Промовирани огласи »

Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите од реномираната компанијата WRIGLEY. Во 1999 год. Алма-М се проширува на територијата на Р.Косово со седиште во Приштина за кaде го добива правото за увоз и дистрибуција и продажба на WRIGLEY производите и за Р Косово. Во Октомври 2004 год. Aлма-М склучи договор со тогашен МобиMак денешен T-Mobile со кој се овластува да биде Master Dealer за дистрибуција и продажба на нивните производи на територијата на Р. Македонија.
Во 2005 год. градењето на партнерски однос продолжува и со компанијата Македонски Телекомуникации, сегашен Т-Home.
Во 2006 год. Алма-М стана дистрибутер на најголемата светска компанија за храна Nestle на територијата на Македонија.
Во 2010 год. ja превзема дистрибуцијата на Nestle Icecream во Македонија.

Во моментов има отворени работни места за:

Промовирани огласи »

ЈСП „Скопје“ воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз. Билетот ќе чини 120 денари и со него ќе може да се вози цел ден, објави СДК.мк.

Инаку, според ценовникот на ЈСП, ваков билет постои, но само преку електронски валидатор, а отсега ќе биде достапен и на хартија.

Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење. Го воведуваме како опција за граѓаните кои користат повеќе автобуси во текот на денот, а ќе биде од голема корист и за туристите, велат од ЈСП „Скопје“.

 Од пред една недела, јавното претпријатие ги врати ноќните линии кои беа укинати поради пандемијата на ковид-19. Автобуси после 23 часот има на линиите 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б сообраќаат секој ден, а преостанатите се во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.
 
ЈСП „Скопје“ до крајот на март ќе го врати и бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела. За реализирање на оваа мерка доби 650.000 евра субвенции од Град Скопје.

Промовирани огласи »

Задолжителна вакцинација за сите постари од 50 години е воведена во Италија. 

Бројот на заразени расте и затоа е донесена оваа одлука. Целта е да се заштитат постарите 

„Сакаме да го запреме растот на инфекциите и да ги принудиме Италијанците кои се уште не се вакцинирани“, изјави премиерот Марио Драги на седницата на Владата во средата, пренесува АП.

Претходно во текот на денот, во Италија беа потврдени 189.000 заразени. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Скопје денеска е втор најзагаден град во светот, на листата на air visual. Пред него е само Дака во Бангладеш. 

Податоците од мерните станици за квалитет на воздух на Министерството за животна средина покажуваат дека Скопје и Кавадарци утрово се најзагадени градови во Македонија. 

Овие два града се обоени со виолотева боја што укажува на многу високо загаден воздух. Високо загаден е воздухот во Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево.  Струмица, Гевгелија, Кочани и Велес се со средно загаден воздух. 

Инаку, Струмица и Тетово два дена по ред имаа екстремно загаден воздух.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »