Промовирани огласи »

Во заедничка акција на царината и полицијата на граничниот премин Прешево спречен е обид за криумчарење на луксузен часовник „Патек Филип“, чија вредност се проценува на 115.000 евра, поради што е задржано и поршето во кое патникот пристигнал на преминот. Со тоа вкупната вредност на откриениот прекршок достигнала речиси 15 милиони денари.

Овој несекојдневен обид за криумчарење, како што пренесуваат медиумите во соседството, бил откриен вчера кога во претпладневните часови на излез од граничниот премин Прешево пристигнало „порше“ со германски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин.

Тој патувал во друштво на еден сопатник, а на прашањето дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Сепак, деталниот преглед за кој биле издвоени ги демантирал нивните тврдења.

Имено, и на левата и на десната рака на возачот биле пронајдени два скапоцени часовници „Patek Philippe – Nautilus Herren 5980 / 1R“ и „Rolex GMT Master II 40mm“, за кои сопатникот не поседувал никаква потребна документација, иако станува збор за роба од голема вредност.

Бидејќи пропуштил да ја регистрира стоката на влез во Република Србија, рачниот часовник „патек филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра е привремено задржан, а бидејќи вредноста на стоката надминува една третина од вредноста на средството за транспорт што се користело за транспорт на стоката, привремено е одземен и автомобилот „порше 911 карера 4С“.

По судската постапка која се водела по забрзана постапка бидејќи се работи за странски државјанин, прекршочниот суд во Прешево донел првостепена пресуда со која е изречена парична казна од 150.000 динари и заштитна мерка одземање на стока (рачен часовник „патек филип“ и транспортно средство „порше 911 карера“).

Доколку и по жалбената постапка не се смени одлуката на судот, и часовникот и автомобилот запленети при прекршокот ќе бидат изложени на јавна продажба во Царинарницата Ниш.

Промовирани огласи »

Ако имате план за ново вработување или пак прегледувате огласи за вработување и размислувате за промена на вашата професија KARIERA.mk е вистинското место каде може да најдете нови отворени работни места кои се актуелни во моментот.

Токму заради тоа би сакале да ве информираме за поголемиот број на компании кои регрутираат во овој период и имаат активни огласи на кои може да се пријавите со испраќање на вашето CV.

ПАВ МОТИВИ работи во партнерство со своите клиенти и комбинација на доверливи високо квалификувани кандидати со кои преку специјални извори се обидува да испорача одлични работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени позиции. Нивните мисли се насочени како најдобро да ги услужат клиентите и кандидатите, што навистина тие сакаат и како тоа најефикасно да го спроведат. Резултатот го докажуваме вклучувајќи ја најновата технологија, истакнувајќи ги старомодните односи и прилагодувајќи се на потребите на пазарот.МОТИВИ е лиценцирана агенција која поседува Лиценца А (највисок ранг на лиценца) за посредување при вработување и привремени вработувања во земјава но и надвор од неа, издадена од Министерството за труд и социјална политика.  

Мотиви во моментов за потребите на своите клиенти, е во потрага по:

РЕГРУТЕР

ПОМОШНИЦИ ВО САЛОНИТЕ НА А1 МАКЕДОНИЈА -​ СКОПЈЕ 

ПОМОШНИЦИ ВО САЛОНИТЕ НА А1 МАКЕДОНИЈА -​ КИЧЕВО 

DIGITAL TRADE ASSISTANT 

АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК 

ПЛАТЕНА ПРАКСА ВО ПИКАСА ПР

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 400 вработени. Во моментов го проширува тимот со нови колеги на следниве работни позиции:

МОНТЕР НА КЛИМИ МУЛТИСПЛИТ СИСТЕМ И ТОПЛИНСКИ ПУМПИ

РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО ТЕТОВО 

REFERENT PËR SHITJE NË TETOVË 

ПРАВНИК

Рамсторе Македонија е ланец од 29 маркети и 1 онлајн маркет “Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамсторе има изразена сензибилност за потребите на своите вработени; компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој. Стани дел од тимот на  РАМСТОР  МАКЕДОНИЈА ТУКА.

Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучува и подготвено ги пречекува сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за своите клиенти. Посветува посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекува, развива и задржува најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.  

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА - ГОСТИВАР

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa. Нептун го проширува својот тим со следниве работни позиции:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - КРИВА ПАЛАНКА

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - KАРПОШ (CITY MALL)

ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата

ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР

Axapta Masters е компанија за ИТ развој и консултантски услуги фокусирана на остриот крај на дизајнирање, управување и испорака на Microsoft Dynamics AX и CRM имплементации, развој, поддршка и услуги за надградба. Работејќи со многу клиенти од ЕУ и САД, станавме лидер во Македонија за поддршка на Microsoft Dynamics системите. Во моментов има отворени работни позиции:

BUSINESS ANALYST INTERN

HR MANAGER

SOFTWARE DEVELOPER

SOFTWARE DEVELOPER - INTERNSHIP

KAM MARKET доо е основан во Скопје во 1999 година, како трговско претпријатие кое започна со само еден маркет во Градскиот трговски центар. Називот КАМ е скратеница од презимето на основачот Гоце Камчев. КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени.
Присутни  во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.

Во моментот отворени работни позиции во КАМ МАРКЕТИ: 

РАБОТНИЦИ ЗА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ- СПРЕМАЧИ НА РОБА

РАКОВОДИТЕЛИ НА МАРКЕТ, КАСИЕРИ, ПРОДАВАЧИ- СТРУМИЦА

РАКОВОДИТЕЛ НА МАРКЕТ- РАДОВИШ

РАКОВОДИТЕЛ НА МАРКЕТ- КОЧАНИ

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

РАКОВОДИТЕЛИ НА МАРКЕТ, КАСИЕРИ, ПРОДАВАЧИ- СКОПЈЕ

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА 

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ 

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / БИТОЛА 

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / НОВО СЕЛО СТРУМИЦА

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 15 години, Quantox Technology е лидер во обезбедување иновативни, квалитетни и ефективни ИТ решенија за организации и компании од сите големини. Во Quantox ги имаме најдобрите луѓе затоа што сме посветени на вработување, развој и промовирање на разновиден талент преку нашите седум канцеларии во Србија, една во Киев и една во Скопје. Ние ги ангажираме најдобрите во ИТ-индустријата за да осигуриме дека нашите клиенти секогаш добиваат робусни, креативни и решенија отпорни на иднината. 

ПРАКСА ЗА NODE.JS DEVELOPER 

ПРАКСА ЗА NODE.JS DEVELOPER 

ПРАКСА ЗА JAVA DEVELOPER 

NODE.JS DEVELOPER 

REACT DEVELOPER 

PHP DEVELOPER

Промовирани огласи »

Со 2,3 милиони евра поддршка од ЕУ за хардверм софтвер и стручна помош, и во Македонија покрај постоечките броеви за итни случаи, во земјава во функција веќе е и бројот 112.

Со свртување на тој број за најбрзо време ќе успеете да добиете побарувана услуга од брза помош, полиција или противпожарна бригада.

Според најавите, овој број работи како едношалтерски сервис.

Фото - unsplash.com

Промовирани огласи »

Владата на Србија усвои Уредба со која пропиша максимална малопродажна цена на нафтените деривати еуро дизел и евро премиум БМБ 95 да изнесува 179 (1,52 евра), односно 171 динар (1,45 евра) за литар, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што е соопштено по седница на Владата, Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати донесена е со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период поскапеа овие деривати, што директно влијаеше на порастот на цените на сите други стоки и услуги.

Владата одлучи и сите млади државјани на Србија кои имаат меѓу 16 и 29 години во моментот на аплицирање, имаат живеалиште на територијата на Србија и валидна лична карта, кои не добиле пари со првата финансиска помош во јануари, ќе можат да аплицираат за 100 евра финансиска поддршка во периодот од 16 до 31 мај 2022 година. Од друга страна, младите кои веќе добија 100 евра финансиска поддршка на почетокот на февруари, нема да мора повторно да аплицираат, бидејќи ќе им се исплаќа автоматски.

Владата на денешната седница го усвои и Заклучокот да ги преземе сите мерки со цел да вработат 1.000 дипломирани медицински лица во здравствените установи и со тоа да овозможи непречено, ефикасно, континуирана и достапна здравствена заштита. Ова вработување се однесува на дефицитарните гранки на медицината и е во согласност со кадровските планови на здравствените установи и на Републичкиот фонд за здравствено осигурување.

Врз основа на анализата на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“, беше утврдено дека на здравствениот систем на Србија му недостигаат повеќе од 1.000 доктори на медицина, соопштија од владата.

Пред три дена и Хрватска ги замрзна цените на горивата, додека, пак, цените во Македонија од ден на ден растат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »