Промовирани огласи »

И додека во некои земји како Финска, Монако и Естонија патарините не се наплаќаат, патувањето низ Франција или Италија може скапо да ве чини.

Според една британска студија која анализирала колку треба да потрошиме за патување по автопати, мостови и тунели, Французите имаат највисоки патарини во Европа, додека во земји како Финска, Естонија и Монако тие се бесплатни.

Како што пренесува „N1“, во Естонија патарина се плаќа само за возила потешки од 3,5 тони. Ако не сакате да трошите повеќе на патарини во Франција, Италија и Норвешка, ќе сакате да тргнете по споредни патишта.

На пример, ќе платите околу 3900 денариза патување од Париз до Марсеј на автопатот А6 / А7 (775 км). Италијанската рута од Милано до Неапол (773 км) чини 3774 денари, додека Норвешка е на трето место според цените на патарините.

Од Бодо до Осло треба да се издвојат околу 3248 денари. Како што стои во текстот Македонија е најисплатлива, односно од Петровац до Велес патарината е околу 150 динари (78 денари)

Кога станува збор за Србија, патарината од Суботица до Врање (531 км) за патнички возила е 1027 денари. Меѓу поевтините мостови е оној што ги поврзува Норвешка и Шведска и чини околу 131 денар, а патарината за „Great St Bernard“ во Швајцарија е околу 3.000 динари.

Според „Пун Куфер“, најевтини се тунелите Созина во Црна Гора и пристанишниот тунел во Даблин, Ирска.

Промовирани огласи »

УПОЗ, синдикатот на администрацијата, на средбата со новиот министер за администрација и информатичко општество Адмирим Алити исплата на К-15 за 2020,  право кое не го добиле, иако според нив, им следува согласно Гранскиот колективен договор. 

Синдикатот побара и во Буџетот за 2022 година да се предвидат средства за годишниот регрес. Алити, според соопштението на УПОЗ, рекол дека со ребаланс на буџетот ќе бидат обезбедни средства за исплата на регрес за годишен одмор. 
Напоменал и дека на седница на Владата ќе го покрене и прашањето за не исплатата на регресот за годишен одмор за 2020 година, со оглед што веќе се покренати тужби во граѓанскиот суд за остварување на ова право, а со цел да се спречи дополнително оштетување на буџетот со исплата на адвокатски и судски трошоци.

Промовирани огласи »

Никој не кажал дека e против она законско редовно усогласување на платата и дополнителното. Јас јасно сум кажал дека треба да се промени формулата онака како што предлагаше една од страните. А тоа што некој сака да манипулира и извртува тоа е нивна работа. Да бидеме начисто никој не е против зголемување на платите, напротив, изјави за „Топ тема“ на Телма професорот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески.

Тој додаде дека донесувањето за минималната плата можеше да биде донесено со помали тензии и со помали поделби во општеството.

Тоа е така затоа што кај нас синдикати од приватниот сектор речиси и да не постојат. Има податок дека само околу 5 % од вработените во приватниот сектор членуваат во синдикати. Доколку има синдикати кои со месеци ќе се среќаваат со работодавачите нема да доаѓаме до ултиматуми и закани, рече Славески.

Славески изјави дека кога ќе праша некој зошто нема синдикати кај приватниците, а 5 години имаме социјалдемократска влада, треба да се знае дека СДСМ ја носи вината зошто е тоа така во приватниот сектор и има вакви тензии во општеството.

Јас јавно ги прашував зошто не се усогласат со колективните договори, односно членот 8 од законот. Но, немаше одговор. Не се усогласија платите кога се зголеми платата од 12.000 на 14.500. Еве сега во моментов наставник кој има 24.000 плата треба да има 44.000 плата според коефициентот, истакна Славески.

Промовирани огласи »

Scalefocus стартува со втората сезона на онлајн настани за споделување на добрите практики во развој на софтвер ,,Tech Savvy Talks”

На серијата од настани организирана од компанијата за развој на софтвер Scalefocus, се споделуваат најновите трендови, добри практики и примери од примена на различни технологии на реални проекти за развој на софтвер.

Една од главните цели на Scalefocus е активна поддршка на развојот на ИТ заедницата во регионот. Важен чекор во оваа насока е споделувањето на искуството и добрите практики, стекнати од тимот на Scalefocus преку работата  на проекти за клиенти ширум светот - од Fortune 500 компании до брзорастечки технолошки стартапи. Токму тоа беше мотивација за компанијата да ја покрене иницијативата Tech Savvy Talks, која вклучува серија на редовни онлајн настани посветени на голем број на технологии кои се користат при развивањето на софтвер.

На настаните, дел од експертите во Scalefocus разговараат за најактуелните трендови, го споделуваат своето знаење и практичните лекции стекнати од нивното искуство. Првата сезона на Tech Savvy Talks се одржа есента и покрена голем интерес во Македонија, Бугарија, Турција, како и во неколку други земји.

Втората сезона од Tech Savvy Talks ќе започне официјално на 16 февруари со настан за Front-end технологиите. Новото издание ќе вклучува и сесии од други технички домени: NET, Quality Engineering, Data, Вештачка интелигенција и машинско учење, софтверски архитектури, Go.

„Ја започнавме иницијативата мотивирани од желбата да придонесеме во ИТ заедницата преку презентациите на нашите искусни Tech Savvy херои, кои се желни да го споделат своето знаење и практично искуство. Настаните предизвикаа голем интерес во ИТ секторот во неколку земји. Ова покажува дека Scalefocus е водечка компанија, со експертиза во повеќе технологии и стремеж за нови иновации. Мотивирани од успехот на првата сезона, со нетрпение очекуваме да зборуваме за новите теми пред ИТ заедницата“ вели Катерина Георгиева, раководител на одделот за технологија во Scalefocus.

Дознајте повеќе за новите предавања и обезбедете го вашето место на страницата Tech Savvy Talkspage во Eventbrite.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »