Промовирани огласи »

Министерот за економија, Крешник Бектеши, поканет во „Економски магазин“, синоќа на Алсат ТВ, најави зголемување на минималната плата најрано во вториот квартал од 2022 година.

Според него, минималната плата во моментов е над 15 илјади денари, додека во вториот квартал од 2022 година се очекува оваа плата да достигне 18 илјади денари.

Минималната плата е значително зголемена од 2017 до 2022 година, имајќи предвид дека минималната плата беше само 9 илјади денари. Во моментот во кој зборуваме минималната плата е над 15 илјади денари. Нашите планови се минималната плата да се зголеми на 18 илјади денари во наредниот период, но малку го продолживме рокот, со оглед дека во првиот квартал од 2022 година треба да се менаџира состојбата со енергетската криза и тоа да не биде дополнително оптоварување за компаниите во вториот квартал во 2022 година.

Доколку се исполнат сите проекции и анализи на експертите, но и на институциите, за намалување на негативното влијание од енергетската криза, тогаш во голема веројатност ќе одлучиме за зголемување на минималната плата. Во вториот квартал од 2022 година ќе се донесе одлука за зголемување на минималната плата, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Промовирани огласи »

Директните летови меѓу Софија и Скопје, договорени од премиерите на Бугарија и Македонија во вторник, ќе ги обнови матичната стартап компанија ГуливЕр, дознава Сега.

Трасата која двапати беше затворена бидејќи беше неисплатлива, всушност е дел од поголемите планови на компанијата. Уште во март минатата година, GullivAir доби официјална дозвола од американското Министерство за транспорт да оперира со чартер и редовни летови од ЕУ до САД. Во март или април годинава компанијата ќе почне да лета на директна линија Софија-Њујорк. ГуливЕр е овластен да лета директно до меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, Канада.

Во исто време, компанијата планира да започне со носење летови не само од Скопје, туку и од другите аеродроми на Балканот - Тирана и Солун за да обезбеди зафатеност од 335 седишта на нејзините три авиони Ербас А330-200, кои ќе летаат до „ Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, првично двапати неделно, во среда и петок. Така, дури и да се полупразни авионите на кратките линии од Балканот, ќе се гарантира исполнетост на директни летови преку океанот. За да имаат економска смисла во кратките летови, тие ќе се вршат со мали авиони - Гуливер има двомоторен европски АТР-72, а цената ќе биде до 50 евра.

Во моментов нема авиокомпанија која нуди директни летови од Софија до САД. Последниот директен лет на Балканот, кој полета за Њујорк, беше во 1999 година. Тогаш Федералната агенција за воздухопловство (FAA) им забрани на бугарските превозници да летаат до американските аеродроми, но во 2008 година оваа забрана беше укината.

Во моментов, GullivAir оперира само еден редовен лет - до Бургас и неколку директни чартер летови од Бугарија до далечни дестинации како што се Малдивите и Доминиканската Република.

Промовирани огласи »

Новите препораки на Светската здравствена организација се да се укине една мерка против коронавирусот, бидејќи таа не се покажала како ефикасна.

Светската здравствена организација препорача укинување на мерки кои вклучуваат ограничувањата за патување, бидејќи нема докази дека тие се ефективни во спречувањето на ширењето на омикрон соеви. СЗО наведува и дека ваквите ограничувања го попречуваат економското закрепнување на многу земји, а за некои земји треба да се размислува за укинување на доказите за вакцинација како услов за патување, поради нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцините.

СЗО реагираше на одлуката на неколку земји да ги ограничат или забранат летовите од омикронските соеви и наведе дека некои од нив треба да го преиспитаат прилагодувањето на мерките како тестирање и карантин, кои претставуваат финансиски товар за патниците. Овие мерки треба да се прилагодат „кога е соодветно“, додава СЗО.

Покрај тоа, Светската здравствена организација соопшти дека бројот на коронавирус случаи во светот се зголеми за 20 отсто минатата недела на повеќе од 18 милиони. Бројките се зголемија во сите региони на светот, освен Африка, каде што бројот на оние кои се инфицирани падна за речиси една третина, според СЗО. Бројот на смртни случаи на глобално ниво остана ист минатата недела.

Промовирани огласи »

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека во Британија се укинуваат ковид-сертфикатите за работните места по фирмите, обврската за носење маски и работата од дома.

Сите ограничувања предвидени со т.н. план Б, вклучително и носењето маски, престанува во Англија на 26 јануари, а задолжителната самоизолација за луѓето со Ковид-19 на 24 март.

Борис Џонсон најави крај на сите мерки за воведени за борба против сојот омикрон од следната недела, вклучително и задолжително носење маски во јавниот превоз и продавниците, работата од дома и вакциналните сертификати.

Од утре повеќе нема да бараме маски во училниците, а Министерството за образование наскоро ќе ги укине националните упатства за нивна употреба во заедничките простории, рече тој.

Низ целата земја, ќе продолжиме да предлагаме употреба на маски за лице во затворени простории или во преполни простори, особено кога ќе стапите во контакт со луѓе што вообичаено не ги среќавате, но ќе ѝ веруваме на проценката на Британците и повеќе нема да го криминализираме секој што ќе избере да не ги носи“.

Брзата промена на стратегијата беше протолкувана како обид на Џонсон да ги смири конзервативните пратеници кои бараат одговорност за извештаите за партиите кои го прекршиле карантинот организирајќи забави, пренесува Гардијан.

Од друга страна, некои службеници од јавното здравство се загрижени дека укинувањето на сите ограничувања во овој момент би можело да биде прерано, особено на северот на Англија, каде се уште има многу заразени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »