроведување на постапките за јавни набавки, Сектор за јавни набавки

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Државно или приватно: Кој има повеќе одмор и зошто многумина не се исклучуваат ни на плажа?

Вработените во државните институции имаат повеќе денови одмор од тие во приватниот сектор, но за 41% од испитаниците одморот не значи и целосно исклучување од работа.

Најновото истражување на Alma Career покажува дека вработените во државните институции во просек имаат 22,7 дена годишен одмор, додека оние во домашните приватни компании располагаат со 20 дена. Просекот во Македонија изнесува 20,54 дена, но многумина сметаат дека тоа не е доволно и би сакале да имаат дури 30 дена одмор годишно.

Истражувањето открива и загрижувачки тренд: 41 отсто од испитаниците велат дека за време на годишниот одмор се секогаш или често достапни за своите претпоставени. Тоа значи дека одморот за голем дел од работниците не претставува вистинско исклучување од работните обврски, туку продолжување на комуникацијата со шефовите дури и додека се на плажа.

Податоците потврдуваат дека слободното време станува сè поважен бенефит на пазарот на трудот. Дури 22 проценти од испитаниците би прифатиле дел од покачувањето на платата да го заменат за повеќе денови одмор, а уште 44 проценти велат дека би ја разгледале таа можност. Според Alma Career, дополнителните денови одмор веќе не се сметаат за луксуз, туку за неопходност за подобар баланс меѓу работата и приватниот живот.

Тагови: годишен одмор државна администрација Македонија приватен сектор

Промовирани огласи »

Нова можност за кариера, Шахтерм МК вработува!

Најнови огласи за работа во Шахтерм МК!

ШАХТЕРМ МК ДООЕЛ е компанија специјализирана за производство на висококвалитетни системи за греење и грејни елементи за бела техника и електрични апарати. Како дел од меѓународната групација SHAHTERM, компанијата носи повеќе од 40 години искуство во индустријата и претставува еден од водечките светски производители во оваа област.

Производствениот капацитет на ШАХТЕРМ МК е лоциран во Технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик во Скопје и е насочен кон примена на современи производствени технологии, високи стандарди за квалитет и континуирани иновации. Компанијата работи со светски познати производители на бела техника, меѓу кои се Whirlpool, Beko, Gorenje, Candy и Amica, обезбедувајќи производи кои ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди.

Моментални отворени позиции:

Production Planning Engineer
Quality Engineer
R&D Engineer

Доколку сте подготвени за нов професионален предизвик и сакате да ја градите својата кариера во компанија која инвестира во своите луѓе, ве покануваме да станете дел од тимот на ШАХТЕРМ МК.

Аплицирајте денес и направете го следниот чекор во вашата кариера. 

Сите останати работни позиции на KARIERA.mk мошете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ШАХТЕРМ МК ДООЕЛ

Промовирани огласи »

Од ноќеска горивата поскапи: Дизелот скокна за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари

Нови цени на горивата од полноќ: дизелот достигна 88 денари за литар, а бензините ЕУРОСУПЕР 95 и 98 ќе се продаваат по повисоки цени.

Од полноќ стапуваат на сила нови, повисоки цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека дизелот и бензините ќе се продаваат поскапо во однос на претходната одлука од 06.07.2026 година.

Според новата одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари по литар и ќе изнесува 87,00 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поскапува за 1,50 денари и ќе се продава по 89,00 денари за литар.

Најголем раст има кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), чија цена се зголемува за 5,50 денари по литар, со што новата малопродажна цена ќе изнесува 88,00 денари за литар. Одлуката ја соопшти РКЕ, а информацијата ја објави Журнал.мк.

Тагови: бензински пумпи нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »