За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите...
повеќе за компанијата »Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Алма – М ДООЕЛ
Качанички пат бр.65а, Скопје
www.alma-m.mk
е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
објавува ОГЛАС за следнaтa работнa позициja:
ОПЕРАТОР ВО КНИГОВОДСТВО
Датум на објава:
27 Декември 2021
Рок за пријавување до
9 Јануари 2022
Број на оглас:
О-211228-АД-ОК
Сектор:
Администрација
Локација:
СКОПЈЕ
Работни задачи:
- Комуникација со клучни купувачи на месечно ниво за потврдување на салда,
- Сложување на аналитички картици со купувачи по определен план за сложување.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование,
- Одлична комуникација,
- Професионално однесување,
- Организиран/а и аналитичен/а,
- Мотивирана и стабилна личност,
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
- Пожелно е поседување возачка дозвола Б – категорија, но не е задолжително,
- Пожелно е познавање на англиски јазик.
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:
[најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
- САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот од понеделник до петок.
- Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место ќе зависи од квалификациите и искуството на кандидатот.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Слични огласи »