Промовирани огласи »

Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е една од најпрестижните дестинации за зимски и летни спортови во Република Северна Македонија, но и место за совршен фамилијарен одмор во секоја сезона  Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.  

Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим и да работиш во чиста планинска средина, аплицирај за некоја од отворените работни позиции на следните линкови: 

ДАДИЛКА 

РЕЦЕПЦИОНЕР /ГОТВАЧ /ХАУС МАЈСТОР 

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА

ШЕФ НА КУЈНА

Промовирани огласи »

На социјалната мрежа Редит е објавена карта на најубавите европски нации, а на прво место се Швеѓаните.

Мапата е резултат на истражување спроведено на Reddit, а корисниците гласале во која земја има најпривлечни луѓе. Корисниците гласале по сопствен вкус, па резултатите се многу субјективни.

На прво место се Швеѓаните со 518 бодови, потоа Французите со 134, Шпанците со 103 и Норвежаните со 100 бодови. Од земјите во регионот најдобри се Хрватите со 25 бода, а потоа Србите со 17. Интересно е што жителите на Ватикан освоиле дури 33 поени.

Истражувањето е спроведено на мал примерок од само 1926 луѓе, па тешко е да се претпостави колку се веродостојни резултатите, а и некои корисници на Редит ги доведуваат во прашање.

Источна Европа има лоша репутација на оваа мапа. Причината е веројатно тоа што земјите од Источна Европа се помалку застапени во медиумите, така што луѓето навистина не знаат како изгледаат жителите. Одете во Естонија, погледнете ги тие луѓе колку се убави , напишал еден корисник.

Како што гледам, сите го избраа спротивното. Скандинавците, на пример, ги гледаат Шпанците како егзотични и убави. Шпанците ги гледаат Скандинавците како егзотични и убави, додал друг.

Промовирани огласи »

Прашањето дали ќе биде исполнето барањето на синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари останува отворено . Синдикатот и Владата вчера се состанаа, но одлуката ќе се носи во среда на Економско-социјалниот совет на кој ќе присуствуваат и работодавачите како трета страна на социјалниот дијалог.

Од Синдикатот бараат зголемување на минималната плата веднаш и спирално зголемување на сите останати плати, а доколку не биде исполнето ова нивно барање, најавуваат штрајк, но не се исклучени и други форми на изразување незадоволство како протести и блокирање улици.

Како Сојуз на синдикати на Македонија не го прифаќаме зборот „ќе“, туку „кога“ и „колку“. Затоа сум малку револтиран од односот на нашите социјални парнери. Во среда продолжува битката за работничките права. Единствената цел е егистенцијата на работникот во оваа економска, ковид и енергетска криза, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски по вчерашната средба во Владата со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Минималната плата ќе расте, но системското решение треба да се најде низ дијалог со сите социјални партнери, велат од Владата.

Вицепремиерот Битиќи, министрите Тренчевска и Алити, во дискусијата за време на состаноците, нагласија дека минималната плата ќе продолжи да расте и системското решение ќе дојде преку дијалог со сите засегнати страни, а решението кое би било предложено секако подразбира одржливост на подолг рок за пораст на минималната плата во согласност со порастот на трошоците на живот и растот на просечните плати, наведе владината прес-служба во соопштението испратено по вчерашната средба.

Нашиот став е дека преку преговори за минималната плата во кои ќе учествуваат Владата, работодавачите и работниците со факти и аргументи треба да дојдеме до решение кое е добро за сите засегнати страни. На овие состаноци ќе го отвориме и прашањето за промена на критериумите за минималната плата, изјави Тренчевска.Синдикатот бара зголемување веднаш. Смета дека ваквото барање е егзистенцијално имајќи го предвид зголемувањето на трошоците за живот, економската и енергетската криза. Како аргумент плус го посочуваат и тоа дека две минимални плати не се доволни да ги задоволат минималните трошоци на едно семејство. Минатата недела, презентираа и анализа која покажува дека зголемувањето на минималната плата не влијае негативно на фирмите и на нивната профитабилност, туку ја зголемува мотивираноста и продуктивноста кај работниците, а со тоа позитивно влијае и врз профитабилноста на компаниите.

Промовирани огласи »

Од утре ЕУ го ограничувања важењето на ковид сертификатите. 

Во ЕУ ќе се применува правилото според кое дигиталните сертификати за вакцинација против ковид се прифаќаат во рок од 270 дена од завршувањето на примарната вакцинација.

За бустер дози, сега не постои ограничување на валидноста на адекватен сертификат во ЕУ, според Брисел.

Земјите – членки може да применуваат различни правила на национално ниво кога користат дигитални сертификати за ковид на ЕУ, но се поканети да се усогласат со правилата на ЕУ.

Од утре се на сила новите правила за кодирање на сертификатот, така што бустер дозата ќе биде заведена како 3/3 по примарната серија вакцинација со 2 дози или 2/1 по вакцинацијата со единечна доза, односно по една доза и прележување на вирусот.

Дека ќе има промени беше навестувано со месеци. Во светот над 5.6 милиони луѓе починаа од ковид. Омикрон масовно се шири во Европа. 

foto freepik.com

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »