Промовирани огласи »

Доаѓа крајот за бугарските „златни“ пасоши. Тие не дале ефект и поради нив не се отворени нови работни места во земјата, што ќе ја раздвижи економијата. 

Бугарската влада усвои закон со кој се укинуваат таканаречените „златни пасоши“, програма која дозволува државјанство во замена за големи инвестиции. Министерството за правда соопшти дека „златните пасоши“ не довеле до реални инвестиции во Бугарија.

Како што објави порталот Еурактив, бугарскиот „златен пасош“ го поседуваат 96 странци.  Најмногу го имаат Руси, а потоа следуваат државјани на земјите од Блискиот Исток.  Граѓаните на земји надвор од Европската унија добија дозвола за постојан престој во Бугарија („златна виза“) или „златен пасош“, поради инвестициите главно во купување државни хартии од вредност или банкарски депозити во земјата. Вредноста на „златната виза“ е инвестиција од 525.000 евра, а вредноста на „златниот пасош“ е 1,05 милиони евра.Во јуни 2021 година, Европската комисија ја предупреди Бугарија да ја прекине практиката на издавање пасоши за инвестиции, затоа што другите членки на Унијата имаат обврска да признаваат државјаните на трети земји како граѓани на ЕУ.

foto BGNES

Промовирани огласи »

Перцепцијата на граѓаните дека се живее потешко е поради двегодишниот удар кој влијае на економско и здравствено поле, се надоврзува и енергетскиот аспект. Тука се и потребите за задоволување на домаќинствата за храна, кадешто имаше ценовен скок, што не е производ на пазарната економија, туку на однесувањето на чинителите во пазарната економија, оцени вицепрмиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој во емисијата „Економски магазин”, на телевизијата Алсат порача дека подобрувањето на животниот стандард на граѓаните е еден од највисоките приоритети на Владата, „а тој доаѓа преку достоинствени плати за граѓаните”.

Битиќи додаде дека Владата, синдикатите и граѓанскиот сектор се на иста страна во поглед на платите, но, како што рече, енергетската криза, економската криза и политичките состојби не дозволија минималната плата да се зголеми уште лани во декември, сепак, потенцира, дека раст на минималната плата ќе има во следниот период.

Во 2016 година минимална плата беше 9.000 денари или 38 отсто од просечна, на крај на декември 2021 просечна плата е 29.145 денари, на околу 1000 денари од ветувањето за 500 евра просечна плата и покрај двегодишната кризата, а минималната плата во ноември 2021 е 15.145 денари и е на ниво од 52,2 отсто од просечната плата. И ова е еден од показателите што влијае на намалување на сиромаштијата, рече Битиќи.

За четири години, посочи вицепремиерот, уделот на минималната во просечната плата е зголемен за цели 14 процентни поени.

Ветувањето за покачување на минималната плата во програмата на владата и барањето на синдикатите за покачување на минималната плата на 18.000 денари, остануваат високи приоритети на новата Влада, но секако дека остануваме на ставот дека сите интервенции на платите треба да се извршат преку економско-социјалниот совет, односно преку дијалог со сите социјални партнери, за да имаме решенија кои се одржливи, потенцираше вицепремиерот и нагласи дека со ова покачување, минималната плата би изнесувала околу 58-59 отсто од просечната плата во земјата, што е едно од синдикалните барања и барањата на работниците.

Според него, борбата против сиромаштијата не бара само интервенции од државата, туку сеопфатен пристап. Нагласи дека во таа насока се работи на изготвување на Национална развојна стратегија, како системски документ кој треба сеопфатно да одговори како ќе се справуавме како држава со сиромаштијата, што е долгорочен процес.

Дополнително, со социјалната реформа која ја спроведовме, влијаевме за намалување на степенот на сиромаштија и ако не ја преземавме оваа реформа, сега во време на пандемија ќе зборувавме за многу поголема стапка на сиромаштија од она што е во моментов. Ние во овој момент, имаме околу 35.000 приматели на гарантиран минимален приход од 12.000 денари, наспроти околу 80.000 луѓе кои претходно добиваа социјална помош по три-четири илјади денари, со кои тешко да се поминат неколку дена. Гарантираниот минимален приход е финансиска помош за одредени категории, за да се снајдат на пазарот на трудот, станат активни баратели на работа и најдат соодветно работно место. Да не го занемаруваме и фактот дека со помош на економските мерки за помош во време на пандемијата, Владата успеа да спаси околу 60.000 работни места, што беше потврдено и од Меѓународниот монетарен фонд, посочи Битиќи.

Во однос на енергетската криза, тој потсети дека уште минатата година Владата го намали ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто, а сега ќе следуваат нови мерки, од кои првата е субвенционирање од 600 до 800 денари на месечно ниво на сметките за електрична енергија за 7.500 семејства со ниски примања. вј/сп/
Скопје, 13 јануари 2022 (МИА)

Промовирани огласи »

Јавното претпријатие „Државни патишта“ објави дека започнува следна фаза на максимално дозволена рестрикција на осветлувањето на регионалните и магистралните патишта, а дека соодветно осветлување ќе има само во тунелите.

Во насока на растеретување на енергетскиот систем од недостиг на електрична енергија во Република Северна Македонија, а согласно со Уредбата на Владата од 30 октомври 2021 година со која се предвидува минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава, која ги опфаќа и патиштата, Јавното претпријатие за државни патишта започна со рестрикција на осветлувањето на државните патишта, објави претпријатието кое ги гради и одржува автопатите и експресните патишта.Од таму додаваат дека  осветлувањето започнало со намалување уште во ноември 2021 година, но дека сега започнува нова фаза на рестрикции. 
Во време кога државата се соочува со предизвикот на решавање на енергетската криза сакаме да ја известиме јавноста дека Јавното претпријатие за државни патишта започна постапка за дополнително етапно спроведување на максимална рестрикција на осветлувањето поставено на државните патишта, притоа запазувајќи ја безбедноста на сообраќајот во ноќните часови. Рестрикции на осветлувањето нема да се вршат во тунелите на државните патишта во Република Северна Македонија, велат од ЈПДП.Преторијатието ги повикува корисниците на патиштата да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот и да бидат внимателни заради нивна безбедност и безбедоста на останатите учесници во сообраќајот.
 

Промовирани огласи »

Омикрон е опасен сој на коронавирусот. Се шири со брзина каква што светот досега не видел, велат од Светската здравствена организација(СЗО). 

Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денеска предупреди дека овој сој е опасен. 

Вели дека иако има благи симптоми, тој останува опасен вирус, особено за оние кои не се вакцинирани. 

Поголемото пренесување на вирусот значи и повеќе хоспитализации, повеќе смртни случаи, повеќе луѓе неспособни за работа, вклучувајќи ги и наставниците и здравствените работници. Исто така, постои опасност од нов сој што може да биде попренослив и смртоносен од омикронот, изјави генералниот секретар на СЗО.

Мајкл Рајан, директорот за Европа на СЗО, на истата прес-конференција изјави дека коронавирусот „не е лесна болест“, туку болест што може да се спречи со вакцини.

Омикрон доминира и во соседството. Тој се појави лани во Јужна Африка и потоа се прошири во целиот свет. 

Во светот досега од коронавирусот починаа над 5.5 милиони луѓе. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »